Одземено возило „Порше“ – лишен од слобода возач од Република Србија кој управувал со 188 километри на час
2Одземено возило „Порше“ – лишен од слобода возач од Република Србија кој управувал со 188 километри на час
МакедонијаРеакција на „Независните за Карпош - За заштита на Карпош"Реакција на „Независните за Карпош - За заштита на Карпош" по повод соопштението на општина Карпош за изгласување на ДУП во заштитната зона на Аквадуктот на вонредна седница.Мнозинството од Советот на општина Карпош, 13 советници од владејачката коалиција на СДСМ, вчера на вонредна седница ги оправдаа причините за носење на ДУП на вонредна седница и го изгласаа деталниот урбанистички план за ССИ 03, блок 07, кој во целост се наоѓа во заштитната контакт зона на Аквадуктот, споменик на културно наследство од исклучително значење. На само четири дена пред избори, изгласаа ДУП кој во целост се протега во заштитната зона на Аквадуктот, споменик кој се наоѓа на територија на општина Карпош, без дискусија, зошто седницата ВОНРЕДНА. Правен основ за свикување на вонредна седница за да се изгласа еден ДУП, НЕМА. Според Статутот на општина Карпош, вонредна седница се свикува за прашања од значење за безбедноста и сигурноста на граѓаните и во случаи на вонредни околности. Во случајов, ниту се работи за безбедноста и сигурноста на граѓаните, ниту пак наведената причина за вонредноста на носење на овој ДУП, постапката на експропријација на земјиште во општина Бутел е вонредна околност. Она што ниту надлежните во општината од секторот за урбанизам, ниту од комисијата за урбанизам, ниту градоначалникот, ниту советниците не го кажаа, е дека ДУПов што вчера без никаков приговор го донесоа, има редица недоследности, каде просечниот процент на изграденост за домување е два пати поголем од дозволениот, планираното користење на вода за пиење е за четири пати поголемо од максимално дозволеното, исто како и количината на отпадна фекална вода, површината со Б намена за комерцијални и деловни објекти е поголема од дозволената, режимот на заштита во контакната зона забранува да се градат индустриски или слични капацитети и да се воведуваат намени што придонесуваат за присуство на разни форми на загадување или предизвикуваат бучава и вибрации, и го нарушуваат интегритетот на заштитеното подрачје, но планот содржи индустриски објекти и големи трговски единици на огромна површина. Дополнително, јавните презентации за овој ДУП се одвиваа со физичко присуство во затворен простор за време на ковид-19 пандемијата и ниту еден граѓанин не присуствувал. Седниците на Советот веднаш ги префрлија онлајн на платформата Зум, но јавните презентации наменети за граѓаните за време на пандемијата ги оставија да се одвиваат со физичко присуство во затворен простор, спротивно на здравствените препораки. Исто како што не овозможија онлајн вклучување на граѓаните на седниците на Советот, кои според закон се јавни, па сме принудени да одиме во затворени простории и физички да ја следиме онлајн седницата таму, под надзор и немаме право на збор. Вонредната седница вчера беше само јаготката на врвот од тортата на нетранспарентност, создавање на невозможни услови за вклучување на граѓаните и носење на несоодветни урбанистички планови, и претставува чиста злоупотреба. Поради сите овие причини бараме, планот по најитна постапка да се суспендира, градоначалникот Богов со иста леснотија со која ја злоупотреби вонредноста на околностите за носење на овој ДУП, да го стори тоа на вонредна седница и го побара од општина Бутел истото и планот да се усогласи со утврдениот режим на заштита на Аквадуктот и регулацискиот план.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаСДСМ: Нова козметичка операција на тендер коалицијата наречена „реконструкција на Владата“Организирната криминална група ВМРО и ЗНАМ, тендер коалиција, ќе одржат средба за реконструкција на Владата.Нова козметичка операција на тендер коалицијата која веќе две години ја држи Македонија во економски и политички колапс. Наместо вистински реформи и одговорност, добиваме само шминка на Владата и мачкање очи на народот. ЗНАМ, партија која практично престана да постои, која изгуби пратеник, советници и која се распаѓа пред очите на јавноста, сега излегува со став дека се „задоволни од работењето на нивните функционери“. Прашањето е едноставно: Кој работи во ЗНАМ кога таму повеќе нема никого? Единственото нешто што ЗНАМ и нивните кадри одлично го работат во изминативе две години се тендерите и парцелите. Тендери за свои блиски, тендери за советници, парцели со земјиште, тендери без контрола и без одговорност. Сè друго - од економија, до европски пат, е целосен неуспех. Наместо реконструкција која ќе значи промена, добиваме театарска претстава во која Мицкоски и неговите сателити се обидуваат да ја продолжат истата политика на долгови, сиромаштија и изолација. Граѓаните не сакаат нова шминика. Сакаат вистинска одговорност и вистински резултати. СДСМТагови: СДСМ Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаОдземено возило „Порше“ – лишен од слобода возач од Република Србија кој управувал со 188 километри на часПоради сторениот прекршок, возилото е одземено, лицето е лишено од слобода и задржано во полициска станица за понатамошна постапка.На 18.06.2026 во 18:20 часот, на автопатот Куманово–Скопје, кај клучката „Рафинерија“, полициски службеници од Мобилната единица за безбедност на сообраќајот на патиштата при Секторот за сообраќајни работи го лишиле од слобода Б.С.(30) од Република Србија. При контрола во патниот сообраќај, извршена со радар, полициските службеници сопреле патничко моторно возило „Порше“ со српски регистарски ознаки, управувано од Б.С. По извршеното мерење било констатирано дека возачот се движел со брзина од 188 километри на час, на делница каде што со сообраќаен знак максимално дозволената брзина е ограничена на 100 километри на час. Поради сторениот прекршок, возилото е одземено, лицето е лишено од слобода и задржано во полициска станица за понатамошна постапка. Управувањето со моторни возила со брзина поголема од пропишаната претставува една од главните причини за случување сообраќајни незгоди, кои често резултираат со тешки последици по здравјето и животот на граѓаните. Министерството за внатрешни работи апелира до сите учесници во сообраќајот доследно да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и со одговорно однесување заеднички да придонесат за побезбедни патишта.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МетеоДенес сончево и топло со мала до умерена облачностВремето денес ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност. Во попладневните часови наместа ќе има услови за појава на краткотраен пороен дожд и грмежи. Ќе дува слаб до умерен северен ветер. Минималната температура ќе биде во интервал од 7 до 16, а максималната ќе достигне од 27 до 33 степени. Во Скопје, сончево и топло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 15, а максималната ќе достигне до 32 степена. До средината на следната седмица времето претпладне ќе биде сончево и потопло со променлива облачност. Поради големата енергија во атмосферата, во попладневните часови ќе има услови за локална појава на краткотрајно невреме, особено во планинските и југоисточните делови од државата. Ќе дува умерен ветер претежно од северен правец.Тагови: Сончево и топло Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter