Просечната откупна цена на зелката 43 денари за килограм, на доматот 45 - Канал 5

Просечната откупна цена на зелката 43 денари за килограм, на доматот 45

 Минатата година просечната откупна цена на доматот беше под 25 денари, а сега е 45. Само од струмичкиот регион се извезени над 13 000 тони од што се инкасирани околу 10 милиони евра. 

Просечната откупна цена на зелката 43 денари за килограм, на доматот 45

Цената на пролетната зелка не падна под 35 денари и во просек изнесува 43 денари, а од извоз се реализирани над 30 милиони евра.

Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Цветан Трипуновски уверува дека и откупната цена на црвената пиперка „ајварка“ ќе биде рентабилна за земјоделците. Во тек е, како што вели, и жетвата на јачменот и пченицата, има зголемување на површините за разлика од лани, а се очекува и зголемен принос.

Според Трипуновски, има сериозна разлика во бројките ако се прави споредба на состојбата сега и лани и тоа производителите го чувствуваат.

-Градинарскиот сектор ја чувствува разликата. Сериозна е разликата од она каде бевме, а каде сме денес. Во делот на останатите култури, имаме позитивна нула, а во одредени сегметни и прогрес. Бележиме успех во пласманот на тутунот, лани производителите добија по 500 денари за килограм заедно со субвенцијата, од 24-те милиони килограми од реколтата влегоа 195 милиони евра. За винското грозје лозарите прв пат добија највисока откупна цена, немаше никакви проблеми со откупот, парите легнаа на нивните сметки. Цената на јаболката не падна под 25 евроценти за килограм, се откупија 90 000 тони и реализиравме 20 милиони евра прилив. Државниот завод за статистика потврди дека бројките се во прогресија. Ако се споредат првите квартали во 2024-та и 2025 година, имаме пет отсто зголемен извоз на земјоделски производи, а откупот и пласманот бележат сериозен раст од 9 до 60 отсто, зависно од културата. Бројките се охрабрувачи, овој теренд ќе продолжи што не охрабрува и мотивира со засилено темпо да го зголемуваме производството, рече Трипуновски на трибина во Струмица.

Во однос на земјоделското земјиште, потсети дека се склучени над 2 000 договори, дека се распределени околу 6 000 хектари, како и дека се раскинати повеќе од 170 договори поради неправилна употреба на земјиштето.

-Контролите продолжуваат, интенцијата на Владата е целосно да се распредели земјиштето за што поголемо производство, подвлече министерот.

И во делот на наводнувањето, напомена, има голема разлика од тоа како било порано, а како е денес.

-Наследивме разрушени системи за наводнување, една шајка не беше закована, а чистењето канали беше мисловна именка. Наследивме колабиларно АД „Водостопанство“. Во зимските месеци се подготвуваа системите за наводнување за подготвени да ја дочекаме сезоната. акумулациите беа празни, сега имаат доволно вода. Мнгоу се големи проблемите за брзо и веднаш да се решат, но има битна разлика од она што го наследивме со тоа каква е состојбата денес, истакнаТрипуновски.

Реализацијата на субвенциите ја соопшти директорот на Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој (АФПЗРР), Илија Стоилев. Информира дека 2024 година завршила со рекордна исплата на преку осум милијарди денари субвенции, а до денес, како што рече, се исплатени 9 милијарди 710 милиони денари.

-Затекнавме една ситуација во која преку една милијарда денари субвенции беа заостанати и требаше да се исплатат. Владата го препозна тој проблем и испрати силна порака кон земјоделците со алоцирање средства за оваа намена. Покажа и испрати силна порака дека нема да ги заборави, туку дека ќе им биде најголем поддржувач. Тоа по една година се потврди. Во 2024 година беа исплатени рекордни 8 милијарди и 400 милиони денари субвенции што е 85 отсто реализација на програмата за земјоделство. До ден денешен се исплатени 9 милијарди 710 милиони денари што е извонреден процент и со оглед на оваа календарска година може да се пофалиме дека околу 85 отсто имаме реализација на Програмата за земјоделство и развој за 2024 година, посочи Стоилев.

Со преземањето на функцијата, напомена, наследил неисплатени средства за продадено и произведено млеко од 16 месеци задоцнување.

-Исплативме огромни средства за увезен педигриран добиток во вредност од 165 милиони денари со што значително ќе се подобри генетскиот потенцијал во Македонија и ќе се зголеми производството на млеко. Кога ја преземав функцијата директор наследивме неисплатени средства по основ на предадено и произведено млеко во млекарниците од 16 месеци задоцнување и си дадовме задача да во еден краток период таа неправда која е направена спрема сточарите ја исправиме и во краток период исплативме 17 милиони евра по основ на предадено производено млеко, рече Стоилев.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Хаос во светската куќа на фудбалот: Инфантино (не) може да добие нов мандат?!

Според статутот на организацијата, Џани Инфантино не може да се кандидира за четврти мандат како претседател на ФИФА во 2027 година, изјави синоќа поранешниот шеф на Управниот комитет на ФИФА, Мигел Мадуро.

Хаос во светската куќа на фудбалот: Инфантино (не) може да добие нов мандат?!

Дали Џани Инфантино може да остане на чело на ФИФА?

Во исто време, организацијата за човекови права „Ферсквер“ (FairSquare) испрати писмо до националните сојузи-членки, повикувајќи ги да го прогласат за неподобен за кандидатура.

„Ферсквер“ претходно побара од ФИФА да донесе одлука според која Инфантино нема право да бара нов претседателски мандат, со образложение дека тој веќе ги одработил максималните три мандати дозволени според статутот на организацијата.

Сепак, Инфантино успешно аргументираше дека неговиот прв мандат на чело на организацијата – кога беше избран на Вонредниот конгрес во 2016 година, по оставката на Сеп Блатер – не треба да се смета во тоа ограничување, бидејќи претставувал завршување на еден прекинат мандат.

Во декември 2022 година, Советот на ФИФА „едногласно потврди“ дека периодот помеѓу 2016 и 2019 година не се смета за мандат на Инфантино, но организацијата „Ферсквер“ (FairSquare) наведува дека образложението за таквата одлука никогаш не било јавно објавено.

„Членот 33, став два од Статутот на ФИФА е многу јасен кога вели дека ниедно лице не може да ја извршува функцијата претседател повеќе од три мандати“, изјави Мадуро за новинарите.

„Џани Инфантино беше избран три пати; тој беше претседател на ФИФА во текот на три мандати. Затоа, според мене, уште еден претседателски мандат на Инфантино не може да биде во согласност со правилата.“

Мадуро е португалски правник кој беше отстранет од својата функција во ФИФА во 2017 година, откако го блокираше реизборот на рускиот заменик-премиер Виталиј Мутко во највисокото раководно тело на организацијата. Мадуро додаде дека формулацијата на правилото не предвидува никаков исклучок за случај на скратен мандат.

„Текстот на таа одредба е јасен – се зборува за три мандати. Не се прави разлика дали тие мандати се целосни или нецелосни, дали се четиригодишни или пак траеле помалку од четири години“, рече Мадуро.

Изгледите за реизбор на Инфантино значително се подобрија минатиот месец, откако првиот човек на азискиот фудбал ја поддржа неговата кандидатура, додека поддршката од разните конфедерации му обезбедува доминантна позиција меѓу 211-те членки на ФИФА кои имаат право на глас.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

„Гответе со Дракче“ - Саганаки

Во среда (28.10.2026) во емисијата гостин ни бeше Мартин Јорданоски.

„Гответе со Дракче“ - Саганаки

Состојки за денешниот рецепт:

1 пакување ракчиња

1 козерва доматни пелати

1 домат

1 мало пакување фета сирење

1 лажиче сенф

1 главица кромид

2 - 3 чешниња лук

маслиново масло

сол, бибер и нане

2 потпечени лепчиња

Погледнете како се подготвува овој рецепт:

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Карни: Канада нема да им дозволи на натпреварувачи од Русија или Белорусија да учествуваат на Светското јуниорско првенство во хокеј

Канада нема да им дозволи на натпреварувачи од Русија или Белорусија да учествуваат на Светското јуниорско првенство во хокеј на мраз, кое треба да започне следниот месец во покраината Алберта, изјави во вторникот премиерот Марк Карни.

Карни: Канада нема да им дозволи на натпреварувачи од Русија или Белорусија да учествуваат на Светското јуниорско првенство во хокеј

Канада нема да им дозволи на натпреварувачи од Русија или Белорусија да учествуваат на Светското јуниорско првенство во хокеј на мраз, кое треба да започне следниот месец во покраината Алберта, изјави во вторникот премиерот Марк Карни пред новинарите.

Канада, клучен меѓународен сојузник на Украина во војната против Русија, веќе ја осуди одлуката на Спортскиот арбитражен суд од минатата недела, со која им се дозволува на Русите да се натпреваруваат на настани организирани од Меѓународната федерација за хокеј на мраз.

Предвидено е Светското јуниорско првенство да се одржи во периодот од крајот на декември до почетокот на јануари.

„Сè додека Русија и Белорусија ја поддржуваат оваа незаконска, неоправдана и ужасна војна во Украина, и сè додека таа трае, ниту еден од тие спортисти нема да се натпреварува за својата земја во Канада“, изјави канадскиот премиер. „Значи, ако прашувате конкретно за Светското јуниорско првенство – Русите нема да бидат таму“, рече тој на телевизиска прес-конференција одржана по завршувањето на самитот во Антигва.

Претходно во вторникот, националните федерации за хокеј на мраз на Норвешка, Данска, Шведска и Чешка изјавија дека ќе одбијат да играат против Русија на Светското првенство во хокеј на мраз за мажи, кое следната година ќе се одржи во Германија.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер