НБРМ: Од 5 ноември ќе се врши исплата на средства за граѓаните без платежни картички во главната филијала во Битола на АЛТА банка АД Битола
2НБРМ: Од 5 ноември ќе се врши исплата на средства за граѓаните без платежни картички во главната филијала во Битола на АЛТА банка АД Битола
Мегин Кели со критики кон Никол Кидман поради фотографиите во „Вог“: „Имаш 60 години; нема потреба да се облекуваш како мојата 15-годишна ќерка“
1Мегин Кели со критики кон Никол Кидман поради фотографиите во „Вог“: „Имаш 60 години; нема потреба да се облекуваш како мојата 15-годишна ќерка“
3Карни: Канада нема да им дозволи на натпреварувачи од Русија или Белорусија да учествуваат на Светското јуниорско првенство во хокеј
Македонија„Flydubai“ повторно гo поврзува Скопје со Дубаи и поширокоАвионската компанија „flydubai“ најави повторно воведување летови меѓу Меѓународниот аеродром во Дубаи (DXB) и Меѓународниот аеродром Скопје (SKP), со што се воспоставува врската меѓу Дубаи и главниот град на Македонија. Линијата до Скопје, која ќе сообраќа три пати неделно почнувајќи од 01 април 2027 година, ќе овозможи патниците да имаат пристап до премиум бизнис-класата на „flydubai“ и до целокупната понуда во економската класа. Обновувањето на летовите кон Скопје го одразува континуираниот фокус на „flydubai“ врз пазарите што имале малку директни врски со Дубаи и врз зајакнување на позицијата на градот како глобален воздухопловен центар. Скопје повторно ќе има корист од директната врска со Дубаи, додека патниците од Дубаи и Обединетите Арапски Емирати ќе добијат лесен пристап до една од најдинамичните и културно најбогатите дестинации на Балканот. Гаит Ал Гаит, главен извршен директор на „флајдубаи“ (flydubai),објаснува: „Поврзаноста е клучен дел од успехот на Дубаи како глобален воздухопловен центар. Со поврзување на пазари кои имаат ограничени директни авиолинии со Дубаи, во „флајдубаи“ отсекогаш сме верувале дека поврзаноста отвора можности за туризам, трговија и културна размена. Низ годините, поврзавме многу градови кои претходно имаа ограничени директни врски со Дубаи и со поширокиот свет. Враќањето во Скопје ја одразува таа континуирана посветеност“. Исто така, Џејхун Ефенди, виш потпретседател на одделот за комерцијални операции и е-трговија во flydubai, вели:„Европа продолжува да биде важен дел од нашата мрежна стратегија. Обновувањето на летовите до Скопје дава поголем избор и флексибилност на нашите клиенти а воедно обезбедува и атрактивна опција за патување на едно место за туристите, деловните патници и на патниците од македонската дијаспора од Австралија и Азија. Нашите операции ќе почнат со услуга која се одвива три пати недело и уверени сме дека побарувачката ќе расте, бидејќи повеќе клиенти ќе ја искористат атрактивната понуда за застанување во Дубаи, додека се поврзуваат надвор од градот“. Во рамки на партнерството за заедничко користење летови (Codeshare) меѓу flydubai и Emirates, со еднократно застанување во Дубаи преку Терминал 3, патниците кои патуваат за Скопје ќе уживаат во беспрекорен пристап до стотици дестинации во комбинираната мрежа на двата авиопревозници, притоа уживајќи во погодноста на единствена резервација и багаж регистриран директно до крајната дестинација. Патниците што патуваат од Скопје ќе можат, преку Emirates, да продолжат кон дестинации во Австралија, азиските центри како Шангај и Сингапур и кон популарни дестинации во мрежата на Flydubai, вклучувајќи ги Бангкок, Коломбо и Занзибар. Скопје е најновото проширување на растечката меѓународна мрежа на „флајдубаи“ (flydubai), по неодамнешното воведување летови до Бангкок во Тајланд, Бенгази во Либија и Похара во Непал, со што мрежата на „флајдубаи“ сега опфаќа повеќе од 120 дестинации во 57 земји. Македонија, една од најдобро чуваните тајни на Балканот, служи како порта кон Европа. Од впечатливите пејзажи околу Охридското Езеро и Шар Планина сè до живописната култура на кафулиња во Скопје и богатото отоманско, византиско и европско наследство во регионот, земјата ги комбинира природните убавини, културата и вредностите за патниците кои бараат нови искуства надвор од традиционалните европски метрополи. Посетителите може да ја истражат Старата чаршија со нејзиниот уникатен дух, да преминат преку знаменитиот Камен мост кон плоштадот „Македонија“ и да откријат културни атракции, меѓу кои се тврдината Кале и Спомен-куќата на Мајка Тереза. Патниците кои патуваат меѓу Дубаи и Скопје може да очекуваат удобно патување со модерната и млада флота на flydubai, која се состои од 99 авиони од типот Boeing 737. Патниците во бизнис-класата може да се релаксираат во пространи седишта што се претвораат во рамни лежаи и да уживаат во менија инспирирани од меѓународната кујна, како и во широк избор содржини за забава за време на летот. Во економската класа, патниците можат да уживаат во удобни седишта со избор на бесплатни оброци и содржини за забава во текот на целото патување. Во тек е воведување Starlink во целата флота на flydubai, со што на патниците им се овозможува бесплатен и брз Wi-Fi интернет. Летовите меѓу Меѓународниот аеродром Дубаи (DXB) и Меѓународниот аеродром во Скопјe (SKP) ќе сообраќаат три пати неделно, во понеделник, четврток и сабота, со поаѓање од Терминал 3 на DXB. Цените на повратните карти за бизнис класа од Скопјe до Дубаи почнуваат од 3.000 евра а цените за економска класа Lite почнуваат од 580 евра. Цените за повратен лет во бизнис-класа од Дубаи до Скопје почнуваат од 12.500 AED (приближно 187.000 македонски денари), додека цените за економска класа Lite почнуваат од 2.800 AED (42.000 македонски денари). Летовите може да се резервираат преку Flydubai.com, официјалната апликација на Flydubai, Контакт центарот во ОАЕ на (+971) 600 54 44 45, во продажните салони на Flydubai или преку туристички партнери. За целосниот распоред на летови, ве молиме посетете ја страницата flydubai.com/en/flying-with-us/timetable. Од своето седиште во Дубаи, flydubai изгради мрежа од над 125 дестинации, опслужувани од флота од 98 авиони. Од почетокот на своето работење во јуни 2009 година, flydubai е посветена на отстранување на пречките за патување, овозможување слободен проток на трговија и туризам и зајакнување на поврзаноста меѓу различни култури низ својата мрежа која постојано се проширува. flydubai го одбележа својот развоен пат со низа значајни достигнувања: Мрежа со постојан раст: Создадена е мрежа од над 125 дестинации во 56 земји низ Африка, Централна Азија, земјите од Кавказот, Централна и Југоисточна Европа, земјите од Советот за соработка во Заливот (GCC) и Блискиот Исток, Јужна Азија и Југоисточна Азија. Опслужување на пазари со недоволна покриеност: Воведени се повеќе од 100 нови линии до дестинации кои претходно немале директни воздушни врски со Дубаи или не биле опслужувани од национален авиопревозник од Обединетите Арапски Емирати (ОАЕ) на летови од Дубаи. Ефикасна флота од еден тип авиони: Компанијата оперира со флота составена од еден тип авиони – вкупно 98 летала од семејството „Боинг 737“ (Boeing 737) и тоа: 25 авиони „Боинг 737-800“ од новата генерација (Next-Generation), 69 авиони „Боинг 737 MAX 8“ и 4 авиони „Боинг 737 MAX 9“. Подобрување на поврзаноста: Од почеток на работењето во 2009 година, превезени се повеќе од 137 милиони патници.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ЗабаваМегин Кели со критики кон Никол Кидман поради фотографиите во „Вог“: „Имаш 60 години; нема потреба да се облекуваш како мојата 15-годишна ќерка“Во емисијата „The Megyn Kelly Show“, Мегин Кели ги коментираше фотографиите на кои холивудската ѕвезда, актерката Никол Кидман носи црна блуза, фармерки и капа од „Шанел“.Американската водителка Мегин Кели упати критики кон актерката Никол Кидман поради фотографии објавени во австралиското издание на списанието „Вог“. Таа тврди дека фотографиите биле значително ретуширани за актерката да изгледа помлада, а исто така изрази забелешки и за начинот на кој е облечена. Во емисијата „The Megyn Kelly Show“, Кели ги коментираше фотографиите на кои Кидман носи црна блуза, фармерки и капа од брендот „Шанел“. - Имаше тврдења дека користеле вештачка интелигенција за таа да изгледа помладо. И тоа, додека е облечена како тинејџерка. Таа жена има 60 години. „Не мораш да се облекуваш како мојата 15-годишна ќерка“, рече Кели. Таа додаде дека таков начин на облекување е несоодветен, наведувајќи дека актерката поминува премногу време на Инстаграм и дека фотографиите очигледно се обилно ретуширани. - Лицето ѝ изгледа отечено. А сепак, како со некое чудо, на оваа насловна страница нема ни трага од годините – рече Кели. На фотографиите за „Вог“, актерката позира во неколку комбинации од модната куќа „Шанел“, вклучувајќи црни кратки топови, украсени фармерки со низок струк и качкет. Фотографиите за ноемвриското издание на списанието се дело на фотографот Лаклан Бејли.Тагови: никол кидман Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ФудбалХаос во светската куќа на фудбалот: Инфантино (не) може да добие нов мандат?!Според статутот на организацијата, Џани Инфантино не може да се кандидира за четврти мандат како претседател на ФИФА во 2027 година, изјави синоќа поранешниот шеф на Управниот комитет на ФИФА, Мигел Мадуро.Дали Џани Инфантино може да остане на чело на ФИФА? Во исто време, организацијата за човекови права „Ферсквер“ (FairSquare) испрати писмо до националните сојузи-членки, повикувајќи ги да го прогласат за неподобен за кандидатура. „Ферсквер“ претходно побара од ФИФА да донесе одлука според која Инфантино нема право да бара нов претседателски мандат, со образложение дека тој веќе ги одработил максималните три мандати дозволени според статутот на организацијата. Сепак, Инфантино успешно аргументираше дека неговиот прв мандат на чело на организацијата – кога беше избран на Вонредниот конгрес во 2016 година, по оставката на Сеп Блатер – не треба да се смета во тоа ограничување, бидејќи претставувал завршување на еден прекинат мандат. Во декември 2022 година, Советот на ФИФА „едногласно потврди“ дека периодот помеѓу 2016 и 2019 година не се смета за мандат на Инфантино, но организацијата „Ферсквер“ (FairSquare) наведува дека образложението за таквата одлука никогаш не било јавно објавено. „Членот 33, став два од Статутот на ФИФА е многу јасен кога вели дека ниедно лице не може да ја извршува функцијата претседател повеќе од три мандати“, изјави Мадуро за новинарите. „Џани Инфантино беше избран три пати; тој беше претседател на ФИФА во текот на три мандати. Затоа, според мене, уште еден претседателски мандат на Инфантино не може да биде во согласност со правилата.“ Мадуро е португалски правник кој беше отстранет од својата функција во ФИФА во 2017 година, откако го блокираше реизборот на рускиот заменик-премиер Виталиј Мутко во највисокото раководно тело на организацијата. Мадуро додаде дека формулацијата на правилото не предвидува никаков исклучок за случај на скратен мандат. „Текстот на таа одредба е јасен – се зборува за три мандати. Не се прави разлика дали тие мандати се целосни или нецелосни, дали се четиригодишни или пак траеле помалку од четири години“, рече Мадуро. Изгледите за реизбор на Инфантино значително се подобрија минатиот месец, откако првиот човек на азискиот фудбал ја поддржа неговата кандидатура, додека поддршката од разните конфедерации му обезбедува доминантна позиција меѓу 211-те членки на ФИФА кои имаат право на глас.Тагови: ФИФА Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
Рецепти„Гответе со Дракче“ - СаганакиВо среда (28.10.2026) во емисијата гостин ни бeше Мартин Јорданоски.Состојки за денешниот рецепт: 1 пакување ракчиња 1 козерва доматни пелати 1 домат 1 мало пакување фета сирење 1 лажиче сенф 1 главица кромид 2 - 3 чешниња лук маслиново масло сол, бибер и нане 2 потпечени лепчиња Погледнете како се подготвува овој рецепт: Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook