Пристигнува долгоочекуваниот модел од „VW“ - Канал 5

Пристигнува долгоочекуваниот модел од „VW“

Кога станува збор за „Volkswagen“, сите погледи се насочени кон претстојното пристигнување на моделот „VW ID.Buzz“ кој пазарот го чека со години.

Пристигнува долгоочекуваниот модел од „VW“

Европската премиера е закажана за 9 март, а потоа автомобилот ќе ја има американската премиера во Остин.

Од овој модел се очекува да има силен старт на американско тло, каде што оригиналниот „Microbus“ стекна култен статус.

Кога станува збор за Европа, деновиве се појавија информации за можната цена. Германски „Automobilvoche“од неименувани извори во „VW“ дознава дека цените ќе бидат многу слични на „Multivan“, односно на ниво од 60.000 евра.

Дополнително, во комбинација со владините стимулации, цените во Германија би можеле да паднат поблиску до 50.000 евра.

Премиерата е за нешто помалку од еден месец, а списокот со нарачки ќе се отвори во мај, дознава „Auto vesti“.

Тоа ќе биде верзијата со електромотор поставен одзади и погон на задните тркала, додека верзијата со погон на сите тркала подоцна ќе биде вклучена во понудата. Првите примероци ќе бидат доставени до клиентите на почетокот на септември. Истото важи и за продолжената верзија со дополнителен ред на седишта што пристигнува подоцна.

Извор: Б92

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Гостиварци му се враќаат на нормалниот живот по еден месец без вода

Меѓу гостиварци полека се враќа довербата дека водата од градскиот водовод е исправна и безбедна за пиење. 

Гостиварци му се враќаат на нормалниот живот по еден месец без вода

Велат дека ги почитуваат инструкциите на надлежните и повторно ја користат водата од чешмите, но сепак, по речиси еден месец неизвесност, од од нив и натаму пристапуваат со претпазливост.

Дел од Гостиварци велат довербата не се враќа преку ноќ, но добро е што сите инстутуции се обединија и брзо реагираа. Особено претпазливи се оние кои во изминатиот период поминале и низ здравствена голгота и побарале лекарска помош, па велат и стравот оправдано е тука.

Надлежните најавија дека редовниот мониторинг на водоводот ќе продолжи и во иднина и дека наместо сегашните два пати, анализите ќе се вршат три пати неделно. Проблемот со загадувањето на водоснабдителниот систем во Гостивар предизвика здравствени проблеми кај околу 5.000 жители.

Откако анализите покажаа неисправност, на 17 јули беше воведена забрана за нејзино користење за пиење. Во меѓувреме следуваа повеќе лабораториски испитувања и земање мостри од водоводниот систем и хиперхлорирање, а граѓаните беа принудени да користат флаширана вода или вода од цистерни.

За случајот со загадувањето на водата со фекалии, Артана Асани, Леон Уредини и Вадедин Дервиши, кои беа на раководните позиции во ЈП „Комуналец“, добија 30-дневен притвор.

Тие се осомничени дека со дејствија поврзани со водоснабдителниот систем овозможиле мешање на загадена вода со водата наменета за пиење.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Шест активни пожари во Македонија, еден под контрола

На територија на државата активни се шест пожари, а еден е под контрола. Центарот за управување на кризи информира дека регистрирани се вкупно 27 пожари од кои 20 се изгаснати.

Шест активни пожари во Македонија, еден под контрола

Активни се пожарите на потегот меѓу селата Моране – Вртекица – Рамни Габер, кај месноста Видуш, кај село Драгов Дол и кај село Локвица во општина Македонски Брод и кај селото С’лп во општина Велес.

Активни пожари има и кај селото Копанце во општина Јегуновце, кај селата Борино – село Житоше во општина Крушево и кај селото бојане во општина Сарај..

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

МОН: Пуштена во употреба нова спортска сала во ОУ „Круме Кепески“ во Припор

Спортскиот објект со површина од 500 м², овозможува најсовремени услови за реализација на наставата по физичко образование и ќе придонесе за правилниот раст и развој на многу генерации.

МОН: Пуштена во употреба нова спортска сала во ОУ „Круме Кепески“ во Припор

Во подрачниот објект на основното училиште „Круме Кепески“ во Припор, општина Кисела Вода, денес во употреба беше пуштена новоизградена спортска сала, за која преку повикот на Владата за реализација на капитални инфраструктурни проекти во општините, минатата година беа одвоени речиси 20 милиони денари. Спортскиот објект со површина од 500 м², овозможува најсовремени услови за реализација на наставата по физичко образование и ќе придонесе за правилниот раст и развој на многу генерации.

На отворањето, во присуство на премиерот проф. д-р Христијан Мицкоски и градоначалничката Бети Стаменкоска Трајкоска, честитајќи за успешно завршената инвестиција, министерката за образование и наука проф. д-р Весна Јаневска рече дека Владата има стратегија за поквалитетно образование, а еден од приоритетите е забрзана модернизација на образовната инфраструктура.

“Ќе потсетам дека за две години реализиравме инвестициски циклус од над 70 милиони евра во 90 инфраструктурни проекти во образованието. Овој проект е еден од нив, а дополнително тука во Кисела Вода во моментов градиме спортска сала во склоп на ОУ „Кузман Јосифовски – Питу“ и ги обновуваме спортските сали во рамки на централниот објект на „Круме Кепески“ и во рамки на ОУ „Кузман Шапкарев“ во Драчево“, рече Јаневска.

Информираше дека наскоро започнува реализацијата на три нови проекти.

„За да се воведе концептот на едносменска ефективна настава на целата територија на Кисела Вода, ќе го помогнеме проширувањето на капацитетите на три основни училишта. Едното е централниот објект на „Круме Кепески“, другото е „Кузман Шапкарев“ во Драчево и третото е „Рајко Жинзифов“ во Пинтија. Во сите три училишта ќе доградиме по 6 училници. Активностите во првото започнуваат кон крајот на оваа година, во другите две на пролет следната година“, додаде министерката.

Упати пораката новата спортска сала да се користи интензивно, но и одговорно, за како што рече - да биде место за создавање спомени, спорт, постигнување успеси и за рекреација на сегашните, но и на многу нови генерации.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер