Променливо облачно време со повремен локален дожд - Канал 5

Променливо облачно време со повремен локален дожд

Времето денеска ќе биде променливо облачно со повремен локален дожд, а во југоисточните делови ќе има услови за појава на ретки грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец.

Променливо облачно време со повремен локален дожд

Минималната температура, како што најавуваат од Управата за хидрометеоролошки работи, ќе биде во интервал од 6 до 12, а максималната ќе достигне од 20 до 26 степени.

Во Скопје, променливо облачно, претпладне во делови од котлината ќе има услови за повремен дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе се спушти до 10, а максималната ќе достигне до 25 степени.

Од УХМР најавуваат дека во наредните денови следува период на променливо облачно време со повремени врнежи од дожд. Наместа ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи. Во петок и во сабота на повеќе места се очекуваат поинтензивни процеси со пообилен пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Утринските температури ќе бидат во пораст, а дневните до сабота ќе се задржат пониски.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

В.Д. амбасадорот на Македонија во Софија повикан на разговор во бугарското МНР

Вршителот на должноста амбасадор на Македонија во Софија денеска бил повикан во бугарското министерство за надворешни работи во врска со палењето на двата автомобили на амбасадата на Бугарија во Скопје.

В.Д. амбасадорот на Македонија во Софија повикан на разговор во бугарското МНР

Како што информираа од бугарското МНР, заменик-министерот за надворешни работи Христо Полендаков нагласил дека Бугарија најостро го осудува овој, како што го нарекол, демонстративен чин на агресија, кој ги довел во опасност здравјето и животот на вработените во бугарската амбасада, како и на жителите на главниот град на Македонија.

„Бугарија ги зема предвид изјавите на официјалните институции во соседната држава и брзата реакција на надлежните органи, која доведе до приведување на сторителот. Истовремено, очекуваме да се спроведе ефикасна истрага и правна разрешница на случајот, со што јасно ќе се покаже дека ваквите дела се недозволиви“, истакнал Полендаков и додал дека секој обид за ширење страв на Бугарите во Македонија е неприфатлив – соопштија од бугарското МНР.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Лишени од слобода 15 возачи за безобѕирно управување возило

Сите возеле без возачка дозвола, од нив тројца малолетници, а двајца учествувале и во сообраќајни незгоди.

Лишени од слобода 15 возачи за безобѕирно управување возило

Во текот на изминатото деноноќие на целата територија на државата, полициските службеници лишија од слобода 15 возачи за безобѕирно управување возило, сите возеле без возачка дозвола, од нив тројца малолетници, а двајца учествувале и во сообраќајни незгоди.

Пет лица во Тетово (двајца малолетници), тројца во Скопје, двајца во Прилеп (еден малолетник) и по едно лице во Делчево, Штип, Гевгелија, Зајас и Демир Хисар возеле без возачка дозвола. Еден од малолетниците во Тетово и уште еден друг возач претодно учествувале во сообраќајни незгоди. По целосно документирање на случаите ќе бидат поднесени соодветни кривични пријави.

Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи, да не управуваат возило без положен возачки испит или доколку имаат изречена мерка за забрана за управување или доколку се под дејство на алкохол и сите заеднички да придонесеме за побезбеден сообраќај.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Руски воен брод пукал кон јахта во Ламанш

Морнари од руски воен брод испукале предупредувачки истрел кон јахта што му се приближила во Ламанш, дознава британската новинска агенција „Press Association (PA)“.

Руски воен брод пукал кон јахта во Ламанш

Инцидентот се случил во вторник околу 11:40 часот, а според неофицијални информации, вмешана била руската фрегата „Адмирал Григорович“. Сè се случило во морската област помеѓу британскиот остров Вајт и францускиот регион Нормандија.

Истрел бил испукан кога цивилен брод кој се приближил кон руски воен брод

Крајбрежната стража во понеделник попладне добила дојави од цивилен брод под британско знаме што пловел во близина на руската фрегата „Адмирал Григорович“. Од британскиот брод било пријавено дека Григорович испукал предупредувачки истрел откако двата брода поминале опасно блиску еден до друг во каналот.

Настанот е најнов во низата индикации за растечки тензии меѓу Велика Британија и Русија.

Напад на командоси врз руски танкер

Само два дена претходно, во недела, британските сили спроведоа голема операција во истиот канал. Командосите на Кралските морнарички сили и Националната агенција за борба против криминалот (NCA) извршија рација и ја презедоа контролата врз танкерот „Смиртос“.

Бродот е под меѓународни санкции и припаѓа на таканаречената „флота во сенка“ на Русија, која се користи за таен транспорт на нафта.

Извор: Индекс.хр

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер