МФ: Владата го усвои Дополнетиот ребаланс на Буџетот за 2026 година – Ќе се достави до Собранието на усвојување
2МФ: Владата го усвои Дополнетиот ребаланс на Буџетот за 2026 година – Ќе се достави до Собранието на усвојување
СветПутин подготвуватим од искусни дипломати за преговори со Трамп за УкраинаРускиот претседател Владимир Путин екипира тим од искусни дипломати за преговори со тимот на Доналд Трамп за можниот договор за ставање крај на војната во Украина.Рускиот лидер Владимир Путин составува тим од искусни преговарачи со децениско искуство во дипломатијата на високо ниво за да се вклучат во преговори со претставници на американскиот претседател, кој се обидува да посредува за договор за ставање крај на војната во Украина. Неименувани извори открија дека во преговарачкиот тим на рускиот претседател се Јуриј Ушаков, главниот советник за надворешна политика на Кремљ и Сергеј Наришкин, највисокиот разузнавач на Путин кој служел со него во КГБ, пишува Блумберг, а пренесува „European Justice“. Потоа Кирил Дмитриев, финансиер образован на Стенфорд и Харвард, со врски со семејството на лидерот на Кремљ, може да игра клучна улога како неформален канал за комуникација со преговарачите на Трамп. 77- годишниот Ушаков беше помошник на Путин повеќе од една деценија и беше руски амбасадор во САД од 1998 до 2008 година, стекнувајќи длабоко знаење за тоа како да преговара со Вашингтон. Седум години помладиот Нарашкин е долгогодишен доверлив човек на рускиот лидер и работи со него повеќе од четири децении. Синоќа тој им изјави на новинарите дека Кремљ веќе им наложил на руските разузнавачки служби да ја обноват соработката со нивните американски колеги по телефонскиот разговор на Трамп со Путин еден ден претходно. И Ушаков и Нарашкин инаку беа вклучени во преговорите за примирје со Украина веднаш откако Русија ја започна својата целосна инвазија во 2022 година. А Кирил Дмитриев неодамна беше вклучен во преговорите за ослободување на американскиот учител Марк Фогел од руски затвор.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаСудење за Ѓоко Велков - изведување на материјалните докази и вештачењето од претходното рочиштеДНК и финансиското вештачење на апелацискиот судија Ѓоко Ристов и денеска не стигнаа во судница. Неговата одбрана тврди дека финансиското вештачење кое наскоро треба да се подготви, ќе покаже дека неговите родители е сосема можно да заработиле 975 илјади евра а со тоа да ги поседуваат и 350те илјади евра кои при претресот биле пронајдени заѕидани во семејниот дом во Неготино. Адвокатот Звонко Давидовиќ презентираше правно мислење на универзитетскиот професор Гордан Калајџиев со кое ја оспорува правната квалификација на обвинението, според кое, Ѓоко Ристов не може да биде опфатен со законското битие на кривичното дело кое му се става на товар. -Правното мислење е по однос на правната квалификација онака како и што почна предметот, па некако се подазборави во текот на постапката каде што одбраната тврди и се уште тврди, дека судија не може да биде обвинет опфатен со законско битие на ова кривично дело, бидејќи истото се однесува на службено или овластено лице, јавно претпртијатие, јавна установа или правно лице кое располага со државен капитал. Ништо од тоа не е судот. – Звонко Давидовиќ – Адвокат Обвинителката Искра Хаџи Василева пак смета дека правното мислење нема доказна тежина и дека судот треба да одлучува врз основа на фактите и доказите изведени во постапката. Таа посочи дека со овие мислења се критикува постојната одредба од Кривичниот законик, која, како што рече, била усвоена во рамки на усогласувањето на македонското законодавство со меѓународните конвенции за борба против корупцијата. -Модерно, ќе си дозволам, стана да се даваат на некои судења, но во суштина тоа го симнува нивото на правната култура кај нас, бидејќи земено правно и професионално тие немаат никаква тежина и значење. Судот го обврзуваат фактите и доказите изведени на рочиште. Правните мислења дадени како нечиј авторитет навистина не го обврзуваат судот и навистина е несериозно да се воопшто користат овој тип на докази кои во суштина и не се докази. И не можат да бидат докази. – Искра Хџи Василева – Обвинител во ОЈО ГОКК На изјавата на обвинителката Хаџи Василева реагираше професорот Калајџиев кој во објава на социјалните мрежи напиша: -Тешки зборови употребила обвинителката за некој што иʼ бил учител и творец на законот по кој што работи, што зборува повеќе за неа отколку за мене. Следно рочиште за случајот е закажано за 20 ноември. Тагови: Ѓоко Ристов Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаМФ: Владата го усвои Дополнетиот ребаланс на Буџетот за 2026 година – Ќе се достави до Собранието на усвојувањеВладата денеска на седница го усвои Дополнетиот Предлог-ребаланс на Буџетот за 2026 година во кој се вградени одредени реалокации.Дополнетиот предлог се усвојува по завршување на расправата во матичната собраниска Комисија за финансирање и буџет и повторно ќе се достави во Собранието за усвојување на пленарна седница. Со Дополнетиот ребаланс се направени реалокации помеѓу буџетските корисници со цел усогласување на реализацијата со планираните износи до крајот на годината и реализација на приоритетни исплати. Со предложените измени, вкупните приходи се проектирани на 374,2 милијарди денари, што е за околу 5,3 милијарди денари помалку во однос на претходните проекции. Вкупните расходи се намалуваат за истиот износ и се планирани на 420,5 милијарди денари. Буџетскиот дефицит останува на ниво од 46,3 милијарди денари, односно 3,9% од БДП. Проекцијата за економскиот раст со предложениот Ребаланс за 2026 година изнесува 4,3%. Предложените измени и дополнувања на Буџетот за 2026 година се со цел усогласување со новите економски услови, остварувањата во текот на годината и реалната динамика на реализација на расходите.Тагови: МФ Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиНародната банка воведе тримесечна привремена администрација во Алта банка15:08Тројца вработени во Народната банка се именувани за администратори на Алта банка 11:00Драматично пред затворените експозитури на „Алта банка“: Битолчани бараат да влезат внатре и да си ги земат парите15:00Уапсен Давор Мацура: Полицијата повеќе од 30 часа ја пребарувала банката11:39Вториот круг од вонредните локални избори во Општина Брвеница помина без инциденти10:38
Драматично пред затворените експозитури на „Алта банка“: Битолчани бараат да влезат внатре и да си ги земат парите15:00
ЗдравјеНов случај на морбили кај невакцинирано дете од СкопјеУште едно дете на една ипол година од Скопје кое нема примено МРП вакцина е потврдено на морбили.Уште едно дете на една ипол година од Скопје кое нема примено МРП вакцина е потврдено на морбили, но вкупниот број од 5 случаи досега, од кои еден е 45 годишен странец, а три бебиња под 12 месеци се од Велес, Штип и Скопје, не се аларм за прогласување на епидемија, потенцираат здравствените власти. Сепак, според Министерот Сашо Клековски ова е момент за поголема свесност кај граѓаните, бидејќи за разлика од возрасните, бебињата под една година не смеат да се имунизираат. Досегашните епидемиолошки анкети покажале поврзаност помеѓу случаите, контактот со првиот случај настанал во болница. -Лично не верувам во присилни мерки бидејќи тие само го зголемуваат отпорот кон вакцинирањето. Секој еден треба за себе и за своите блиски да провери дали има две дози на вакцина или пак прележал. Во мојот конкретен случај јас имам прележано и тоа прилично трешко и затоа препорачувам сите да се вакцинираат. Ако се појават тие знаци што се типични за сипаница да не одат на доктор туку да се јават, бидејќи ова е еден од најзаразните вируси и опстојува два часа заразноста во воздухот, па престој на заразени лица во чекална или во ходници на здравствени установи е значаен ризик за настанување на епидемија,- - Сашо Клековски – министер за здравство. Од канцеларијата на СЗО во Македонија велат дека и покрај дебатите за МРП вакцината, треба да и се верува на науката. Оттаму сметаат дека опфатот на имунизација е низок и треба да се зголеми за да се избегнат епидемии. -Знам дека има многу дебати, но науката вели дека вакцината ги заштитува децата, и тоа сметам дека е првото нешто за кое граѓаните треба да се свесни. Родителите ја имаат клучната улога. Второ, бремените жени треба да бидат заштитени од рубеола бидејќи знаме дека тоа може да доведе до конгенитални малформации кај бебињата (вродени аномалии). Препораката на Светската здравствена организација е да го зголемиме нивото на вакцинација во земјата,- - д-р Аким Али - претставник и раководител на канцеларијата на СЗО во Македонија. Морбилите повторно се шират со посилен интензитет во регионот. Во делови од Бугарија и Косово се прогласени епидемии поради стотици заразени. Намалениот опфат со вакцинација кој кај нас е околу 60% не проблем само за балканот, туку и во светот. Колку сериозни можат да бидат последиците покажува и последниот случај во американската држава Њујорк, каде што по повеќе од триесет години е регистриран прв смртен случај од морбили кај бебе. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиНародната банка воведе тримесечна привремена администрација во Алта банка15:08Тројца вработени во Народната банка се именувани за администратори на Алта банка 11:00Драматично пред затворените експозитури на „Алта банка“: Битолчани бараат да влезат внатре и да си ги земат парите15:00Уапсен Давор Мацура: Полицијата повеќе од 30 часа ја пребарувала банката11:39Вториот круг од вонредните локални избори во Општина Брвеница помина без инциденти10:38
Драматично пред затворените експозитури на „Алта банка“: Битолчани бараат да влезат внатре и да си ги земат парите15:00