Мирјана Најчевска, Билјана Ивановска, Сафет Бишевац и Виктор Грозданов во „Само вистини со Видиновски“
1Мирјана Најчевска, Билјана Ивановска, Сафет Бишевац и Виктор Грозданов во „Само вистини со Видиновски“
СветПутин: Германците ни се закануваат со тенкови,но ние имаме со што да возвратиме Владимир Путин рече дека на Русија „повторно“ ѝ се закануваат германски тенкови, посочувајќи на оклопните транспортери „Леопард 2“ ветени на Киев од Западот, повлекувајќи уште една паралела меѓу војната против Хитлер и руската воена кампања во Украина„Неверојатно е, но германските тенкови „Леопард“ со насликани крстови повторно ни се закануваат“, рече рускиот претседател во Волгоград (поранешен Сталинград), на југозападот на Русија, по повод прославата на 80-годишнината од Советска победа над германската армија во Сталинград. „И уште еднаш, наследниците на Хитлер сакаат да се борат со Русија на украинска територија, користејќи ги „Бандерови“, додаде тој, мислејќи на поддржувачите на украинскиот радикален националист Стјепан Бандера (1909-1959). Од почетокот на офанзивата што ја предводеше во Украина на 24 февруари, Владимир Путин тврди дека политичките лидери на власт во Киев се „неонацисти“ кои вршат „геноцид“ врз русофонското население во Украина. По одобрението од Берлин, неколку западни земји неодамна ветија дека ќе испратат тешки тенкови Леопард 2 од германско производство во Киев. „Оние кои ги вовлекуваат европските земји, меѓу кои и Германија, во нова војна против Русија и неодговорно ја претставуваат како извршен факт, а оние кои мислат дека ќе ја победат Русија на бојното поле, очигледно не разбираат дека модерното војување со Русија ќе биде целосно различно“, предупреди Путин пред воените претставници и членови на патриотски и младински здруженија. Сталинградската беше најжестоката битка во Втората светска војна во која советската Црвена армија, по цена од милион жртви, ги уништи германските сили во 1942 и 1943 година. Путин се повика на духот на бранителите на Сталинград за да објасни зошто Русија ќе победи во Украина, велејќи дека битката е симбол на „неуништливоста на нашиот народ“. „Ние не ги испраќаме нашите тенкови на нивната граница, но имаме со што да возвратиме и тоа нема да биде ограничено на употреба на оклопни возила“, посочи тој. Комеморацијата за битката за Сталинград доаѓа во време на жестоки борби меѓу руските сили и украинските војници во таа поранешна советска република, сцена на повеќе од една година руска офанзива започната, според Кремљ, за „демилитаризација“ и „ денацификација“ на соседната земја. Сметана за една од најкрвавите во историјата, со околу два милиони мртви од двете страни, битката кај Сталинград го смени текот на конфликтот во Втората светска војна. Таа победа се уште ја слави Русија, која важи за наследник на Советскиот Сојуз, кој ја спаси Европа од нацизмот. Победата во оваа битка добива дополнително симболично значење како што се приближува првата годишнина од започнувањето на операцијата на Русија против Украина на 24 февруари 2022 година, каде Москва ги засилува своите акции по неодамнешното заземање на Соледар, град во источна Украина, прв успех за руските сили по многу месеци и низа неуспеси. Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров го обвини Западот дека ја поддржува Украина за конечно да се реши „руското прашање“ и ја осуди посетата на шефицата на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен на Киев. Фон дер Лајен пристигна денеска во Киев на состаноци со цел да се нагласи поддршката за Украина како што се приближува првата годишнина од руската инвазија. „Г-ѓа фон дер Лајен рече дека исходот од војната мора да биде пораз на Русија и таков пораз што руската економија нема да може да се опорави за неколку децении“, рече Лавров во интервју за руската телевизија. „Зарем тоа не е расизам, нацизам и обид за конечно решение на руското прашање“, праша шефот на руската дипломатија во изјавата која алудира на „конечно решение на еврејското прашање“, т.е. холокауст во режија на нацистите. Лавров повтори дека ги смета повторените изјави на Западот за поддршка на Украина „обид да се реши руското прашање еднаш засекогаш“. Лавров, исто така, истакна дека Москва планира да ги засени проукраинските настани што ги подготвува Западот по повод одбележувањето на годишнината од почетокот на испраќањето руски сили во Украина на 24 февруари. Организираните западни настани и собири во Њујорк и на други места „не се единствените што ќе го привлечат вниманието на светот“, рече Лавров. Тој тогаш рече дека САД биле директно вклучени во експлозиите кои сериозно ги оштетиле нафтоводите Северен тек 1 и Северен тек 2. Претседателот Владимир Путин претходно ја обвини Велика Британија за таа саботажа. Во телевизиско интервју, Лавров исто така рече дека тврдењата за наводното одбивање на Русија да преговара со Украина се лаги и дека Западот се обидува да ги сврти Молдавија, Грузија и поранешните советски републики во Централна Азија против Москва. „Нашата дипломатија има многу работа, постојано и навремено објаснувајќи што се случува. Ние разоткриваме лаги, особено оние во кои се тврди дека не сакаме да преговараме“, рече Лавров. Тој додаде дека сите сакаат војната во Украина да заврши, но дека квалитетот на исходот, а не временската рамка е она што е важно за рускиот народ. Тој, исто така, повтори дека западната воена поддршка за Украина само го „ескалира“ конфликтот, предупредувајќи дека руската страна ќе одговори на можна испорака на ракети со долг дострел во Киев и ќе се обиде да ги турка украинските сили што подалеку од нивните граници со цел да создаде еден вид тампон зона.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
Рецепти„Гответе со Дракче“ - Компир манџаВо понеделник (09.11.2026) во емисијата гостин ни бeше Коки Јанков.Состојки за денешниот рецепт: 300 гр. свинско месо 4 компири 1 главица кромид 1 морков 4 кисели краставички масло сол и др. зачини по избор Погледнете како се подготвува овој рецепт:Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМихаилова ја разбранува и Бугарија – на снимка тврди дека тајните служби ѝ се заканувале дека ќе остане без помош15:00Ќе ги отстрани ли новиот Кривичен законик штетните последици од 2023 година?15:00Мицкоски: Жителите на Каменик ќе добијат систем за водоснабдување, проект во соработка помеѓу Кисела Вода и Владата11:55На коалициска средба ќе се пеглаат разликите во владата околу полагањето на Правосудниот испит15:00Скопје го одбележува Денот на ослободувањето – 13 Ноември08:49
Михаилова ја разбранува и Бугарија – на снимка тврди дека тајните служби ѝ се заканувале дека ќе остане без помош15:00
Мицкоски: Жителите на Каменик ќе добијат систем за водоснабдување, проект во соработка помеѓу Кисела Вода и Владата11:55
МакедонијаМирјана Најчевска, Билјана Ивановска, Сафет Бишевац и Виктор Грозданов во „Само вистини со Видиновски“Вечерва во „Само вистини со Видиновски“ гости ќе бидат Мирјана Најчевска, Билјана Ивановска, Сафет Бишевац и Виктор ГроздановТагови: „Дурмо турс“ Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
Шоу бизЏенифер Лопез позира во боди со длабоко деколте (ФОТО)Џенифер Лопез повторно привлече внимание со објава на Инстаграм.57-годишната пејачка сподели неколку фотографии по тренинг, на кои позира во кафеаво боди со длабоко деколте. Освен што ја покажува својата фигура, таа откри и со што сака да се почасти по тренингот - колачиња и млеко. „Вежбајте и јадете колачиња. Рамнотежа“, напиша таа покрај фотографиите. Во коментарите набрзо почнаа да го фалат нејзиниот изглед. „Прекрасна жена“, „Совршенство“ и „Ти си мојата најголема инспирација“ се само дел од пораките што ги оставија нејзините следбеници. View this post on Instagram A post shared by Jennifer Lopez (@jlo) Најави концертен филм Лопез го претстави и својот нов проект, концертниот филм „The JLO Show: Live in Las Vegas“, кој ги носи најинтересните моменти од нејзините настапи во Лас Вегас оваа година. Премиерата е закажана за Денот на благодарноста, 26 ноември, на американската телевизиска мрежа „CBS“ и стриминг платформата „Paramount+“. „Со ова шоу, сакам да раскажам кратка приказна и да им оддам почит на сите забавувачи кои стоеле на оваа сцена пред мене“, рече Лопез во најавата. Таа се подготвувала за настапи до 13 часа на ден Пред премиерата, пејачката и порача на публиката да не престанува да танцува, без оглед на животните предизвици. Таа ја одржа својата последна серија концерти во Лас Вегас во март, а подготовките, според извори за Дејли Меил, биле исклучително напорни. Наводно, таа вежбала кореографија со танчерите во танцово студио во Северен Холивуд до 13 часа на ден, сакајќи да ѝ пружи на публиката најдобра можна изведба. Извор: Индекс.хрТагови: Џенифер Лопез Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook