Реализиран Меѓународниот планинарски марш ,,Голак 2022″ - Канал 5

Реализиран Меѓународниот планинарски марш ,,Голак 2022″

 Во организација на планинарскиот спортски клуб „Голак“ викендов во Делчево се одржа традиционалниот планинарски марш „Голак 2022“.

Реализиран Меѓународниот планинарски марш ,,Голак 2022″

Маршот, како што информираше претседателот на клубот, се одржа осми пат со крајна цел до врвот Чавка.

-Маршот започна од град Делчево на 595 метри надморска висина, потоа се движевме низ месностите Ветровити Рид, Богородичка Полјана, Милосова Чешма, Стари Голак, Спортски Терени Врв Чавка и Врв Мала Чавка (Св.Пантелејмон) на 1508 метри надморска висина. Потоа се вративме по друга патека со што ја заокруживме маршрутата во вкупна должина од 24 километри, рече Чучуковски.

Во рамки на Меѓународниот планинарски марш учествуваа планинари од повеќе планинарски друштва од земјава и од Бугарија.

-Имавме учесници од повеќе планинарски друштва меѓу кои Осогово од Ќустендил и Рилски Турист од Самоков (Р.Бугарија), потоа Кожуф, Гевгелија, Бистра, Скопје, Даб, Дојран, Лисец, Штип, Национални шуми, ГОЛАК Делчево, како и планинари од Зрновци, Берово и Делчево. Голема благодарност до сите учесници, посебно на нашите членови од ПСК ,,Голак” Делчево предводени од младинците во клубот, додаде Чучуковски.

Маршот како што додаде се одвивал по идеални временски услови без проблеми по самите учесници./МИА

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Редовна дератизација, дезинфекција и дезинсекција во сите училишта во Карпош

 Лиценцирана фирма која ја ангажираше Општина Карпош, спроведе редовна акција за дезинфекција, дезинсекција и дератизација во сите основни училишта на територија на локалната самоуправа. 

Редовна дератизација, дезинфекција и дезинсекција во сите училишта во Карпош

Кабинетите, училниците, тоалетите и холовите беа соодветно третирани со цел да се обезбеди потребната заштита, безбедност и подобрување на хигиенските услови.

Во таа насока беа опфатени сите училишни простории, со цел да се обезбеди чиста и безбедна средина при одвивање на образовниот процес. Активноста овозможи целосно отстранување на штетни честички и вируси, со што се гарантира хигиенска сигурност и заштита на здравјето на учениците и наставниот кадар.

Со оваа иницијатива Општина Карпош го подигнува нивото на заштита на здравјето на учениците и наставниот кадар, сакајќи да создаде средина во која воспитно-образовниот процес ќе се одвива непречено и безбедно.

ОПШТИНА КАРПОШ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

ВМРО-ДПМНЕ: За Филипче секоја нова можност за Македонија е повод за ширење паника во јавноста

Филипче и СДС изгледа имаат проблем со се што може Македонија да ја направи помодерна, посилна и поконкурентна држава.

ВМРО-ДПМНЕ: За Филипче секоја нова можност за Македонија е повод за ширење паника во јавноста

Немаат аргументи, па за секој нов проект следува истото сценарио на создавање хаос, ширење страв и паника и обиди јавноста да се убеди дека секоја промена е закана.

Филипче повторно излезе јавно со категорични ставови за евентуалната изградба на дата-центри во Македонија, како неговото мислење само по себе да е доволен аргумент.

А можеби дополнително го нервира и фактот што иницијативата против дата-центрите во Пехчево не помина, затоа што зад неа стоеше нивен човек. Кога ни тоа не успеа, следуваше ново ширење паника во јавноста.

Македонија треба да се развива, да привлекува инвестиции, да создава модерна инфраструктура и да станува современа и богата држава. Тоа секако треба да се прави со почитување на законите, заштита на животната средина и највисоки стандарди за заштита на граѓаните.

Но за Филипче очигледно ни тоа не е доволно. Наместо факти, стручни анализи и аргументирана дебата, повторно има обиди секоја можност за развој да се претвори во нова причина за страв и паника.

На Македонија и треба развој и визија, не политичката хистерија на Венко Филипче, секогаш кога нешто може да ја направи помодерна и посилна.

ВМРО-ДПМНЕ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Русија го критикува Хашкиот суд за Младиќ

Младиќ, кој беше осуден од Хашкиот трибунал за геноцид во Сребреница и други злосторства извршени за време на војната во Босна во 1990-тите, беше во притворска болница од 2024 година.

Русија го критикува Хашкиот суд за Младиќ

Русија го критикуваше недостатокот на „непристрасност“ и „политичка мотивираност“ на Меѓународниот кривичен трибунал за поранешна Југославија (МКТЈ) и неговиот наследник за одбивањето да го ослободат поранешниот воен командант на босанските Срби Ратко Младиќ, кој почина вчера, од здравствени причини.

„Намерното непочитување на основните правила за непристрасност и фер третман на осудените лица, од политички причини, засекогаш ќе остане врежано во неславното „наследство“ на Меѓународниот механизам“, изјави руското Министерство за надворешни работи, по објавувањето на смртта на Младиќ во Хаг, каде што ја отслужуваше казната.

Барањата за лекување во Србија се одбиени

Младиќ, кој беше осуден од Хашкиот трибунал за геноцид во Сребреница и други злосторства извршени за време на војната во Босна во 1990-тите, беше во притворска болница од 2024 година и примаше палијативна нега поради неговата сериозна здравствена состојба.

Наследникот на Хашкиот трибунал постојано ги отфрла барањата Младиќ да биде привремено ослободен на лекување во Србија.

Извор: Индекс.хр

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер