ПСЖ и Баерн се пласираа во четвртфиналето од Лигата на шампионите - Канал 5

ПСЖ и Баерн се пласираа во четвртфиналето од Лигата на шампионите

Килијан Мбапе одигра уште еден феноменален натпревар со тимот на ПСЖ и го однесе францускиот гигант во четвртфиналето од Лигата на шампионите. 

ПСЖ и Баерн се пласираа во четвртфиналето од Лигата на шампионите

Дваесет и пет-годишната француска суперѕвезда, која се очекува да му се приклучи на Реал Мадрид од лето, донесе победа со 2:1 во реваншот против Реал Сосиедад во Сан Себастијан.

Така парижаните го продолжуваат походот на најкомерцијалниот клупски турнир по вкупен резултат 4:1, при што Мбапе постигна 3 од погодоците за нив на двата меча.

Баерн Минхен пак му покажа на Лацио кој е кој во Европа, победувајќи го со 3:0 во реваншот на „Алијанц Арената“. Така Баварците продолжуваат во четвртфиналето на Лигата на шампионите со вкупен резултат 3:1 од двата меча.

Избраниците на Томас Тухел одиграа квалитетно прво полувреме и дури можеа да жалат што поведоа само со головите на Хари Кејн (39. минута). и Томас Мулер (секунди пред паузата). 16:3 во удари кон голот (4:0 прецизни) и 59 отсто посед во корист на Баварците во првите 45 минути, беше статистичкиот доказ за јасната германска надмоќ.

На средината од вториот дел, Хари Кејн го постигна својот втор гол на натпреварот откако упати успешен удар од непосредна близина.

Ништо посериозно не се случи до крајот, па така, колосот од Минхен повторно се најде меѓу осумте најдобри екипи на Стариот континент.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Мал авион падна во Хрватска

 Мал авион со едно лице се урна нешто по 10 часот претпладне во Роковци, во близина на Винковци, Хрватска.

Мал авион падна во Хрватска

Според неофицијални информации, пилотот е повреден, а авионот завршил во поле со пченка покрај пистата. На местото на несреќата се упатени сите служби за итни интервенции. Испратен е и хеликоптер за итна медицинска помош.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Фото: Ким Кардашијан повторно ги истакна облините

Американската старлета Ким Кардашијан е фотографирана на улиците на Париз во провокативно издание, таа самоуверено чекореше по улица, а нејзиниот целокупен изглед потсети на славната Мерилин Монро.

Фото: Ким Кардашијан повторно ги истакна облините

Провокативната Ким повторно го спои модерното со класичното и самоуверено зачекори во провокативен фустан што го истакнуваше секој милиметар од нејзината препознатлива фигура.

Таа лежерно ја заокружи смелата комбинација со кратка бела кожна јакна-бомбер префрлена преку рамениците, големи црни очила за сонце и интересни чевли со високи, тенки потпетици.

Кројот на фустанот беше она што најмногу ја потсети Ким Кардашијан на култната русокоса и секс-симбол, а овојпат таа не „заборави“ ниту да го истакне своето деколте и својата препознатлива фигура.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Општина Кисела Вода и „ХЕМА-ОНКО“: Утре во Драчево едукативна трибина за превенција од малигни заболувања

Општина Кисела Вода, во соработка со Здружението „ХЕМА-ОНКО“, ги поканува сите заинтересирани граѓани на едукативна трибина под мотото „Заедно за рано откривање, заедно за живот“.

Општина Кисела Вода и „ХЕМА-ОНКО“: Утре во Драчево едукативна трибина за превенција од малигни заболувања

Настанот е посветен на подигнување на јавната свест за превенција, рано откривање и навремено лекување на малигните заболувања, а ќе се одржи оваа сабота, 19 септември 2026 година, со почеток во 13:00 часот во „Паркот на бранители“ во населбата Драчево.

Присутните ќе имаат можност да слушнат корисни совети и лични искуства преку излагањата на Наташа Бабулова, која ќе ја сподели својата борба како лице со рак на дојка и членка на „ХЕМА-ОНКО“, како и низ обраќањата на стручните лица: спец. д-р Албина Чресловник Пупакоски, на медицинската сестра Јасмина Јовческа од ЈЗУ Универзитетска клиника за радиотерапија и онкологија, и д-р Славица Чалчевска, радиолог, супспецијалист и интернист од ГОБ „8 Септември“.

Ги повикуваме сите граѓани да присуствуваат, да се информираат и заеднички да ја дадеме нашата поддршка, бидејќи превенцијата и навремената дијагностика се најважни во битката за животот.

Со овој настан се означува почетокот на кампањата „Розев Октомври“ која стартува од општина Кисела Вода, а ќе заврши со голем РОЗЕВ ПИКНИК на Школка во Градскиот парк. Активностите посветени на оваа важна тема ќе продолжат, па така, по трибината во Драчево, ќе се одржи уште една на 26 септември во околината на општината.

Ве очекуваме!

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер