Работниците на Фолксваген се затворени во фабрика- играат карти и гледаат филмови (ВИДЕО) - Канал 5

Работниците на Фолксваген се затворени во фабрика- играат карти и гледаат филмови (ВИДЕО)

Кинеските работници се подготвени за радикални мерки за спречување на прекини во производството.

Работниците на Фолксваген се затворени во фабрика- играат карти и гледаат филмови (ВИДЕО)

Кина е позната по ригорозните мерки за борба против ширењето на коронавирусот. Поради зголемениот број заболени цели градови, па дури и региони се ставени во карантин. За фабриките да не престанат со работа во вакви случаи, се влегува во посебен режим во кој работниците остануваат затворени во погонот и спијат на под.

Џенерал Моторс е првиот што ја воведе оваа практика кон крајот на минатиот месец, а сега ја презедоа други како Фолксваген и неговата фабрика во Шангај. Меѓутоа, сега залихите се исцрпени, а карантинот е затегнат, па производството е запрено, но работниците сè уште не можат да си одат дома.

Затоа, им е организиран повеќе или помалку нормален живот во фабриката. Така во 10 часот се шетаат низ фабриката, ручекот и одморот се од 11 до 13 часот, а попладне се организираат кардио тренинзи и дружења со кино и игри со карти. Крајот на денот вклучува вечера, туширање и филмска вечер. Секако, секое утро се тестираат за коронавирус, пишува Bloomberg News.

Да потсетиме, фабриката на Tesla во Шангај е затворена од 28 март, а стопирано е и производството на фабриката FAW во провинцијата Џилиан. Производителите проценуваат дека заклучувањето ќе ги чини пад на производството за 20 проценти. Bosch објави дека затворил две фабрики, а во преостанатите две производството работи по споменатиот систем каде работниците се затворени во фабриката. Иста е ситуацијата и во фабриката на GM, каде што се склопуваат моделите на Шевролет, Бјуик и Кадилак.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Средба на министерот Муцунски со претседавачот на ОБСЕ, Касис

Унапредувањето на билатералните односи, економската и развојната соработка, како и европската перспектива на Македонија беа во фокусот на средбата.

Средба на министерот Муцунски со претседавачот на ОБСЕ, Касис

Унапредувањето на билатералните односи, економската и развојната соработка, како и европската перспектива на Македонија беа во фокусот на средбата меѓу министерот за надворешни работи Тимчо Муцунски и швајцарскиот министер за надворешни работи, Ињацио Касис, кој е и актуелен претседавач со ОБСЕ.

На средбата двајцата министри разговарале за можностите за натамошно унапредување на политичките, економските и развојните односи меѓу двете земји, како и за континуираната швајцарска поддршка во областа на развојната соработка.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

ССМ: Со документарецот „Живот до први“ ќе ги будиме пратениците

Во организација на ССМ денеска се прикажа документарен филм „До први“ еден пратеник, една минимална плата каде се потикнува да видат пратениците како е да се живее со минималец..

ССМ: Со документарецот „Живот до први“ ќе ги будиме пратениците

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Стојаноски: Растот на нискоградбата е потврда за засилените инфраструктурни инвестиции и реализацијата на капиталните проекти

ПАТИШТАТА, МОСТОВИТЕ И КОРИДОРИТЕ ЈА ПОКАЖУВААТ РАЗЛИКАТА !

Стојаноски: Растот на нискоградбата е потврда за засилените инфраструктурни инвестиции и реализацијата на капиталните проекти

Бројките за нискоградбата покажуваат силна промена во динамиката на инфраструктурните работи.

Овие бројки го докажуваат реализирањето на проектите.

Во анализираните 8 квартали од јули 2024 до јуни 2026 на владата на ВМРО - ДПМНЕ, просечната реална годишна стапка изнесува +26,1%.

Во споредбениот период од претходните 29 квартали влада на ДУИ/СДСМ просекот изнесува -3,2%.

Значи споредуваме 2 со 7 години.

Тоа е разлика од дури 29,3 процентни поени !

Според методолошкото објаснување на Државниот завод за статистика нискоградба е градежна работа на објекти кои „со својот главен дел се наоѓаат на површината на земјата или во земјата“.

Нискоградбата значи патишта, автопати, мостови, тунели и крупна инфраструктура – инвестиции што остануваат и создаваат услови за побрз економски развој.

Затоа овие бројки не се само статистика.

Зад нив стојат конкретни проекти, активни градилишта и нова инфраструктура.

Кога се гради инфраструктура – се гради иднината на Македонија.

Линк од фб објава:

https://www.facebook.com/share/p/1Hgzuc9hzg/

Со почит,

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер