Уапсен раководителот со е-индексот на УГД во Штип за поткуп и манипулации со оценки - Канал 5

Уапсен раководителот со е-индексот на УГД во Штип за поткуп и манипулации со оценки

Недостатокот на знаење го надоместувале со пари, а оценки добивале преку интервенции во системот.. 

Уапсен раководителот со е-индексот на УГД во Штип за поткуп и манипулации со оценки

Доцент од Универзитетот „Гоце Делчев“ во Штип, кој раководел со Е-Индекс е уапсен под сомнежи дека за пари бришел оценки, менувал испитни поени и овозможувал упис на семестри на студенти кои не ги исполнувале условите. Сомнителните интервенции, според информациите, најчесто се однесувале на студенти од Турција, на кои, осомничениот, наводно, им нудел поинаков пат да ги исполнат академските критериуми. При претресот во неговиот дом, во полициската акција утринава, била пронајдена поголема сума на пари.

-Вршат претреси на повеќе локации во Штип и Скопје во врска со кривичните дела „злоупотреба на службената положба и овластување“ и „оштетување и неовластено навлегување во компјутерски систем“, за кои постои сомнение дека ги сторил Р.Т. – раководител на секторот за информатика на УГД во Штип. - Гоце Андреевски – Портпарол на МВР.

Од штипскиот универзитет велат дека нема да дозволат поединци да го нарушат интегритетот и трудот на институцијата. Порачаа дека имаат нулта толеранција за корупцијата и злоупотребата во академската заедница и дека нудат неограничена соработка на истражните органи за брзо и целосно расчистување на случајот.

„Како јавна високообразовна институција ја уверуваме јавноста дека остануваме посветени на транспарентноста, отвореноста и институционалниот интегритет. УГД нема да дозволи каков било сомнеж да го наруши трудот и вредноста на дипломите на илјадниците чесни студенти и вработени. Институционалниот интегритет и довербата на нашите студенти се пред се’. – Универзитет Гоце Делчев.

Дали и какви мерки за обебзедување ќе бидат побарани за вработениот ќе се знае откако ќе завршат претресите и распитот...

Ова е втор ваков случај само за неколку месеци, откако во Јуни беше уапсена оти на студент од Туриција му побарал 300 евра за шестка оти не знаел доволно. Студентот тогаш ја пријави, и во договор со полицијата по неколку дена и однел обележани пари во канцеларија. Откако ги примила парите, набргу беше фатена од полицијата, а против нејзе е поднесена кривична пријава.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Министерството за правда е домаќин на експертскиот тим на ГРЕКО

Министерството за правда е домаќин на експертскиот тим на ГРЕКО (Група држави против корупцијата) при Советот на Европа, кој од 2 до 6 ноември 2026 година престојува во земјава.

Министерството за правда е домаќин на експертскиот тим на ГРЕКО

Посетата се реализира во рамки на шестиот евалуациски круг на ГРЕКО, кој е посветен на спречувањето на корупцијата и промовирањето на интегритетот на локално ниво.

Во рамки на евалуацискиот процес, експертскиот тим ќе оствари средби со претставници на надлежните институции и други релевантни чинители, со цел оценување на постојните антикорупциски механизми, идентификување на предизвиците и утврдување на можностите за нивно унапредување.

Министерството за правда ја истакнува важноста на соработката со ГРЕКО и Советот на Европа во насока на зајакнување на институционалниот интегритет, транспарентноста, отчетноста и владеењето на правото.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Тошковски: По повеќе од 15 години запуштеност и негрижа, базенот во Полициската академија во Идризово повторно е во функција

По повеќе од 15 години запуштеност и негрижа, базенот во Полициската академија во Идризово е целосно реновиран и повторно ставен во функција за потребите на македонската полиција.

Тошковски: По повеќе од 15 години запуштеност и негрижа, базенот во Полициската академија во Идризово повторно е во функција

Објектот, кој повеќе од деценија и пол беше надвор од употреба, со инвестиција од околу 5,7 милиони денари е обновен и оспособен за неполни три месеци.

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски денеска ја посети Полициската академија во Идризово, каде што имаше можност да се увери во функционалноста на обновениот базен, во кој веќе се вршеше проверка на пливачките способности на кандидатите за прием во Специјалната антитерористичка единица „Тигар“.

Повеќе од 15 години овој значаен објект стоеше запуштен, а генерации полициски службеници беа лишени од можноста да го користат за обука и професионално усовршување. Денес, наместо запуштен и нефункционален објект, Полициската академија располага со целосно реновиран базен, повторно ставен во служба на полициската обука и подготовката на припадниците на Министерството за внатрешни работи.

„Објект што повеќе од 15 години стоел запуштен, го вративме во функција за неполни три месеци. Тоа е разликата меѓу негрижата и конкретните резултати. Со инвестиција од околу 5,7 милиони денари обезбедивме услови овој базен повторно да им служи на полициските службеници, за нивна обука, усовршување и одржување на физичката подготвеност“, истакна министерот Тошковски.

Обновениот базен ќе се користи за обука на идните полицајци, специјализирани тренинзи на полициските единици, спасувачки вежби и одржување на физичката подготвеност на полициските службеници. Со неговото повторно ставање во функција се создаваат дополнителни услови за унапредување на професионалните способности и подготвеноста на македонската полиција.

Базенот има и посебно место во македонската филмска историја. Токму во овој објект во 1977 година се снимале сцени од култниот македонски филм „Исправи се, Делфина“, инспириран од големиот спортски подвиг на Атина Бојаџи.

Повторното ставање во функција на базенот е дел од пошироките инвестиции во модернизацијата на македонската полиција. Во изминатиот период значително е обновен комплексот на Полициската академија во Идризово, повторно е вратено Средното полициско училиште, набавени се нови полициски возила, а наскоро се очекува и пристигнувањето на новите, целосно ребрендирани и висококвалитетни полициски униформи.

„Продолжуваме да вложуваме во знаењето, подготвеноста и професионалниот развој на полициските службеници, затоа што вложувањето во нив е вложување во посилна полиција и побезбедна Македонија“, порача министерот Тошковски.

Министерството за внатрешни работи продолжува со конкретни инвестиции во полициската инфраструктура, опремувањето и подобрувањето на условите за обука и работа, со цел натамошно јакнење на капацитетите на македонската полиција.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

СДСМ: Алта банка купи и осигурување - дали се загрозени и полисите на граѓаните?

Алта банка преку нејзиниот сопственик Давор Мацура го купи осигурителното друштво ЗОИЛ Македонија за околу 1,7 милиони евра.

СДСМ: Алта банка купи и осигурување - дали се загрозени и полисите на граѓаните?

По купувањето го смени името во Алта Осигурување АД Скопје, а Мацура стана единствен сопственик со 100% од акциите со право на глас.

Се отвора прашањето дали се загрозени и осигурителните полиси на граѓаните?

Дали се загрозени покривања на штети од сообраќајни незгоди, автомобилско осигурување, возила, имот, куќи, станови?

Дали се загрозени исплатите на приватни осигурувања, патничко и здравствено осигурување, повреди при работа?

Дали се загрозени осигурувањата на деловни и индустриски објекти, машини и залихи?

Зошто се молчи за овие прашања?

Агенцијата за супервизија на осигурување дали презема нешто?

Дали по банкарскиот, ќе се разниша и осигурителниот сектор?

Мицкоски и Славевски дозволија влез на криминален капитал во Македонија и за нив мора да има истрага и кривична одговорност.

СДСМ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер