Нов хаос во Грција: Евролигата покрена постапка против газдата на Пана, Јанакопулос! - Канал 5

Нов хаос во Грција: Евролигата покрена постапка против газдата на Пана, Јанакопулос!

 Евролигата покрена дисциплинска постапка против Димитрис Јанакопулос, сопственикот на Панатинаикос, откако тој на социјалните мрежи сподели содржина директно насочена кон Олимпијакос и неговиот тренер Јоргос Барцокас.

Нов хаос во Грција: Евролигата покрена постапка против газдата на Пана, Јанакопулос!

Судирот меѓу двата најголеми грчки кошаркарски ривали со тоа доби нова димензија, а контроверзниот прв човек на атинските „зелени“ повторно се најде во центарот на вниманието.

Јанакопулос на своите профили сподели објави и пораки што претходно беа истакнати од навивачите на Панатинаикос за време на натпреварот од Евролигата против Басконија.

Нивната содржина се однесуваше на тековната истрага во Грција за сомнежи околу регуларноста на одредени кошаркарски натпревари, при што се алудираше дека Олимпијакос и неговиот тренер би можеле да бидат вмешани во целата афера.

Во пораките се спомнуваа наводно местење на натпревари и „валкани пари“, што дополнително ја вжешти и онака напнатата атмосфера меѓу двата табора. Панатинаикос не остана без одговор на потегот на Евролигата, туку реагираше со официјално соопштение во кое го насочи вниманието кон ставовите на својот најголем ривал за случувањата во грчката кошарка.

Атинскиот клуб потсети дека Олимпијакос своевремено го оценил изборот на Вангелис Лиолис за претседател на Грчката кошаркарска федерација како „одличен“, притоа забележувајќи дека клубот од Пиреја јавно не реагирал на она што Панатинаикос го нарекува најголем скандал во историјата на грчката кошарка. Останува да се види каква одлука ќе донесат дисциплинските органи на Евролигата и дали Јанакопулос ќе се соочи со последици поради своите објави.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Мегин Кели со критики кон Никол Кидман поради фотографиите во „Вог“: „Имаш 60 години; нема потреба да се облекуваш како мојата 15-годишна ќерка“

Во емисијата „The Megyn Kelly Show“, Мегин Кели ги коментираше фотографиите на кои холивудската ѕвезда, актерката Никол Кидман носи црна блуза, фармерки и капа од „Шанел“.

Мегин Кели со критики кон Никол Кидман поради фотографиите во „Вог“: „Имаш 60 години; нема потреба да се облекуваш како мојата 15-годишна ќерка“

Американската водителка Мегин Кели упати критики кон актерката Никол Кидман поради фотографии објавени во австралиското издание на списанието „Вог“.

Таа тврди дека фотографиите биле значително ретуширани за актерката да изгледа помлада, а исто така изрази забелешки и за начинот на кој е облечена.

Во емисијата „The Megyn Kelly Show“, Кели ги коментираше фотографиите на кои Кидман носи црна блуза, фармерки и капа од брендот „Шанел“.

- Имаше тврдења дека користеле вештачка интелигенција за таа да изгледа помладо. И тоа, додека е облечена како тинејџерка. Таа жена има 60 години. „Не мораш да се облекуваш како мојата 15-годишна ќерка“, рече Кели.

Таа додаде дека таков начин на облекување е несоодветен, наведувајќи дека актерката поминува премногу време на Инстаграм и дека фотографиите очигледно се обилно ретуширани.

- Лицето ѝ изгледа отечено. А сепак, како со некое чудо, на оваа насловна страница нема ни трага од годините – рече Кели.

На фотографиите за „Вог“, актерката позира во неколку комбинации од модната куќа „Шанел“, вклучувајќи црни кратки топови, украсени фармерки со низок струк и качкет.

Фотографиите за ноемвриското издание на списанието се дело на фотографот Лаклан Бејли.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Хаос во светската куќа на фудбалот: Инфантино (не) може да добие нов мандат?!

Според статутот на организацијата, Џани Инфантино не може да се кандидира за четврти мандат како претседател на ФИФА во 2027 година, изјави синоќа поранешниот шеф на Управниот комитет на ФИФА, Мигел Мадуро.

Хаос во светската куќа на фудбалот: Инфантино (не) може да добие нов мандат?!

Дали Џани Инфантино може да остане на чело на ФИФА?

Во исто време, организацијата за човекови права „Ферсквер“ (FairSquare) испрати писмо до националните сојузи-членки, повикувајќи ги да го прогласат за неподобен за кандидатура.

„Ферсквер“ претходно побара од ФИФА да донесе одлука според која Инфантино нема право да бара нов претседателски мандат, со образложение дека тој веќе ги одработил максималните три мандати дозволени според статутот на организацијата.

Сепак, Инфантино успешно аргументираше дека неговиот прв мандат на чело на организацијата – кога беше избран на Вонредниот конгрес во 2016 година, по оставката на Сеп Блатер – не треба да се смета во тоа ограничување, бидејќи претставувал завршување на еден прекинат мандат.

Во декември 2022 година, Советот на ФИФА „едногласно потврди“ дека периодот помеѓу 2016 и 2019 година не се смета за мандат на Инфантино, но организацијата „Ферсквер“ (FairSquare) наведува дека образложението за таквата одлука никогаш не било јавно објавено.

„Членот 33, став два од Статутот на ФИФА е многу јасен кога вели дека ниедно лице не може да ја извршува функцијата претседател повеќе од три мандати“, изјави Мадуро за новинарите.

„Џани Инфантино беше избран три пати; тој беше претседател на ФИФА во текот на три мандати. Затоа, според мене, уште еден претседателски мандат на Инфантино не може да биде во согласност со правилата.“

Мадуро е португалски правник кој беше отстранет од својата функција во ФИФА во 2017 година, откако го блокираше реизборот на рускиот заменик-премиер Виталиј Мутко во највисокото раководно тело на организацијата. Мадуро додаде дека формулацијата на правилото не предвидува никаков исклучок за случај на скратен мандат.

„Текстот на таа одредба е јасен – се зборува за три мандати. Не се прави разлика дали тие мандати се целосни или нецелосни, дали се четиригодишни или пак траеле помалку од четири години“, рече Мадуро.

Изгледите за реизбор на Инфантино значително се подобрија минатиот месец, откако првиот човек на азискиот фудбал ја поддржа неговата кандидатура, додека поддршката од разните конфедерации му обезбедува доминантна позиција меѓу 211-те членки на ФИФА кои имаат право на глас.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

„Гответе со Дракче“ - Саганаки

Во среда (28.10.2026) во емисијата гостин ни бeше Мартин Јорданоски.

„Гответе со Дракче“ - Саганаки

Состојки за денешниот рецепт:

1 пакување ракчиња

1 козерва доматни пелати

1 домат

1 мало пакување фета сирење

1 лажиче сенф

1 главица кромид

2 - 3 чешниња лук

маслиново масло

сол, бибер и нане

2 потпечени лепчиња

Погледнете како се подготвува овој рецепт:

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер