БалканПретставниците на македонскиот клуб „Никола Вапцаров“ не очекуваат проблеми на отворањето И покрај проблемите со кои се соочуваше македонскиот клуб во Благоевград „Никола Јонков Вапцаров“, тој ќе биде свечено отворен како што беше предвдиено, во недела на 30 октомври – велат од клубот за Канал 5. Настанот на кој се поканети премиерите на двете земји, странски амбасадори и медиуми од двете страни на границата е дозволен од градоначалникот на Благоевград, Илко Стојанов, и покрај Деклрацијата што ја донесе општинскиот совет. Во поканата стои дека клубот има за цел да ја развива македонската култура, но и да гради културен мост меѓу Бугарија и Македонија, и да ги зајакне врските меѓу Македонците во Бугарија и Македонците ширум светот. Од клубот, велат дека очекуваат се да помине во најдобар ред и покрај заканите кои изминатиот период ги добиле. -Очекуваме да се отвори, не е исклучено да се појават проблеми поради тоа што некои бугарски лица дадоа изјави за пречки на отворањето на клубот. -Испратена е покана до премиерот на Македонија, како и до премиерот на Бугарија. Во поканите сме ги замолиле премиерите во случај да имаат неодложени обврски во улогата на премиери на државите, да испратат свој претставник кој би бил на ниво на идејата за отворање на клубот. Добивте ли потврда дека некој ќе пристигне? Не, немаме таква потврда ниту од едниот, ниту од другиот премиер. -- Атанас Мазнев – Македонски клуб „Никола Јонков Вапцаров“. На денот на отворањето на македонскиот клуб во Благоевград јас ќе бидам во Скопје – ова е одговорот на премиерот Ковачевски, прашан дали ја добил поканата и дали ќе присуствува на отворањето на клубот. Ковачевски информираше дека паралелно, Владата е при крај со подготвувањето на документација за да се отвори државен културен центар во Благоевград, по примерот на тој во Софија, сосема различен од клубот кој во недела ќе биде отворен од здруженијата на Македонците во Бугарија. -Во недела јас ќе бидам во Скопје, меѓутоа во Министерството за култура и во Владата, бидејќи јас тоа го најавив, веќе ја подготвуваме документацијата за отворање македонски културен центар во Благоевград и тоа барање ќе биде испратено до бугарската Влада. Знаете дека имаме македонски културен центар во Софија и како што кажавме исто така ќе имаме отворање на македонски културен центар во Благоевград коешто барање ќе го испратиме, - Димитар Ковачевски – Претседател на Владата. Клубот „Никола Јонков Вапцаров“ основан е од Иницијативен комитет, во чиј состав е и Здружението за „Заштита на основните индивидуални човекови права“, регистрирано во согласност со бугарскиот закон. Во Македонија, пак, минатиот период беа отворени два бугарски клубови кои предизвикаа бурни реакции поради имињата - Ванчо Михајлов во Битола и Цар Борис во Охрид. Во Собранието по скратена постапка се разгледуваат имзени на законот со кој здруженија нема да можат да бидат именувани по соработници на фашистите, но претседателката на комисија за политички систем Мираковска се уште ја нема закажано седницата. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ЗабаваФото: Најсмелата скокачка во далечина се соблече и ги вжешти социјалните мрежиРуската скокачка во далечина Викторија Баркова (25) во последно време нема постигнато значајни резултати поради повреди. Нејзиниот личен рекорд изнесува 6,43 метри; таа ја постигна оваа далечина на Универзијадата во 2022 година и освои злато. Таа блесна и во јуниорската конкуренција, освојувајќи и злато и бронза пред да направи принудна пауза. Викторија работи како фитнес-тренер, учествува на фотосесии, а во медиумите често ја нарекуваат „најубавата руска спортистка“. Спортистката неодамна го посети Виетнам и сподели серија сончеви фотографии на своите социјални мрежи. Се разбира, објави и фотографија во костим за капење. Следбениците ја пофалија содржината од плажата, како и физичката форма на спортистката. „Совршено“, „Преубаво!!!“, „Изгледаш неверојатно“, „Многу убаво тело“, „Леле!“ – ова се дел од коментарите на нејзините фанови, а таа на Инстаграм има речиси 80.000 следбеници. Убавата бринета не се срами да ја покаже својата прекрасна фигура во смели комбинации, костими за капење и долна облека. Оваа убава Русинка долго време ја претставуваше својата земја во дисциплината скок во далечина, но привлекува уште поголемо внимание со својот изглед, а многумина ја забележуваат и нејзината успешна манекенска кариера.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
НБАДури ни градоначалникот на Њујорк не може да си дозволи влезница за Никси?!Градоначалникот на Њујорк и голем навивач на НБА тимот „Никс“, Зохран Мамдани, нема да присуствува на историскиот натпревар поради високите цени на билетите. Градоначалникот на Њујорк, Зохран Мамдани, нема да биде на трибините во „Медисон Сквер Гарден“ на 20 октомври, кога „Њујорк Никс“ ќе го подигнат шампионскиот банер по повеќе од половина век чекање. Причината? Цената на билетите! На Мамдани, кој е голем навивач на „Никс“, му беше поставено прашање дали ќе присуствува на натпреварот против „Филаделфија 76ерс“, но неговиот одговор беше краток и многу директен. „Брат, немам подготвено 2.000 долари за таа влезница“, рече Мамдани во интервју за „NBC New York“. Q: "Will Knicks repeat?" NYC Mayor Zohran Mamdani: (crosses fingers) “Come on…" Q: "Will you be there when they raise the banner?" Mamdani: "Brother I do not have $2,000" https://t.co/YuIXeH2dQX — New York Basketball (@NBA_NewYork) September 19, 2026 Кога новинарот потоа му предложи дека може да седне на една од највисоките трибини, градоначалникот со насмевка одговори: „Па, токму за тоа зборувам!“ Претходно, Мамдани се осврна на прашањето дали „Никс“ можат да ја одбранат титулата. Тој ги вкрсти прстите и рече: „Ајде де, се надевам – но со поевтини влезници.“ А цените навистина предизвикаа бура меѓу навивачите. Според податоците објавени од „Ројтерс“, цената на најевтината влезница за отворањето на сезоната достигнала 1.251 долар, додека во еден момент изнесувала дури 1.408 долари. „TicketData“ забележала и претходен скок на 1.962 долари. Сепак, подоцна се случил целосен пресврт. Компанијата „Madison Square Garden Sports“ соопшти дека дошло до грешка во одредувањето на цените, поради што продажбата на поединечни влезници била привремено стопирана. Компанијата најави враќање на минатогодишните цени со просечно зголемување од 12 отсто, а на навивачите што веќе купиле влезници по повисока цена ќе им биде вратена разликата.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиЦрн викенд на македонските патишта – три жртви во две сообраќајни несреќи, седуммина повредени 15:00Сиљановска-Давкова: Нека нишката што ја започнаа браќата Манаки продолжи да се ткае и ткае, со знаење, вештина, храброст....09:16Трамп не го доби Гренланд, но договори трајно американско присуство15:00Трамп потпиша закон насочен против руската нафта, гас и поддржувачите на Москва09:10Бајрами спроведен во суд: Не се чувствувам виновен за скандалот во Лотарија18:11
Сиљановска-Давкова: Нека нишката што ја започнаа браќата Манаки продолжи да се ткае и ткае, со знаење, вештина, храброст....09:16
ЖивотДедо Мраз гласаше на изборите за Руската думаВо Нижни Новгород – Дедо Мраз „Јушто Кугиза“ пристигна да гласа на изборите за Руската државна дума во својот роден крај во руската Република Мари, соопшти регионалната изборна комисија. „Својот избор го направија претставници на најнеочекувани професии. На пример, марискиот Дедо Мраз, Јушто Кугиза – име што на мариски јазик се преведува како ‚Ладен Дедо“. Тој не ја чекаше зимата и дојде лично да гласа“, изјавија од Изборната комисија на Република Мари, како што пренесе агенцијата РИА Новости. Резиденцијата на марискиот Дедо Мраз се наоѓа во селото Кукнур во областа Сернур – најсеверната точка на републиката – каде што тој живее со својата внука, Лумудир. „Јас, Јушто Кугиза, марискиот Дедо Мраз, денес лично дојдов на избирачкото место. Гласањето од далечина е добра работа, но личното присуство е нашиот начин – марискиот начин. Ве повикувам да ни се придружите, било лично или од далечина. Најважно е да го направите својот избор“, рече тој вчера во обраќањето до жителите на републиката. Заклучно со 1 јули 2026 година, бројот на гласачи во оваа руска република изнесува 520.714, а низ регионот се отворени 495 избирачки места.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter