Рамиз Алимовиќ во својот животен век изработил над 1000 тапани, тарабуки и дајриња - Канал 5

Рамиз Алимовиќ во својот животен век изработил над 1000 тапани, тарабуки и дајриња

Кичевскиот тапанџија Рамиз Алимовиќ паралелно со свирката, до совршенство го совладал и производството на тапани и во тој поглед е еден од најпознатите мајстори во земјава. 

Рамиз Алимовиќ во својот животен век изработил над 1000 тапани, тарабуки и дајриња

Како што вели самиот во изминатите повеќе од 50 години изработил над 1000 тапани, тарабуки и дајриња.

Покрај за сопствени потреби мајстор Рамиз почнал да изработува тарабуки, дајриња и тапани и за продажба и набрзо се афирмирал во сите градови во земјава. Порачки пристигнувале од сите страни и од наши печалбари од странство. Тој се осврна на неговите почетоци како мајстор за тапани и други инструменти…

– Пред повеќе од 50 години најпрво почнав со изработка на тарабуки за своја потреба, а подоцна да изработувам и тапани. Се афирмирав во цела земја. За изработка на еден тапан ми беше потребна јарешка кожа и штица од орев со дебелина од осум милиметри, должина од 1,40 метри и широчина на штицата од 43 сантиметри, која лесно се обликува. Покрај од орев, за оваа потреба може да се користи и штица од костен, вели за своите почетоци мајстор Рамиз Алимовиќ.

Тој го истакна процесот на производство и времето што му е потребно за изработка на еден инструмент, го нагласи и периодот за изработка на еден инструмент и цената што треба да ја плати секој што нарачал тапан, дајре или тарабука.

– За производство на еден тапан со стандардна големина ми се потребни четири – пет дена додека малите тапанчиња ги изработувам за ден до два. Покрај тапани и тарабуки последните петнаесетина години почнав да изработувам и дајриња. Цената на еден тапан се движи околу 150 евра, додека едно дајре го продавам по 600-700 денари, вели мајсторот, додавајќи дека цената на материјалите е зголемена, а тоа ќе предизвика и поскапување и на неговиот производ.

Подвлекува дека во текот на годината побарувачката се разликува од лето кога е најголема ,до зима кога е минимална.

– Продажбата на тапани е нешто поголема во летниот период кога има најмногу свадби, додека во преостанатиот дел од годината продажбата е намалена, поготово тоа се однесува на зимата, додава мајстор Алимовиќ.

Загрижен е за иднината на овој занает бидејќи никој во потесното семејство, вели, нема интерес да го продолжи овој занает и покрај неговата нескриена желба тоа да го сторат неговиот син или внук.

Мајсторот посочи дека најголемата промена во призводсвото на овие инструменти се материјалите од кои се изработуваат и се повеќе од природни се употребуваат синтетички материјали.

– Времињата се менуваат, а со тоа и материјалите што се користат за изработка на тапани. Последните десетина години покрај од природни материјали за изработка на тапани се повеќе се користи пластика која ја заменува кожата.Постарите свирачи преферираат тапани од јарешка кожа, додека помладите тапанџии се повеќе ги користат тапаните од пластика, која според нив, произведува посилен звук, нагласи мајсторот за тапани.

Тој е последниот мајстор кој изработува вакви инструменти во Кичево. /МИА

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Јанчев: Сите служби на терен - продолжува санацијата по вчерашното невреме

По силното невреме кое синоќа го зафати Кавадарци и дел од населените места во општината, уште од раните утрински часови сите расположливи служби, екипи и ресурси се целосно мобилизирани и на терен.

Јанчев: Сите служби на терен - продолжува санацијата по вчерашното невреме

Во моментов се ангажирани над 70 лица и околу 30 возила и механизација, меѓу кои цистерни, возила за собирање и транспорт на отпад, комунална и друга механизација, со која се интервенира на повеќе локации истовремено.

Во координираната акција се вклучени Општина Кавадарци преку „Мој Општинар“, ЈП „Комуналец“, ТППЕ Кавадарци, Дирекцијата за заштита и спасување, Министерството за внатрешни работи – СВР Кавадарци, како и останатите надлежни служби и екипи кои се ставени во функција за справување со последиците од невремето.

Во текот на денот се работи на испумпување на надојдената вода, перење и темелно чистење на улици, тротоари и јавни површини, отстранување на кал, наноси, отпад и паднати гранки, расчистување на коловози, отстранување на пречки, како и санирање на оштетувањата и дефектите предизвикани од невремето.

Посебно внимание се посветува на критичните точки, сообраќајниците, јавните површини, објектите и локациите каде што постои ризик за безбедноста на граѓаните, а екипите постапуваат според приоритет и степен на итност.

Паралелно со интервенциите во градот, екипи и механизација се упатени и во селските средини. Се работи на расчистување на локалните патишта и улици, отстранување на наноси и отпад и санирање на последиците на погодените локации. Работата продолжува со засилен интензитет и планот е до утре да бидат опфатени и расчистени сите пријавени критични точки и во селските средини.

Во следниот период ќе продолжиме со детална проверка на состојбата на терен, повторно чистење и перење таму каде што е потребно, отстранување на преостанатиот отпад и материјал од невремето, како и постапување по сите нови пријави од граѓаните.

Нашата обврска е да реагираме брзо, но и темелно. Не е доволно само да се отстрани водата или наносот – секоја локација мора да биде исчистена, исперена и доведена во состојба што ќе овозможи безбедно и нормално користење.

Затоа, работата нема да заврши со денешниот ден. Таму каде што ќе биде потребно, интервенциите ќе продолжат и во наредните денови, се до целосно отстранување на последиците.

Сакам да упатам голема благодарност до сите луѓе кои од синоќа се ангажирани – до пожарникарите, комуналните работници, екипите на „Мој Општинар“, припадниците на Дирекцијата за заштита и спасување, Полицијата, како и до сите останати вработени и служби кои без прекин се на терен. Благодарност и до сите граѓани кои со своите пријави и соработка ни помагаат побрзо да ги лоцираме проблемите.

Апелираме до граѓаните за трпение и разбирање, особено додека траат интервенциите. Ве замолуваме да не ги попречувате екипите и механизацијата на терен и да бидете внимателни на местата каде што сè уште се работи.

Состојбата се следи постојано, а Општината и сите надлежни служби остануваат целосно мобилизирани.

Ќе продолжиме да работиме организирано, координирано и без прекин – се додека последиците од невремето не бидат целосно санирани.

Кавадарци и сите наши населени места заслужуваат брза, сериозна и одговорна реакција.

Сите сме на терен. Продолжуваме да работиме, објави на ФБ градоначалникот на Кавадарци, Митко Јанчев.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Николоски: Инвестираме за почисти и поуредни општини

Со донација од Министерството за транспорт и Светска банка во вредност од 4,2 милиони евра, обезбедени се 49 специјализирани возила и механизација за одржување на комуналната хигиена.

Николоски: Инвестираме за почисти и поуредни општини

Со донација од Министерството за транспорт и Светска банка во вредност од 4,2 милиони евра, обезбедени се 49 специјализирани возила и механизација за одржување на комуналната хигиена, напиша на својот фејсбук профил заменик претседателот на Владата и министер за транспорт, Александар Николоски и објави видео од возилата.

Опремата е наменета за општините и планските региони, со цел подобро, и навремено одржување на јавните површини и комуналната инфраструктура.

Се набавија возила за:

Скопје и Скопскиот плански регион

Куманово и Североисточниот плански регион

Прилеп

Струмица

Штип

Охрид

Тетово

Неготино

Кичево

Дебар

Велес

За почисти општини и подобри услуги за граѓаните - објави Николоски.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Тешка повреда на натпревар меѓу Србија и Грција- одбојкарките плачат (ВИДЕО)

Тешки повреди и болни крици го одбележаа четвртфиналниот натпревар помеѓу грчките и српските репрезентации на Европското првенство во одбојка за жени во Брно. 

Тешка повреда на натпревар меѓу Србија и Грција- одбојкарките плачат (ВИДЕО)

Србија победи со 3:0 (25:14, 25:20, 25:17) и се пласираше меѓу последните четири на турнирот, а по таа игра социјалните мрежи беа преплавени со видео од повредата на грчката претставничка Георгија Ангелопулу (21).

Тоа се случи на почетокот на вториот сет и по судир со соиграчка. Младата одбојкарка падна на подот со болни крици, по што медицинската служба влезе на теренот за да ѝ помогне. Нејзините соиграчки, како и нејзините сопернички, беа видливо потресени.

Не можеше да ја продолжи играта

Некои од нив не можеа да ги задржат солзите додека ја гледаа Ангелопулу, која не можеше да ја продолжи играта и мораше да го напушти теренот. Во исто време, противничките на српската репрезентација се држеа за главите, а публиката на трибините гледаше во шок.

Србија до пласманот во осмото полуфинале на Европското првенство ја предводеа Тијана Бошковиќ со 17 поени, Александра Узелац со 15 и Бранка Тица со 12 поени. За Грција, Елпида Тикманиду и Марта Антули постигнаа по девет поени.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер