Потпретседателот на Собрание Милошоски се обрати на регионална конференција за спречување на корупцијата
1Потпретседателот на Собрание Милошоски се обрати на регионална конференција за спречување на корупцијата
3Петрушевски: На ВМРО-ДПМНЕ му одговара филмот кој Филипче го продава секој ден затоа што тоа е филм кој носи порази на СДС
Бела ноќ 2026 во Скопје: Игор Џамбазов и „Гуру Харе Бенд“, „Допамин“, електронска музика и уметност низ Скопје
1Бела ноќ 2026 во Скопје: Игор Џамбазов и „Гуру Харе Бенд“, „Допамин“, електронска музика и уметност низ Скопје
АвтомобилизамПристигнува Alfa Romeo Tonale, се појави и промотивна снимка (ВИДЕО)По неколку одложувања, Alfa Romeo конечно го објави датумот на премиерата на новиот кросовер.Тоа е Tonale, а премиерата е закажана за 8 февруари. Во пресрет на тој голем ден за брендот, но и за целата италијанска автомобилска индустрија, Alfa Romeo објави најавно видео. Кратко е и не открива многу, но дава увид за предниот дел на возилото, како и поглед на таблата со инструменти во кабината. Ако го следиме концептот од 2019 година, не би требало да има изненадувања во поглед на дизајнот, а токму тоа го потврдува и видеото. Позициониран под моделот Stelvio, новиот Tonale ќе се нуди во многу убедлива палета на мотори. A driver-centric cockpit: discover the multi-function “Cannocchiale” cluster of the new #AlfaRomeoTonale on February 8th. Let "La Metamorfosi" begin! https://t.co/fcxY3NRUgF #AlfaRomeo pic.twitter.com/5NB54nlUph — Alfa Romeo (@alfa_romeo) January 26, 2022 Според досегашните информации, треба да се понуди plug-in хибрид со 1.3, турбо бензинец со 240 КС, како и две верзии на послабиот четирицилиндричен мотор , со почетна моќност од 130 и благиот хибрид со 160 КС. Исто така, се уште не е исклучен дизел со 130 КС.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаПотпретседателот на Собрание Милошоски се обрати на регионална конференција за спречување на корупцијатаПотпретседателот на Собранието, Антонијо Милошоски, се обрати на отворањето на Регионалната конференција за спречување на корупцијата и проценка на корупциските ризици во Западен Балкан, која се одржува во Скопје.Конференцијата ги обединува претставниците на надлежните институции од регионот и меѓународните партнери во разговор за унапредување на интегритетот и заштита на јавниот интерес. Во обраќањето Милошоски истакна дека спречувањето на корупцијата бара ризиците да се препознаваат навреме, а наодите на надлежните институции да водат до конкретни мерки. Особено ја нагласи важноста на транспарентното трошење на јавните средства, следењето на ревизорските препораки и препознавањето на ризиците во јавните набавки. Осврнувајќи се на улогата на Собранието, потпретседателот посочи дека соработката со Државниот завод за ревизија е важна за парламентарниот надзор. Тој потсети дека двете институции во 2022 година склучиле Меморандум за соработка, кој предвидува размена на информации и разгледување на ревизорските наоди во Собранието. Милошоски се осврна и на Предлог-законот за државната ревизија, кој е во собраниска постапка. Со предложените решенија се предвидува засилување на соработката со Собранието, поголема транспарентност на конечните ревизорски извештаи и подобро следење на спроведувањето на ревизорските препораки. На крајот, Милошоски порача дека размената на искуства меѓу земјите од Западен Балкан треба да придонесе за поуспешно препознавање на корупциските ризици и за доследна примена на препораките во интерес на граѓаните.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМакедонски дипломат бил повикан во бугарското МНР, откако на бугарски пратеник не му бил дозволен влез во земјава08:45„Секси мама“ врз грoбот на Никола Карев во „Македониум“ - 500 евра платил косовски рапер за спотот 18:05Косовскиот рапер Дон Џони го изнајмил Македониумот за 500 евра за снимњае на спотот „Секси мама“14:00Мицкоски: За да имаме ефект во преговорите со Бугарија добро е да има претставници од Европската унија 11:11Дизелот од полноќ поевтин за 4,5 денари, бензините поскапи за денар08:38
Македонски дипломат бил повикан во бугарското МНР, откако на бугарски пратеник не му бил дозволен влез во земјава08:45
„Секси мама“ врз грoбот на Никола Карев во „Македониум“ - 500 евра платил косовски рапер за спотот 18:05
Косовскиот рапер Дон Џони го изнајмил Македониумот за 500 евра за снимњае на спотот „Секси мама“14:00
Мицкоски: За да имаме ефект во преговорите со Бугарија добро е да има претставници од Европската унија 11:11
ФудбалБугарија остана без селектор по само две кола во Лигата на нацииФудбалската репрезентација на Бугарија ќе мора да бара нов селектор откако Александар Димитров поднесе неотповиклива оставка по разочарувачкиот старт во Лигата на нации.Бугарите освоија само еден бод од првите два натпревара, кои се одиграа во Пловдив. Најпрво беа изненадени од Луксембург и славеа со 2:1, а потоа одиграа нерешено без голови против Естонија. Димитров ја соопшти својата одлука веднаш по вториот натпревар, незадоволен од играта и од фактот што неговиот тим не успеа да го спроведе подготвениот план. „Игравме многу хаотично. Нашиот план не беше спроведен и не успеавме да создадеме притисок во нападот. Тоа значи дека ја изгубивме довербата на играчите. Со ваква игра и вакво издание, завршуваме. Ѝ благодариме на Фудбалската федерација за укажаната можност“, изјави Димитров. Тој ја предводеше бугарската репрезентација на десет натпревари, при што оствари три победи, две нерешени средби и пет порази. Бугарија сега ја очекуваат два последователни натпревари на гостински терен. Во сабота ќе играат против Исланд во Рејкјавик, додека три дена подоцна ќе гостуваат во Луксембург. Исланд го зазеде првото место во групата со победа од 3:0 над Луксембург.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаСДСМ: 60 милиони евра за автобуси со помал капацитет — за чии интереси ВМРО-ОКГ го крои тендерот?Криминална власт на Мицкоски под радарот договора тендер вреден речиси 60 милиони евра за автобуси во Скопје. Скопјани чекаат превоз, а власта им ги намалува и местата во автобусите! Според анализата на Центарот за граѓански комуникации, наместо првично бараните 76, во следните постапки се бараат 66 патници по автобус. Тоа е 20 места помалку од последно купените автобуси на Град Скопје и 30 помалку од донираните од ЕУ. Две поевтини понуди биле отфрлени. Значи поскапи. Класичен рецепт за корупција и шеми со местење тендери. Очигледно намерно тендерот се повторувал трипати за да се наместат условите и да се усогласат играчите. Омилените компании на ВМРО од Унгарија и Кина од остри конкуренти преку ноќ станале „партнери“ со заедничка понуда. Наместо да го реши ѓубрето во Скопје, наместо да го реши проблемот со јавниот превоз, Орце мисли на провизии и дилови и со автобусите. Помалку места за Скопјани повеќе пари за арамиите. Вака функционира организирана криминална група. Ќе отвори ли истрага Јавното обвинителство или екскурзијата уште трае? Скопје, 30.09.2026 СДСМКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМакедонски дипломат бил повикан во бугарското МНР, откако на бугарски пратеник не му бил дозволен влез во земјава08:45„Секси мама“ врз грoбот на Никола Карев во „Македониум“ - 500 евра платил косовски рапер за спотот 18:05Косовскиот рапер Дон Џони го изнајмил Македониумот за 500 евра за снимњае на спотот „Секси мама“14:00Мицкоски: За да имаме ефект во преговорите со Бугарија добро е да има претставници од Европската унија 11:11Дизелот од полноќ поевтин за 4,5 денари, бензините поскапи за денар08:38
Македонски дипломат бил повикан во бугарското МНР, откако на бугарски пратеник не му бил дозволен влез во земјава08:45
„Секси мама“ врз грoбот на Никола Карев во „Македониум“ - 500 евра платил косовски рапер за спотот 18:05
Косовскиот рапер Дон Џони го изнајмил Македониумот за 500 евра за снимњае на спотот „Секси мама“14:00
Мицкоски: За да имаме ефект во преговорите со Бугарија добро е да има претставници од Европската унија 11:11