Брза реакција на СВР Скопје: Пронајден и лишен од слобода сторителот кој денеска опожари две возила пред Бугарската Амбасада - Канал 5

Брза реакција на СВР Скопје: Пронајден и лишен од слобода сторителот кој денеска опожари две возила пред Бугарската Амбасада

Веднаш по пријавата за пожар на две службени возила сопственост на Амбасадата на Република Бугарија во Скопје денеска (15.06.2026) во 12.13 часот, СВР Скопје презеде интензивни мерки и активности за расчистување на случајот и пронаоѓање на сторителот.

Брза реакција на СВР Скопје: Пронајден и лишен од слобода сторителот кој денеска опожари две возила пред Бугарската Амбасада

Во рамки на преземените активности, во краток временски период е идентификувано и пронајдено лицето за кое постои основано сомнение дека го сторило делото. Станува збор за И.Д. (44) од Скопје, кој е лишен од слобода и задржан во полициска станица.

При преземените дејствија е пронајдена и облеката што лицето ја носело во моментот на извршување на делото. Во координација со надлежен јавен обвинител се преземаат мерки и активности за целосно расчистување на случајот, по што против лицето ќе биде поднесена соодветна кривична пријава по итна постапка.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Трамп: Ормускиот теснец целосно ќе биде отворен во петок

Американскиот претседател Доналд Трамп откри нови детали за договорот меѓу САД и Иран за време на разговор со новинарите на самитот на Г7 во францускиот град Евијан-ле-Бен.

Трамп: Ормускиот теснец целосно ќе биде отворен во петок

Трамп, во присуство на францускиот претседател Емануел Макрон, изјави дека стратешки важниот Ормуски Теснец веќе е делумно отворен, а целосно ќе биде отворен во петок, кога официјално ќе биде потпишан меморандумот за разбирање меѓу Вашингтон и Техеран во Женева.

Тој потврди и дека текстот на меморандумот ќе биде јавно објавен, најверојатно веднаш по официјалната церемонија на потпишување. Американскиот претседател навести и дека нема лично да присуствува на потпишувањето во Швајцарија. Наместо него, во Женева ќе отпатува потпретседателот Џеј Ди Венс, кој ќе ја претставува американската администрација на церемонијата.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Унгарскиот парламент изгласа промена на уставот: Орбан повеќе не може да биде премиер

Унгарскиот парламент одобри уставен амандман што им овозможува на премиерите да служат максимум осум години, со што практично му се забранува на поранешниот премиер Виктор Орбан повторно да биде на таа функција.

Унгарскиот парламент изгласа промена на уставот: Орбан повеќе не може да биде премиер

Премиерот Петер Маѓар го собори Орбан на изборите во април по 16 години на власт, освојувајќи двотретинско мнозинство во парламентот што и овозможува на неговата партија да ги поништи или измени законите донесени од Фидес на Орбан, вклучително и уставот.

Ограничувања на мандатот

Амандманот вели дека секој што претходно бил премиер најмалку осум години не може да биде избран за премиер. Ова се однесува на премиерските мандати по 2 мај 1990 година.

Премиерите ќе мора да ја напуштат функцијата по вкупно осум години, или два мандати.

Уставниот амандман, исто така, го отвора патот за распуштање на Канцеларијата за заштита на суверенитетот, која беше формирана од владата на Орбан и ги стигматизираше опозициските личности и новинарите за „служење на странски интереси“.

Амандманот, исто така, ѝ ги враќа на државата основачките права на таканаречените фондации за управување со средства од јавен интерес. Владата на Орбан им префрли државен имот во вредност од стотици милијарди форинти на овие фондации.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

На пленарна седница помина предлог-законот за соодветна и правична застапеност во прво читање

На пленарна седница попладнево помина предлог-законот за соодветна и правична застапеност во прво читање.

На пленарна седница помина предлог-законот за соодветна и правична застапеност во прво читање

Од говорница можеа да се слушнат спротивставени мислења, меѓусебни обвинувања, различни толкувања на законските одредби. Пратениците од власта со пофалби, а пратениците од опозицијата со критики на законското решение, кое треба да го замени укинатиот балансер.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер