3Кристијан Бајовски постави Гинисов рекорд со 1.257 склекови за еден час: „Не е само бројката – тука се сите жртви, тренинзи и сомнежи“
МакедонијаПромовиран протоколот за заштита од Ковид-19 во судовитеПротоколот има советодавен карактер и е изработен со техничка и финансиска поддршка на ОБСЕ и ќе биде испечатен и дистрибуиран низ судовите во земјава.Задолжително носење заштитна маска и држење социјална достанца, како и мерење телесна температура на влез во судската зграда, дезинфекција и проветрување на судниците, предвидува Протоколот за спроведување мерки за заштита од Ковид-19 во судовите, што денеска го промовираше Здружението на судии. Протоколот има советодавен карактер и е изработен со техничка и финансиска поддршка на ОБСЕ и ќе биде испечатен и дистрибуиран низ судовите во земјава. Претседателот на Основниот кривичен суд во Скопје Иван Џолев, рече дека овие мерки и досега се применувале, но сега добиваат една поусогласена форма. – Ова претставува едно продолжување и давање форма на се она што судовите го применуваа. Ова е форматирање и допрецизирање и на одлуката на Судскиот совет за функционирање на судовите и во пандемија, изјави Џолев. Целта на овие протоколи, посочи тој, е да се обезбеди здравствена заштита на сите странки и вработените во судовите, како и обезбедување на функционалноста на судот. Претседателот на Здружението на судии Џемали Саити, на промоцијата рече, дека протоколите содржат стандарди за кои се консултирани повеќе институции и се необврзувачки, но дека се добра основа и ќе помогнат во работата на судовите и на граѓаните. – Можеби во блиска иднина и Судскиот совет ќе постапи тука со некоја нивна задолжителна примена, изјави Саити. Услови за спроведување на судењата во Основниот граѓански суд засега има, смета судијката од Основниот граѓански суд Емилија Шопар Јованова. – Засега немало проблем. Судницата е доволно голема да присуствува и странката и јавноста, изјави Емилија Шопар. Изработени се 10 илјади флаери и 900 постери кои ќе бидат распределени низ сите судови во државата.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
СветБелата куќа отвори „Трамп ТВ“ откако ги укина акредитациите на дел од медиумитеБелата куќаго отвори својот онлајн стриминг канал „Трамп ТВ“ откако ескалираше нејзиниот спор со главните американски медиумски куќи.Каналот започна да се емитува синоќа, првично емитувајќи говори на Трамп и снимки од американски воени вежби. „Емитувањето ќе оди 24 часа на ден, со минати моменти, најави и со најновите и најдобри информации од администрацијата, сè на едно место“, соопшти Белата куќа. Лансирањето на „Трамп ТВ“ следува откако Трамп во петокот објави дека им забранува пристап до Белата Куќа на новинарите од телевизиите „Си-Ен-Ен“ и „Ем-Ес Нау“ и од сајтот „Политико“. Тој ги обвини медиумите за ширење лажни вести, но и дека не известуваат доволно за неговите постигнувања. Трите медиуми вчера поднесоа тужба против администрацијата, велејќи дека нејзините постапки ги загрозуваат слободата на медиумите и правото на јавноста на независно новинарство. Други големи американски ТВ-мрежи и весници одговорија со намалување на нивното известување за претседателот.Тагови: Белата куќа Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ЕвропаПобедата на Левица, Евреите во Берлин ја сметаат за заканаИзраелскиот амбасадор во Германија, Рон Просор, предупреди на непосредна егзистенцијална закана за еврејската заедница во Берлин откако крајнолевичарската партија Левица победи на регионалните избори во германскиот главен град.Тој кажа дека Левица, наследничка на комунистичката партија што владееше со поранешна источна Германија, покажала „апсолутно неконтролиран антисемитизам“. „ За еврејската заедница во Берлин, теоретската закана станува конкретна и непосредна егзистенцијална опасност“, рече Просор. Со победата на Левица, нејзината водечка кандидатка, 45-годишната Елиф Ералп, би можела да стане првата градоначалничка на Берлин од редовите на оваа партија и прва со турско потекло.Тагови: Берлин Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаСредба на министерот Муцунски со министерката за надворешни работи на Канада, Анита АнандНа маргините на Генералното собрание на Обединетите нации, министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, денеска во Њујорк оствари средба министерката за надворешни работи на Канада, Анита Ананд.Во годината кога се одбележуваат 30 години дипломатски односи, соговорниците ја потврдија цврстата основа на македонско-канадското партнерство и заедничкиот интерес за негово натамошно продлабочување. Беше истакнато и значењето на бројната македонска заедница во Канада, која претставува важен мост и дополнителна вредност во односите меѓу двете земји. На средбата стана збор и за унапредување на политичката и економската соработка, со посебен фокус на можностите за зголемување и диверзификација на трговската размена. Двајцата министри ја потврдија блиската соработка и меѓусебната поддршка во рамките на мултилатералните организации, особено во Обединетите нации и НАТО, како и заедничката посветеност на стабилноста и меѓународната безбедност, соопштуваат од МНРиНТКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter