Тошковски: По повеќе од 15 години запуштеност и негрижа, базенот во Полициската академија во Идризово повторно е во функција
1Тошковски: По повеќе од 15 години запуштеност и негрижа, базенот во Полициската академија во Идризово повторно е во функција
МакедонијаКонтроверзни ставови на Петар Богојески за „машки надзор“ во бракот и семејното насилствоНа сопругот му е задача и обврска да врши „машки надзор“ во бракот...Овој контроверзен став на претседателот на Македонски концепт Петар Богојески покрена бура од реакции во јавноста, а остри осуди пристигнаа и од политичките партии, новинари, невладини оргазации. Неговите тези за тоа како треба да функционираат односите меѓу мажите и жените ги објаснуваше синоќа во телевизиско гостување во кое дебатираше со адвокатката Катерина Котеска на тема за македонските семејства, насилствата и разводите... -Феминизмот е тој кој жените ги направи да се однесуваат на неадекватен начин и да отфрлат било каков машки надзор. – Кој да ми врши надзор? Сопругот. – Зошто да ми врши надзор? – Зашто тоа му е задача. / Дали е насилство изневерувањето од сопругата? Или е насилство реакцијата на сопругот на фактичката состојба? Тоа неговото не е насилство. - Петар Богојески – претседател на „Македонски концепт“ Денеска Богојески се дообјаснува на фејсбук. Се закани со тужби кон новинари бидејќи се ваделе заклучоци само врз база на кратки исечоци од емисијата, но останува на ставот дека феминизмот е лош за жените. Новинарот Бранко Героски во изјава за Канал 5 вели дека нема простор за релативизирање и најмалку што може да стори по скандалозните тези е да се извини на јавноста. -Во неколку последователни настапи, особено последните два, манифестира сериозен говор на омраза. Дефинитивно станува збор за катастрофални изјави, нема тука многу што да се дообјаснува. Јас очекувам што побрзо да се повлече и да се извини на јавноста, пред се на жените. Ова е под секакво достоинство, под секое ниво на општа култура на еден човек кој е истовремено и професор, политичар, партиски лидер, коалициски партнер на Владата.– Бранко Героски – новинар Понижувачки, ретроградни и опасни се зборовите на Богојески, оценува портпаролката на Владата од ВМРО-ДПМНЕ Марија Митева која на социјалните мрежи напиша дека е згрозена од искажаните ставови. Да се зборува за жената како за личност на која ѝ е потребен надзор е недозволиво. Најстрашно, во неговите изјави се релативизира насилството во партнерските односи и тоа е опасно и заслужува најостра јавна осуда. Како претседателка на Унијата на жени на ВМРО-ДПМНЕ, но пред сè како жена, најостро ги осудувам ваквите ставови. – стои во реакцијата на Митева. Осуда има и од ЛДП, од Мрежа за заштита од дискриминација, од женската медиумска мрежа „Еднаква“. Бараат реакција и од обвинителството, комисијата за заштита од дискриминација, како и од Воената академија кадешто Богојески работи како професор. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиНародната банка воведе тримесечна привремена администрација во Алта банка15:08Тројца вработени во Народната банка се именувани за администратори на Алта банка 11:00Драматично пред затворените експозитури на „Алта банка“: Битолчани бараат да влезат внатре и да си ги земат парите15:00Уапсен Давор Мацура: Полицијата повеќе од 30 часа ја пребарувала банката11:39Вториот круг од вонредните локални избори во Општина Брвеница помина без инциденти10:38
Драматично пред затворените експозитури на „Алта банка“: Битолчани бараат да влезат внатре и да си ги земат парите15:00
МакедонијаТошковски: По повеќе од 15 години запуштеност и негрижа, базенот во Полициската академија во Идризово повторно е во функцијаПо повеќе од 15 години запуштеност и негрижа, базенот во Полициската академија во Идризово е целосно реновиран и повторно ставен во функција за потребите на македонската полиција. Објектот, кој повеќе од деценија и пол беше надвор од употреба, со инвестиција од околу 5,7 милиони денари е обновен и оспособен за неполни три месеци. Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски денеска ја посети Полициската академија во Идризово, каде што имаше можност да се увери во функционалноста на обновениот базен, во кој веќе се вршеше проверка на пливачките способности на кандидатите за прием во Специјалната антитерористичка единица „Тигар“. Повеќе од 15 години овој значаен објект стоеше запуштен, а генерации полициски службеници беа лишени од можноста да го користат за обука и професионално усовршување. Денес, наместо запуштен и нефункционален објект, Полициската академија располага со целосно реновиран базен, повторно ставен во служба на полициската обука и подготовката на припадниците на Министерството за внатрешни работи. „Објект што повеќе од 15 години стоел запуштен, го вративме во функција за неполни три месеци. Тоа е разликата меѓу негрижата и конкретните резултати. Со инвестиција од околу 5,7 милиони денари обезбедивме услови овој базен повторно да им служи на полициските службеници, за нивна обука, усовршување и одржување на физичката подготвеност“, истакна министерот Тошковски. Обновениот базен ќе се користи за обука на идните полицајци, специјализирани тренинзи на полициските единици, спасувачки вежби и одржување на физичката подготвеност на полициските службеници. Со неговото повторно ставање во функција се создаваат дополнителни услови за унапредување на професионалните способности и подготвеноста на македонската полиција. Базенот има и посебно место во македонската филмска историја. Токму во овој објект во 1977 година се снимале сцени од култниот македонски филм „Исправи се, Делфина“, инспириран од големиот спортски подвиг на Атина Бојаџи. Повторното ставање во функција на базенот е дел од пошироките инвестиции во модернизацијата на македонската полиција. Во изминатиот период значително е обновен комплексот на Полициската академија во Идризово, повторно е вратено Средното полициско училиште, набавени се нови полициски возила, а наскоро се очекува и пристигнувањето на новите, целосно ребрендирани и висококвалитетни полициски униформи. „Продолжуваме да вложуваме во знаењето, подготвеноста и професионалниот развој на полициските службеници, затоа што вложувањето во нив е вложување во посилна полиција и побезбедна Македонија“, порача министерот Тошковски. Министерството за внатрешни работи продолжува со конкретни инвестиции во полициската инфраструктура, опремувањето и подобрувањето на условите за обука и работа, со цел натамошно јакнење на капацитетите на македонската полиција. Тагови: Панче Тошковски Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаСДСМ: Алта банка купи и осигурување - дали се загрозени и полисите на граѓаните?Алта банка преку нејзиниот сопственик Давор Мацура го купи осигурителното друштво ЗОИЛ Македонија за околу 1,7 милиони евра.По купувањето го смени името во Алта Осигурување АД Скопје, а Мацура стана единствен сопственик со 100% од акциите со право на глас. Се отвора прашањето дали се загрозени и осигурителните полиси на граѓаните? Дали се загрозени покривања на штети од сообраќајни незгоди, автомобилско осигурување, возила, имот, куќи, станови? Дали се загрозени исплатите на приватни осигурувања, патничко и здравствено осигурување, повреди при работа? Дали се загрозени осигурувањата на деловни и индустриски објекти, машини и залихи? Зошто се молчи за овие прашања? Агенцијата за супервизија на осигурување дали презема нешто? Дали по банкарскиот, ќе се разниша и осигурителниот сектор? Мицкоски и Славевски дозволија влез на криминален капитал во Македонија и за нив мора да има истрага и кривична одговорност. СДСМТагови: СДСМ Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаВратени 20 тони македонски јаболка од бугарската границаДо утре треба да се знае судбината на 20-те тони јаболка што беа вратени од инспекторите на бугарската агенција за безбедност на храна, откако во анализите покажало зголемено присуство на остатоци од пестициди над максимално дозволените граници. Јаболката биле откриени во рамки на засилените контроли што бугарските надлежни служби ги спроведуваат на увозеното свежо овошје и зеленчук. Од Државниот инспекторат за земјоделство објаснуваат дека пестицдите во јаболката биле во границите на дозволеното. „Двата камиона се задржани на македонската граница и дополнително се направени анализи. Од секој производ се зема мостра при извоз така и од јаболката направени се сите испитувања и според податоците нема надимнување на границата на пестициди“.- Државен инспекторат за земјоделство. Она што на една од мострите на што ги земале бугарските инспектори покажало дека имало над минимално под милиграм над дозволената граница. Извори за Канал 5 објаснуваат дека можно е да има влијание и политичката состојба, но засега ќе се чекаат уште еднаш официјални резулатати од направените мостри. Пред една година беше вратена зелка од Хрватска, тогашниот министер за земјоделство Цветан Трипуновски објасни дека по направените испитувања во Македонија воопшто не бил потврден хемиски препарат како што им било кажано на хрватската граница. Во септември беа вратени пратки пиперки од Хрватска и грозје од Црна Гора заради зголемени пестициди што биле потврдени на тамошните граници. Од државниот инспекторат за земјодлество објаснуваат дека вредностите и дозволените пестициди во Македонија се исти со закондоваствтото за извоз и увоз на храна со другите земји од соседството и со земјите од Европската унија. Тагови: Бугарија јаболка пестициди Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter