Протест во Љубљана: Демонстрантите ја гаѓаа полицијата со камења, добија солзавец - Канал 5

Протест во Љубљана: Демонстрантите ја гаѓаа полицијата со камења, добија солзавец

Противниците на владините мерки се собраа на плоштадот Република во Љубљана денеска во 15 часот, а ги имало помалку отколку во изминатите четири недели.

Протест во Љубљана: Демонстрантите ја гаѓаа полицијата со камења, добија солзавец

Демонстрантите ја обвинија полицијата дека ги попречувала автобусите на демонстрантите, па затоа не пристигнале во Љубљана. N1 наведува дека полицијата го негирала ова, но потврдила дека привела едно лице.

Полицијата ги повика демонстрантите да се растурат , а кога тие се оглушија, полицијата ги растера со водени топови и солзавец. Демонстрантите потоа почнаа да се движат кон претседателската палата, каде што полицијата формира кордон за да спречи понатамошно движење.

Бидејќи бројот на демонстранти брзо се зголемува, полициската коњаница исто така излезе на место на настанот и демонстрантите ги гаѓаа со камења и факели.

Полициски хеликоптер цело време летал над Љубљана, а припадниците на специјалната полиција излегоа на терен за да ги растераат демонстрантите низ градот со водени топови и солзавец. Демонстрантите ги нападнале и новинарите кои известувале од терен.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

ССМ: Со документарецот „Живот до први“ ќе ги будиме пратениците

Во организација на ССМ денеска се прикажа документарен филм „До први“ еден пратеник, една минимална плата каде се потикнува да видат пратениците како е да се живее со минималец..

ССМ: Со документарецот „Живот до први“ ќе ги будиме пратениците

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Стојаноски: Растот на нискоградбата е потврда за засилените инфраструктурни инвестиции и реализацијата на капиталните проекти

ПАТИШТАТА, МОСТОВИТЕ И КОРИДОРИТЕ ЈА ПОКАЖУВААТ РАЗЛИКАТА !

Стојаноски: Растот на нискоградбата е потврда за засилените инфраструктурни инвестиции и реализацијата на капиталните проекти

Бројките за нискоградбата покажуваат силна промена во динамиката на инфраструктурните работи.

Овие бројки го докажуваат реализирањето на проектите.

Во анализираните 8 квартали од јули 2024 до јуни 2026 на владата на ВМРО - ДПМНЕ, просечната реална годишна стапка изнесува +26,1%.

Во споредбениот период од претходните 29 квартали влада на ДУИ/СДСМ просекот изнесува -3,2%.

Значи споредуваме 2 со 7 години.

Тоа е разлика од дури 29,3 процентни поени !

Според методолошкото објаснување на Државниот завод за статистика нискоградба е градежна работа на објекти кои „со својот главен дел се наоѓаат на површината на земјата или во земјата“.

Нискоградбата значи патишта, автопати, мостови, тунели и крупна инфраструктура – инвестиции што остануваат и создаваат услови за побрз економски развој.

Затоа овие бројки не се само статистика.

Зад нив стојат конкретни проекти, активни градилишта и нова инфраструктура.

Кога се гради инфраструктура – се гради иднината на Македонија.

Линк од фб објава:

https://www.facebook.com/share/p/1Hgzuc9hzg/

Со почит,

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

СДСМ: Муцунски чита некој друг извештај

Муцунски чита некој друг извештај, ЕК вели дека состојбата со правосудството и медиумите е катастрофа и постои висока корупција во Владата.

СДСМ: Муцунски чита некој друг извештај

Муцунски вели дека ЕК потврдува видлив напредок во повеќе области. Кој извештај тој го чита?

Извештајот на Европската комисија за 2026 е јасен: нула напредок во борбата против корупцијата. Нула напредок во слободата на изразување.

Нула напредок во спроведување на јавните набавки. Судството и медиумите се под политичка опсада.

Корупцијата е на високо ниво и останува широко распространета и сериозна причина за загриженост.

Предметите застаруваат. Се создава перцепција на неказнивост.

Муцунски вели - „тоа не се критики, туку насоки“.

Во најважниот кластер - Темели, има чиста нула. Во девет други области оценката е пониска од лани. Тоа не се насоки. Тоа е дијагноза за пропаѓање.

Реформите во правосудството и борбата против корупцијата „не зависат исклучиво од извршната власт“, вели Тимчо.

Да, зависат од тоа дали власта ќе престане да врши притисок, да дава нарачки и да ги држи предметите во фиока.

Извештајот токму тоа го нотира: политичко мешање, провокативни изјави за „чистење“, лични критики кон судии и обвинители.

Муцунски бара „сигурен и предвидлив европски пат“. Патот е блокиран токму затоа што правосудството е под опсада, корупцијата е недопрена, а Алта банка покажа како се донесуваат сомнителни пари под нос на граѓаните.

Извештајот не лаже. Сè е полошо и полошо. И ќе станува се полошо додека бандата ја држи касата и ги блокира истрагите.

СДСМ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер