Проштална посета на Меркел на Западен Балкан - канцеларката денес во Белград, утре во Тирана - Канал 5

Проштална посета на Меркел на Западен Балкан - канцеларката денес во Белград, утре во Тирана

Германската канцеларка Ангела Меркел, денеска и утре во Белград и Тирана на проштална средба со лидерите од регионот, меѓу нив и со македонскиот премиер Зоран Заев.

Проштална посета на Меркел на Западен Балкан - канцеларката денес во Белград, утре во Тирана

На средбите се очекува да стане збор за билатералните односи и берлинскиот процес, особено за иницијативата Отворен Балкан. Токму таа инцијатива дел од поранешните дипломати во земјава велат дека очекуваат да наиде на поддршка од германската канцеларка. Поранешниот амбасадор Ѓорѓи Филипов вели дека очекува Меркел на средбите да побара продолжување со реформската агенда во земјите, и да ја реафирмира германската поддршка.

Филипов вели и дека не очекува промени во германската политика кон Македонија и регионот и по заминувањето на германската канцеларка од функцијата на крајот од месецот. Очекува политиката на официјален Берлин за евроинтегративните процеси кон земјите од Западен Балкан да продолжи и во иднина.

Последните анкети во Германија предност му даваат на кандидатот на Социјал-демократите Олаф Шолц. Тој вчера заедно со останатите кандидати за канцелар се соочи на втората телевизиска дебата, каде според испитувањата на јавното мислење на германскиот јавен сервис, повторно победил пред кандидатот од партијата на Меркел, Армин Лашет и кандидатката на зелените Аналена Бербок.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Утре сончево и релативно топло

Утрото ќе биде ведро и студено, а во текот на денот сончево и релативно топло. 

Утре сончево и релативно топло

Ќе дува слаб ветер од променлив правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -3 до 6, а максималната ќе достигне од 22 до 29 степени.

Во Скопје, сончево и релативно топло со слаб ветер од јужен правец. Минималната температура ќе се спушти до 3, а максималната ќе достигне до 27 степени.

Во следните денови времето ќе биде релативно топло. До среда утрата ќе бидат ведри и студени, а во текот на денот ќе преовладува сончево време. Од четврток ќе има зголемување на облачноста и утринските температури ќе бидат во пораст. Услови за локален дожд ќе има во петок.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Превентивна активност на СВР Куманово за зголемување на свеста кај возачите да не управуваат возило под дејство на алкохол

Во рамки на активноста беа користени специјални наочари, кои им овозможуваат на граѓаните да ја увидат намалената способност за управување возило доколку се под дејство на алкохол.

Превентивна активност на СВР Куманово за зголемување на свеста кај возачите да не управуваат возило под дејство на алкохол

Вчера (03.10.2026), полициски службеници од Отсекот за превенција при СВР Куманово и Општинскиот совет за превенција во Куманово реализираа сообраќајна превентивна активност за подигање на свеста на граѓаните и степенот на сообраќајна култура, а посебен акцент беше ставен на свесноста кај возачите да не управуваат возила под дејство на алкохол, со оглед на тоа дека алкохолот сериозно ги намалува возачките вештини, ги нарушува психомоторните способности и претставува сериозна закана по нивната и безбедноста на останатите учесници во сообраќајот.

Во рамки на активноста беа користени специјални наочари, кои им овозможуваат на граѓаните да ја увидат намалената способност за управување возило доколку се под дејство на алкохол.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Кучето кое влета на стадионот стана „славно“ (ФОТО)

Во дуелот со Шкотска кој донесе разочарување за македонските навивачи, куче кое влета на теренот и заради кое имаше прекин во првото полувреме, се чини стана голем хит.

Кучето кое влета на стадионот стана „славно“ (ФОТО)

Моментот кога овој натрапник влета на теренот беше реристриран на видео снимките а дел од светските спортски портали и списанија буквално го врамија на насловните страници. Кучето кратко беше на теренот по што го напушти стадионот.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер