Британците забрануваат три вида екстремна порнографија: Опасната содржина ги загрозува жените и девојчињата
2Британците забрануваат три вида екстремна порнографија: Опасната содржина ги загрозува жените и девојчињата
ЖивотПронашле шише со порака, стара 135 години и едвај ја дешифрирале Водоинсталатерот Питер Ален пред една недела работел на куќа во Единбург кога додека поместувал радијатор, пронашол дупка на подот и шише со порака во него.Се испоставило дека пораката била сместена во шише виски старо 135 години, а Ален бил толку воодушевен што веднаш истрчал кај сопствениците на куќата за да им ја соопшти неочекуваната вест. Тој го нашол ливчето во соба која порано била соба на слуга. „Исеков дупка во просторијата точно со големина на шишето без да знам дека шишето е таму. Го поместував радијаторот и случајно исеков дупка на подот за да ја најдам цевката, а потоа го најдов шишето со пораката. “, изјавил Ален за шкотскиот BBC. Сопственичката на домот Ајлид Симпсон подоцна решила да ја извади пораката од шишето, а за да го направи тоа без да го оштети старото парче хартија, морала да го скрши шишето. "За жал, морав да го скршам шишето за да стигнам до хартијата, почна да се кине кога се обидовме да го извадиме со пинцета. Но секое парче од шишето го зачував во посебен пластичен сад", рекла сопственичката на куќата, а потоа продолжи да раскажува што се случило потоа. „Сите се собравме и возбудени се обидовме да прочитаме што пишува“, рече Симпсон. Им требало малку време да ја дешифрираат пораката, а откако едвај ја дешифрирале, се испоставило дека ја напишале двајца работници кои работеле во куќата во 19 век. Пораката гласела: „Џејмс Ричи и Џон Грив го поставија овој под, но не пиеја виски.“ Националната библиотека на Шкотска препорачала белешката да се чува во посебни услови, а семејството ќе ја чува белешката на почесно место во домот. Тие исто така планираат да стават нова порака во ново шише и да го стават во подот пред да се закрпи дупката. „Да се помисли дека беше таму цело време и можеше да остане таму засекогаш, е едноставно неверојатно. Тоа не е предмет од 70-тите или нешто слично, таа порака во шише е многу постара“, вели сопственичката.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиКанал 5 дознава: Голема полициска акција на МВР, најдено дрога оружје, претреси на 40 локации11:11Мицкоски најави информирање на НАТО за бегството на Михаилова во Бугарија15:00Мицкоски: Бугарија може да стане прибежиште за криминалци,за случајот со Михаилова ќе разговараме со партнерите во НАТО и ЕУ 08:42Мицкоски: Апсолутна лага е дека Михаилова и адвокатот границата ја минале легално15:00Мицкоски: Нова инвестиција на „Кромберг и Шуберт“ и 2.000 нови работни места во Битола, за производство на Ауди12:11
Мицкоски: Бугарија може да стане прибежиште за криминалци,за случајот со Михаилова ќе разговараме со партнерите во НАТО и ЕУ 08:42
Мицкоски: Нова инвестиција на „Кромберг и Шуберт“ и 2.000 нови работни места во Битола, за производство на Ауди12:11
КултураУште еден успех на НУ Народен театар Битола, преполна сала за „Кориолан“ во ПолскаСиноќа во преполната сала на театарот во Бјалисток, Полска, Народниот театар Битола ја изведе „Кориолан“ како дел од јубилејното 10. издание на меѓународниот театарски фестивал „Direction East“. Делото од Вилијам Шекспир, во режија и адаптација на Џон Блондел, и овојпат го привлече вниманието на публиката која ги награди актерите со долготрајни и стоечки аплаузи. Секое гостување надвор од границите на нашата земја е повеќе од сценски настап – тоа е можност македонската култура да биде видена, слушната и препознаена. Секое учество на фестивал од меѓународен карактер отвора простор за размена на уметнички искуства, нови професионални контакти и идни соработки, а воедно го потврдува местото на Народниот театар Битола во современиот европски театарски простор. „Токму преку ваквите гостувања, театарот станува културен амбасадор на својата земја – носејќи ги со себе јазикот на уметноста, креативноста на нашите уметници и приказните што ги поврзуваат различните култури“, истакнуваат од НТБ. Оваа изведба во Полска, следуваше по гостувањата на „Охридско лето“, Shakespeare Fringe Festival во Верона и „Magical Nights in Butrint“ во Саранда. Современата адаптација на безвременската трагедија на Вилијам Шекспир отвора актуелни прашања за власта, политичката одговорност и односот меѓу поединецот и општеството. Во претставата играат: Васко Мавровски, Петар Горко, Марјан Георгиевски, Борче Ѓаковски, Петар Спировски, Јулијана Мирчевска и Сандра Грибовска Илиевска. Асистент на режија е младиот уметник и режисер Дамјан Димовски, сценографијата и костимите се на Благој Мицевски, дизајн на светло: Џонатан Хикс, светло мајстор: Горан Петровски, музика: Александар Димовски, видео: Владимир Переловски, инспициент: Оливер Петровски. Суфлер: Мирјана Христовска. Од Битола кон европските сцени – и овојпат со гордост НТБ го претстави македонскиот театар и понатаму продолжува да гради мостови преку уметноста. Фото: Ивона КочовТагови: НУ Народен театар – Битола Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиКанал 5 дознава: Голема полициска акција на МВР, најдено дрога оружје, претреси на 40 локации11:11Мицкоски најави информирање на НАТО за бегството на Михаилова во Бугарија15:00Мицкоски: Бугарија може да стане прибежиште за криминалци,за случајот со Михаилова ќе разговараме со партнерите во НАТО и ЕУ 08:42Мицкоски: Апсолутна лага е дека Михаилова и адвокатот границата ја минале легално15:00Мицкоски: Нова инвестиција на „Кромберг и Шуберт“ и 2.000 нови работни места во Битола, за производство на Ауди12:11
Мицкоски: Бугарија може да стане прибежиште за криминалци,за случајот со Михаилова ќе разговараме со партнерите во НАТО и ЕУ 08:42
Мицкоски: Нова инвестиција на „Кромберг и Шуберт“ и 2.000 нови работни места во Битола, за производство на Ауди12:11
МакедонијаЛишени од слобода две лица при претрес во Прилеп, пронајдена дрогаНа 16.10.2026 во 14:17 часот, полициски службеници од ОВР Прилеп ги лишија од слобода И.П.(22) и С.Т.(19) двајцата од Прилеп. Имено, врз основа на Наредба од Основен суд Прилеп, полициските службеници извршија претрес во домот на И.П., од Прилеп при што пронајдена и одземена е марихуана, а затекната била и С.Т., кај која при преглед била пронајдена прашкаста материја. По документирање на настанот ќе следува соодветен поднесок.Тагови: дрога Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиКанал 5 дознава: Голема полициска акција на МВР, најдено дрога оружје, претреси на 40 локации11:11Мицкоски најави информирање на НАТО за бегството на Михаилова во Бугарија15:00Мицкоски: Бугарија може да стане прибежиште за криминалци,за случајот со Михаилова ќе разговараме со партнерите во НАТО и ЕУ 08:42Мицкоски: Апсолутна лага е дека Михаилова и адвокатот границата ја минале легално15:00Мицкоски: Нова инвестиција на „Кромберг и Шуберт“ и 2.000 нови работни места во Битола, за производство на Ауди12:11
Мицкоски: Бугарија може да стане прибежиште за криминалци,за случајот со Михаилова ќе разговараме со партнерите во НАТО и ЕУ 08:42
Мицкоски: Нова инвестиција на „Кромберг и Шуберт“ и 2.000 нови работни места во Битола, за производство на Ауди12:11
МакедонијаАкциска контрола за брзо возење – за шест часа констатиран 541 прекршокЗа сите констатирани прекршоци преземени се соодветни мерки согласно законските прописи.На 15.10.2026 година, во периодот од 14:00 до 20:00 часот, на територијата на целата држава, Секторот за сообраќајни работи при Министерството за внатрешни работи спроведе зајакната акциска контрола насочена кон санкционирање на возачите кои управуваат возила со брзина поголема од пропишаната. При спроведената контрола констатиран е вкупно 541 прекршок, од кои 250 се однесуваат на возачи кои ја пречекориле дозволената брзина надвор од населено место, додека 291 прекршок е констатиран во населено место. Во текот на контролата констатирани се и 58 прекршоци од друг вид. За сите констатирани прекршоци преземени се соодветни мерки согласно законските прописи. Министерството за внатрешни работи продолжува со зајакнатите сообраќајни контроли на целата територија на државата и апелира до возачите да ги почитуваат ограничувањата на брзината и да го приспособат управувањето со возилата на условите на патот, со цел поголема безбедност на сите учесници во сообраќајот.Тагови: брзо возење Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook