Мицкоски: Во недела излезете масовно и гласајте за Стојанчо Радичевски за да не дозволиме повторно да ни се случи СДС
2Мицкоски: Во недела излезете масовно и гласајте за Стојанчо Радичевски за да не дозволиме повторно да ни се случи СДС
Хелен Мирен има 81 година и со децении вежба по 12 минути дневно- нејзината рутина нема врска со теретана
1Хелен Мирен има 81 година и со децении вежба по 12 минути дневно- нејзината рутина нема врска со теретана
БалканПриштина им се закани на косовските Срби: Имате осум месеци за да ги смените пасошите Властите во Приштина, откако Европскиот парламент се согласи за визна либерализација со Косово, им порачаа на косовските Срби кои имаат пасоши издадени во Србија дека во следните осум месеци можат да ги заменат со косовски документи .Европскиот парламент вчера го поддржа договорот меѓу Европската унија и Косово за укинување на краткорочните визи, со кои на граѓаните на Косово ќе им се овозможи да патуваат во ЕУ, а на граѓаните на земјите членки на Унијата во Косово без визи за период до 90 дена. Косовскиот вицепремиер Бесник Бислими денеска изјави дека, по потпишувањето на актот за визна либерализација, сите носители на пасоши издадени во Србија имаат рок од осум месеци да добијат „редовни косовски документи“, објави косовскиот онлајн портал. „Белград не е во Косово. Кој има пасош издаден во Белград, се надевам дека ќе го искористи рокот од осум месеци да го смени“, рече Бислими. Тој вети дека владата на Косово ќе направи сѐ за да го забрза тој процес и дека до 1 јануари следната година „сите граѓани на Косово ќе имаат легален и валиден пасош“. Холандскиот претставник на ЕП и автор на Договорот за визна либерализација Тијс Ројтен истакна дека Косово како последна земја од Западен Балкан се приклучи на безвизниот режим. На прашањето дали косовските Срби кои имаат пасоши издадени во Србија, која исто така е во режим на визна либерализација, и по одлуката за визна либерализација меѓу ЕУ и Косово, сепак можат слободно да патуваат со тие документи, Ројтен рече дека не можат. „Одлуката беше многу внимателно формулирана. Граѓаните на Косово со косовски документи ќе можат слободно да патуваат“, објасни холандскиот претставник од Групата на прогресивната алијанса на социјалистите и демократите во Европскиот парламент. Визната либерализација ќе стапи на сила кога ќе се воспостави Европскиот систем за информации и овластувања за патување, а најдоцна до 1 јануари 2024 година. Србија не ја признава независноста што Косово ја прогласи во 2008 година и, според одредбите на државниот Устав, го смета за своја територија. Освен пасоши и други документи, властите во Србија им издаваат и регистарски таблички на косовските Срби, кои во претходните месеци беа причина за една од честите кризи на релација Белград-Приштина.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ЕвропаУчениците во Берлин ги блокираа училиштата- не сакаат задолжителен воен рок (ВИДЕО)Студентите во Берлин ги блокираа влезовите на три средни училишта. Тие протестираа против евентуалното повторно воведување на задолжителен воен рок и побараа поголеми инвестиции во образованието. Десетици студенти се собраа рано наутро пред гимназијата Андреас во населбата Фридрихшајн, каде што го блокираа пристапот со канти за ѓубре. Тие носеа транспаренти со пораки како „Стоп на регрутацијата и кратењата во образованието“, „Образование, а не војна“ и „Помали класи“. Протестни акции беа одржани и пред гимназијата Лајбниц во Кројцберг, а дел од студентите организираа поворка во близина на училиштето Елен-Кеј-Шуле. Поддршка за протестите во Франција Иницијативата „Школски штрајк против регрутирање“ објави дека главната цел на акцијата е да се побараат поголеми средства за образовниот систем и да се спротивстават на плановите за враќање на задолжителната воена служба. Die Barrikade am Andreas-Gymnasium hält stand. Das Bündnis studentischer Organisationen, das sich vor allem gegen die Wehrpflicht und die Kriegswirtschaft richtet, befindet sich mit der Polizei in einer angespannten Ruhe. Die Beamten beobachten den Protest aufmerksam. Auf Transparenten und in Sprechchören heißt es: „Hundert Milliarden für Bildung und Soziales“, „Nicht unser Krieg, nicht unser Militär“ und „Freiheit für Palästina“. — junge Welt (@jungewelt) October 16, 2026 Протестите, исто така, покажуваат солидарност со големите студентски протести во Франција, што е истакнато на транспарентот „Солидарност со Франција“. Дејствијата од петок се продолжение на настаните од почетокот на неделата, кога во понеделник учениците од Француската гимназија во центарот на Берлин го блокираа своето училиште за да ги поддржат протестите во Франција.Тагови: Берлин воен рок Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМицкоски најави информирање на НАТО за бегството на Михаилова во Бугарија15:00Мицкоски: Бугарија може да стане прибежиште за криминалци,за случајот со Михаилова ќе разговараме со партнерите во НАТО и ЕУ 08:42Мицкоски: Апсолутна лага е дека Михаилова и адвокатот границата ја минале легално15:00Мицкоски: Нова инвестиција на „Кромберг и Шуберт“ и 2.000 нови работни места во Битола, за производство на Ауди12:11Мицкоски на потпишување договор за нова инвестиција08:43
Мицкоски: Бугарија може да стане прибежиште за криминалци,за случајот со Михаилова ќе разговараме со партнерите во НАТО и ЕУ 08:42
Мицкоски: Нова инвестиција на „Кромберг и Шуберт“ и 2.000 нови работни места во Битола, за производство на Ауди12:11
МакедонијаМицкоски: Во недела излезете масовно и гласајте за Стојанчо Радичевски за да не дозволиме повторно да ни се случи СДС„Браќа и сестри, да не дозволиме разликите да бидат посилни од она што не поврзува, да не дозволиме разочарувањата да бидат поголеми од надежта и да не дозволиме минатото да ја зароби иднината. „Нема да не прашуваат колку политички противници сме победиле, туку колку проблеми сме решиле и нема да не паметат по функциите што сме ги имале, туку по делата што сме ги направиле“, порача претседателот на ВМРО-ДПМНЕ од завршниот митинг во општина Брвеница, во рамките на предвремените локални избори. Мицкоски упати порака до родителите да се сетат на минатите години на власт на СДС кога учебници за нивните деца во училиште немаше и кога наставниците беа принудени да им диктираат лекции, за разлика од сега во период на Влада предводена од ВМРО-ДПМНЕ кога сите учебници се доставуваат до училиштата уште пред почетокот на учебната година. „Сакам да упатам порака и до пензионерите. Сетете се кога пред неколку години пензијата се зголемуваше за 100, 150, 200 денари и денеска кога во овие 24,25 месеци од Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата, платата на работниците и пензијата на пензионерите се зголемуваше линеарно повеќе од 7.000 денари. Сетете се дека и тоа не е можеби доволно, но е многу повеќе од тоа што се случуваше претходно“, рече Мицкоски. Мојата порака вечерва, додаде Мицкоски, е и до земјоделците да се сетат кога власта предводена од СДС им должеше две годинишни програми, а денеска без ни малку срам и чувство на вина излегуваат во Собранието и предлагаат небулозни закони, закони коишто ниту тие коишто ги предлагаат не можат да ги разберат онака како што ги напишале. „И, додека тие мислат дека ние сме го изгубиле помнењето и дека не се сеќаваме за тоа што се случило, ние мораме да излеземе во недела масовно и да го заокружиме бројот 1 за Цоки и да им докажеме дека помниме и дека никогаш нема да дозволиме повторно тие да ни се случат“, порача Мицкоски.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаМицкоски: Изборите во Брвеница се порака за тоа каква држава сакамеИзборите во Брвеница се порака за тоа каква држава сакаме, онаа каква нуди СДС полна со навреди и криминал или исправена Македонија, каква гради ВМРО-ДПМНЕ.„Сакам да ви кажам дека изборите во Брвеница се и порака за тоа во каква држава сакате да живееме. Онаа полна со навреди, криминал, подметнувања и свиткана кичма каква ја сакаат нашите противници, или Македонија во која ќе се бориме за секој човек, исправени и горди и достоинствени“, рече Христијан Мицкоски, премиер и претседател на ВМРО-ДПМНЕ на денешниот завршен митинг во општина Брвеница. Мицкоски посочи дека Брвеница има реални потреби за подобрување на инфраструктурата, за создавање подобри услови за локалната економија, за поддршка на земјоделците, за почиста животна средина и за подобри јавни услуги. „Но, пред сè, има потреба од институции што ќе бидат праведни и достапни. Брвеница ја има поддршката од Владата и со Стојанчо Радичевски, нашиот Цоки, ќе соработуваме за силна општина која ќе биде достапна за сите“, посочи Мицкоски. Додаде дека како претседател на Владата е свесен дека очекувањата на граѓаните се големи и дека ниту еден економски показател не значи доволно, ако неговото подобрување не се почувствува во семејниот буџет. „Можеме да зборуваме за раст на бруто-домашниот производ, за инвестиции, за нови работни места, за инфраструктура и за економски развој, но вистинската вредност на секој таков резултат се гледа во тоа дали едно семејство живее посигурно, дали млад човек добил достоинствена и добро платена работа и дали пензионерот може подостоинствено да ги помине своите години“, потенцираше Мицкоски. Економскиот развој, додаде Мицкоски, не е само бројка во статистички извештај, туку процес кој треба да создава реални можности и затоа Владата мора постојано да биде изложена на проверка. „Владата мора постојано да биде подложна на проверка, на критика и на барање одговорност и тука сакам да бидам јасен, не барам никој да верува во големи зборови без докази, ниту да прифаќа ветувања без резултати. Напротив, барам институциите да бидат оценувани според нивната работа, а политичарите според исполнувањето на преземените обврски. На Македонија не ѝ се потребни политички пресметки во кои најважно е кој кого ќе навреди, туку сериозна дебата за економијата, здравството, образованието, правдата, инфраструктурата и кој посилно ќе ги штити националните интереси“, посочи, меѓу другото, претседателот Мицкоски, се наведува во партиското соопштение. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook