1Николоски: Завршивме со реконструкција на железничката обиколница Скопје, линијата Драчево - Илинден
3Завршени операциите за спасување, бројот на жртви од лизгањето на земјиштето во Кина се искачи на 21
АвтомобилизамПристигнува сосема нов Рено, се вика Symbioz (ФОТО)Renault денес ги покажа првите неколку фотографии и го откри името на моделот кој доаѓа во т.н. C-SUV сегмент.Станува збор за моделот Symbioz кој по големина би требало да биде меѓу Captur и Austral. Во основа, тоа е одговор на Renault на Qashqai: со потврдена должина од 4,41 метри, Renault Symbioz е целосно насочен кон подсегментот на семејните кросовери, при што компанијата ветува „дарежлив простор“, особено во багажникот. Автомобилот ќе го придвижува познатиот целосен хибриден погон E-Tech од 143 КС. Symbioz се базира на хардверот CMF-B на групацијата, што значи дека е тесно поврзан со помалиот Captur. Упатените го нарекуваат кодно име на DJB и објаснуваат дека е позициониран како ICE еквивалент на моторот на новиот целосно електричен кросовер Renault Scenic E-Tech. Двата автомобили споделуваат многу делови, вклучувајќи го и панорамскиот стаклен покрив на Renault Solarbay со автоматско затемнување. Во Рено се обидоа да ја објаснат семантиката на името на нивниот нов модел: „Симбиоз потекнува од францускиот збор „симбиоза“, изведен од старогрчкиот, што значи „да се живее заедно“. Тоа е вредност длабоко вкоренета во ДНК на Renault, со бренд посветен на производство на возила кои целосно ја исполнуваат мантрата на „автомобили за живот“, рече Силвија дос Сантос, шеф на стратегијата за име во Renault Group. „Тоа е збор кој е сличен на многу јазици: „симбиоза“ на англиски, „симбиос“ на шпански и „симбиос“ на италијански, што го прави името Симбиоза лесно разбирливо за широката публика“. И, конечно, една интересна работа: Renault ветува празна тежина на возило под 1500 kg. Практично, имајќи предвид дека париските градски власти штотуку ги зголемија тројно таксите за паркирање за теренци со тежина од над 1.600 килограми.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаНиколоски: Завршивме со реконструкција на железничката обиколница Скопје, линијата Драчево - ИлинденЗавршивме со реконструкција на железничката обиколница Скопје, линијата Драчево - Илинден. Добиваме побрз карго превоз на Коридор 10 и заштита на животната средина.Завршена е реконструкција на железничката обиколница Скопје, пругата од Драчево до Илинден со што се овозможува пренасочување на товарните возови надвор од Скопје. Заменик претседателот на Владата и министер за транспорт, Александар Николоски и диркторот на ЈП Железница Инфраструктура Синиша Ивановски, направија увид до реконструираната пруга каде се изврши и тест возење. По оваа делница ќе се одвива исклучиво товарниот железнички сообраќај, истакна Николоски, што ќе придонесе за подобра организација и развој на целокупниот транспорт. “Драго ми е што правиме тест возење на обновениот железнички коридор, практичната обиколница на Грaдот Скопје, линијата меѓу Дрaчево и Илинден, со која што товарните возови се вадат надвор од Градот Скопје. Со реализација на овој проект, многу се помага во заштита на животната средина и намалување на загадувањето во Скопје имајќи предвид дека товарните возови нема да влегуваат во Град Скопје. Ова е проект кој го работеше ЈП Железници Инфраструктура, го заврши во максимално брз рок, во моментов има тест период, за што е потребно да се направии технички прием и очекувам за дваесетина дена карго возовите да ја користат оваа делница. Тоа ќе значи многу за заштита на животната средина и за намалување на загадувањето во Скопје од една страна, но од друга страна ќе значи побрз карго сообраќај на Коридор 10, што ќе значи повеќе бизнис и повеќе железнички композициии на македонските пруги што многу ќе приоднесе за развој на бизнисот и целокупниот транспорт. За многу брзо време, не подоцна од 1 септември се гледаме и на пуштање на употреба и на Градскиот воз, првата линија која ќе оди од Зелениково преку Драчево до центарот на Скопје”- изјави Николоски. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ФудбалТешки обвинувања од Египет по поразот од Аргентина: „Ова беше наместен натпревар!“ Селекторот на фудбалската селекција на Египет, Хосам Хасан не можеше да го скрие гневот по драматичниот пораз од Аргентина во осминафиналето на Светското првенство.Египет водеше со 2-0, со „една нога“ беше во четвртфиналето, но Аргентина успеа да направи епски пресврт, постигнувајќи гол во 3 минута од судиското надополнување за победа од 3-2. По натпреварот, Хасан упати сериозни обвинувања против организаторите и судијата. „Ќе кажам што ми е на ум, без оглед на последиците. Ова беше очигледно наместен натпревар и целиот свет го виде тоа.“ Тој не застана тука. „И сакам да кажам уште нешто - ако толку многу сакаат Аргентина да победи, тогаш зошто воопшто да поканат други да учествуваат?“ Неговите зборови сигурно ќе привлечат големо внимание од фудбалската јавност, особено по натпреварот кој веќе предизвика бројни коментари поради неколку контроверзни судиски одлуки и бурни реакции од египетскиот табор. Тагови: СП2026 Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаДаниела Димовска нова претседателка на скопскиот Кривичен судДаниела Димовска е избрана за претседател на скопскиот Кривичен суд. На денешната седница на Судскиот совет таа беше избрана со 11 гласа ЗА, а за позицијата се кандидираше и судијата Ивица Стефановски. Димовска е судија од Кривичниот суд и една година беше в.д претседател на судот.Тагови: кривичен суд Скопје Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter