1ОЈОГОКК вклучено во меѓународна истрага на Европравда против криминална мрежа за инвестициски измами
МакедонијаСудење за Ѓоко Велков - изведување на материјалните докази и вештачењето од претходното рочиштеДНК и финансиското вештачење на апелацискиот судија Ѓоко Ристов и денеска не стигнаа во судница. Неговата одбрана тврди дека финансиското вештачење кое наскоро треба да се подготви, ќе покаже дека неговите родители е сосема можно да заработиле 975 илјади евра а со тоа да ги поседуваат и 350те илјади евра кои при претресот биле пронајдени заѕидани во семејниот дом во Неготино. Адвокатот Звонко Давидовиќ презентираше правно мислење на универзитетскиот професор Гордан Калајџиев со кое ја оспорува правната квалификација на обвинението, според кое, Ѓоко Ристов не може да биде опфатен со законското битие на кривичното дело кое му се става на товар. -Правното мислење е по однос на правната квалификација онака како и што почна предметот, па некако се подазборави во текот на постапката каде што одбраната тврди и се уште тврди, дека судија не може да биде обвинет опфатен со законско битие на ова кривично дело, бидејќи истото се однесува на службено или овластено лице, јавно претпртијатие, јавна установа или правно лице кое располага со државен капитал. Ништо од тоа не е судот. – Звонко Давидовиќ – Адвокат Обвинителката Искра Хаџи Василева пак смета дека правното мислење нема доказна тежина и дека судот треба да одлучува врз основа на фактите и доказите изведени во постапката. Таа посочи дека со овие мислења се критикува постојната одредба од Кривичниот законик, која, како што рече, била усвоена во рамки на усогласувањето на македонското законодавство со меѓународните конвенции за борба против корупцијата. -Модерно, ќе си дозволам, стана да се даваат на некои судења, но во суштина тоа го симнува нивото на правната култура кај нас, бидејќи земено правно и професионално тие немаат никаква тежина и значење. Судот го обврзуваат фактите и доказите изведени на рочиште. Правните мислења дадени како нечиј авторитет навистина не го обврзуваат судот и навистина е несериозно да се воопшто користат овој тип на докази кои во суштина и не се докази. И не можат да бидат докази. – Искра Хџи Василева – Обвинител во ОЈО ГОКК На изјавата на обвинителката Хаџи Василева реагираше професорот Калајџиев кој во објава на социјалните мрежи напиша: -Тешки зборови употребила обвинителката за некој што иʼ бил учител и творец на законот по кој што работи, што зборува повеќе за неа отколку за мене. Следно рочиште за случајот е закажано за 20 ноември. Тагови: Ѓоко Ристов Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиНародната банка воведе тримесечна привремена администрација во Алта банка15:08Тројца вработени во Народната банка се именувани за администратори на Алта банка 11:00Драматично пред затворените експозитури на „Алта банка“: Битолчани бараат да влезат внатре и да си ги земат парите15:00Уапсен Давор Мацура: Полицијата повеќе од 30 часа ја пребарувала банката11:39Вториот круг од вонредните локални избори во Општина Брвеница помина без инциденти10:38
Драматично пред затворените експозитури на „Алта банка“: Битолчани бараат да влезат внатре и да си ги земат парите15:00
МакедонијаОЈОГОКК вклучено во меѓународна истрага на Европравда против криминална мрежа за инвестициски измамиОсновното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, преку Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал при Бирото за јавна безбедност преземаше дејствија во меѓународна координирана операција.Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, преку Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал при Бирото за јавна безбедност преземаше дејствија во меѓународна координирана операција насочена кон разбивање транснационална криминална мрежа инволвирана во организирани инвестициски измами преку интернет. Операцијата беше спроведена со поддршка и координација на Европол и Европравда, а во неа учествуваа надлежни органи од Германија, Кипар, Финска, Албанија, Израел, Косово и Македонија. Како резултат на координираните активности, во различни земји уапсени се седум осомничени лица, извршени се претреси на 17 локации и запленети се повеќе од 100 сервери, како и други електронски докази и средства поврзани со криминалните активности. Според досегашните сознанија, утврдената финансиска штета надминува четири милиони евра, а потенцијални жртви се идентификувани во најмалку 50 држави. Повеќе детали на линкот на Еуроџаст. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиНародната банка воведе тримесечна привремена администрација во Алта банка15:08Тројца вработени во Народната банка се именувани за администратори на Алта банка 11:00Драматично пред затворените експозитури на „Алта банка“: Битолчани бараат да влезат внатре и да си ги земат парите15:00Уапсен Давор Мацура: Полицијата повеќе од 30 часа ја пребарувала банката11:39Вториот круг од вонредните локални избори во Општина Брвеница помина без инциденти10:38
Драматично пред затворените експозитури на „Алта банка“: Битолчани бараат да влезат внатре и да си ги земат парите15:00
ЕвропаХаос на аеродромите низ Европа- авионите се итно приземјени поради дојава за бомби Најмалку четири патнички авиони денеска беа цел на закани со бомби. Два слетаа во Полска, еден во Бугарија и еден во Шпанија. Сите слетаа безбедно, а врската меѓу случаите сè уште не е потврдена. Аеродромот Фјумичино во Рим потврди за Би-Би-Си дека два авиони на „Рајанер“, едниот што леташе од Лисабон, а другиот од Даблин, беа претресени по анонимни закани со бомби. Експертите за деактивирање бомби од полицијата спроведоа стандардни безбедносни процедури за заштита на патниците и екипажот. Претресите на патниците, багажот и авионот не открија никакви докази за опасност, а тревогата оттогаш е укината. Летот од Даблин беше придружуван од италијански воени авиони сè додека не слета. Потсетете се дека во Полска, тревога беше подигната околу 9:54 часот наутро на летот LO286 на LOT од Лондон Хитроу до Варшава. Авионот со 181 лице во него беше пренасочен кон аеродромот Модлин, кој беше привремено затворен и повторно отворен по околу два часа. Летот SK751 на SAS од Копенхаген беше проверен и на аеродромот Шопен во Варшава, каде што патниците се истоварија. Не беа пронајдени експлозиви. Во Софија, единиците за борба против тероризмот проверија авион што пристигна од Израел по закана преку е-пошта, објави новинската агенција БТА, како што објави Гардијан. Авион на „Рајанер“ од Манчестер слета на шпанскиот аеродром Мурсија со 114 патници и седум членови на екипажот. Сите се истоварија, а детонаторите на Цивилната гарда пристигнаа од Аликанте. Властите потоа „исклучија присуство на експлозиви“, потврди Франциско Лукас, претставник на шпанската влада во регионот. „Меѓународниот аеродром во регионот Мурсија продолжува да работи нормално“, рече тој, заблагодарувајќи им се на службите за итни случаи. Еден ден претходно, авион на „Виз Ер“ што леташе од Лондон Лутон изврши итно слетување во Будимпешта, придружуван од унгарски борбен авион, исто така поради закана со бомба.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ТенисДрама во Париз: Ѓоковиќ изгуби сет и веднаш повика докторНовак Ѓоковиќ, во моментов е во многу тешка позиција. Во првото коло од Парискиот Мастерс, го загуби првиот сет од Валентин Вашеро од Монако, додека во вториот не започна добро. Покрај сето тоа, тој страда и од повреда. Овие двајца тенисери водеа огромна битка во текот на првиот сет, Валентин Вашеро имаше неколку шанси да стигне до сет, но Новак Ѓоковиќ успеа да го спаси. Сепак, се откажа во тајбрејкот и Монеганецот поведе со 1:0 во сетови, објави Телеграф. Веднаш на почетокот од вториот сет, Вашеро направи уште еден брејк, а откако Новак Ѓоковиќ го доби гемот на свој сервис - мораше да побара медицински тајм-аут. Почувствува непријатна болка во рамото и затоа го повика докторот, кој го масираше и се обиде да го излекува пред продолжението на овој натпревар во кој Новак бара пресврт и место во второто коло од Парискиот Мастерс. Овој турнир е многу важен и за Ѓоковиќ, бидејќи му е последна шанса да се натпреварува на Завршниот Мастерс во Торино.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook