Претставен е портретот на кралот Чарлс III што ќе се користи на британските монети - Канал 5

Претставен е портретот на кралот Чарлс III што ќе се користи на британските монети

Портретот на кралот Чарлс III. за идните британски монети со неговиот лик, е претставен денеска во Кралската ковачница.

Претставен е портретот на кралот Чарлс III што ќе се користи на британските монети

Тој портрет ќе биде прикажан на две монети во специјалната серија што го слави животот на кралицата Елизабета Втора, едната од пет фунти, а другата од 50 пени.

Монетите ќе влезат во оптек „во наредните месеци“, најверојатно во декември, објави Кралската ковачница. Официјалниот портрет на кралот на идните монети е дело на скулпторот Мартин Џенингс.

„Според традицијата, портретот на кралот е свртен лево, во спротивна насока од кралицата Елизабета Втора на британските монети кои сега се во оптек“, соопштија од Кралската ковачница. На задната страна на комеморативната монета од 5 фунти ќе бидат прикажани два нови портрети на Елизабета Втора, потпишани од уметникот Џон Бергдал.

„Сите британски монети со ликот на Елизабета Втора ќе останат во оптек“, објави Кралската ковачница, институцијата која е одговорна за портретите на кралското семејство на монетите повеќе од 1.100 години. Во моментов во Обединетото Кралство се во оптек 27 милијарди монети на Елизабета Втора. и тие постепено ќе бидат заменети како што ќе се оштетуваат, велат од Кралската ковачница.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Лоши вести за „Google“ во Русија: Пристигна пресудата, мора да платат повеќе од 1,63 милијарди евра

Рускиот суд ја отфрли жалбата на гигантот: „Google Ireland“ мора да плати рекордна сума на сопствената филијала поради спорни трансакции и раскинување на договори.

Лоши вести за „Google“ во Русија: Пристигна пресудата, мора да платат повеќе од 1,63 милијарди евра

Московскиот окружен арбитражен суд ја отфрли касациската жалба на „Google Ireland Limited“ и „Google International LLC“ против одлуката за наплата на 160,3 милијарди рубљи (околу 1,63 милијарди евра) во корист на руската филијала на „Google“, објави денес Комерсант.

Во февруари, московскиот суд му наложи на „Google Ireland“ да плати 101,7 милијарди рубљи (околу 1,04 милијарди евра) од главниот долг и дополнителни 58,6 милијарди рубљи (околу 601,6 милиони евра) камата.

Деветтиот арбитражен суд во Москва ги отфрли жалбите на меѓународните структури на „Google“ во јуни, по што тие поднесоа касациска жалба, која сега е одбиена од Московскиот окружен арбитражен суд.

Спорот го покрена стечајниот управник на руското правно лице „Google“, Валериј Таљаровски, кој побара одредени трансакции меѓу рускиот и ирскиот дел од компанијата да бидат поништени.

Предмет на спорот беше раскинувањето на договорот за препродажба на рекламен простор од 2009 година, како и склучувањето на нов договор во април 2018 година.

Таљаровски, исто така, ги оспори плаќањата извршени од руската филијала кон „Google Ireland“ во вкупен износ што надминува 373,7 милијарди рубљи (околу 3,84 милијарди евра), извршени од април 2018 година до март 2022 година.

Судот го прифати барањето на стечајниот управник.

Руските судови претходно донесоа и други одлуки против „Google“.

Во февруари оваа година, Врховниот суд на Русија не прифати да го разгледа барањето на „Google International“ за преиспитување на одлуките на пониските судови што ги признаа тужбите на руските телевизиски канали против рускиот „Google“ за блокирање на нивните канали на „YouTube“.

Извор: Б92

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Николоски: Градиме нов автопат, за подобро поврзување со Косово и Црна Гора, ја градиме Македонија

Николоски потенцира дека проектот ќе донесе развој и посилно регионално поврзување

Николоски: Градиме нов автопат, за подобро поврзување со Косово и Црна Гора, ја градиме Македонија

Автопатот Скопје–Блаце е значаен инфраструктурен проект кој треба да го зајакне транспортното и економско поврзување на Македонија и регионот, истакна денеска заменик пртеседателот на Владата и министер за транспорт, Александар Николоски, на поставување на камен темелник за изградба на автопатот Скопје-Блаце.

Тој потенцира дека проектот ќе донесе развој и посилно регионално поврзување, отворајќи нови можности за пристап до пристаништата Драч и Бар и дополнително зацврстувајќи ја позицијата на Македонија како транспортна раскрсница на Балканот.

"Навистина е убаво кога се почнуваат нови проекти и кога се гледа нешто што во следните неколку години ќе донесе дополнителен развој, едно силно поврзување на нашата држава со Косово и со Црна Гора, отворање кон најмалку две пристаништа – дополнително отворање кон пристаништето Драч и отворање кон пристаништето Бар – и уште повеќе зацврстување на Македонија како една раскрсница на Балканот. Кога оваа Влада беше формирана во 2024-тата година, јасната политика и визија на премиерот Мицкоски беше дека Македонија треба да стане раскрсница на Балканот, да ја искористиме нашата уникатна положба каде што два паневропски коридори – Коридорот 8 и Коридорот 10 – се пресекуваат, а на нив се надоврзуваат и Коридорот 11 и Коридорот 6", истакна вицепремиерот Николоски.

Министерство за транспорт

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Рахим Стерлинг се соочува со затворска казна

Поранешниот фудбалер на Челзи, Манчестер Сити, ...Рахим Стерлинг би можел да се соочи со казна затвор до две години доколку биде прогласен за виновен за опасно возење.

Рахим Стерлинг се соочува со затворска казна

Против 31-годишниот фудбалер се покренати обвиненија откако учествувал во судир на автопат додека го управувал својот „Ламборгини“, чија вредност изнесува 270.000 фунти (315.000 евра).
Тој исто така се товари за поседување азотен оксид наменет за вдишување и за одбивање да даде примерок за тестирање, пренесува Goal.com. Портпарол на полицијата во Хемпшир и на Островот Вајт го потврди случајот. „Возачот треба да се појави пред суд следниот месец и да одговара на обвиненијата по судирот на автопатот М3.

Рахим Стерлинг (31) од Беркшир е обвинет за опасно возење, поседување азотен оксид за недозволено вдишување и одбивање да даде примерок“, се наведува во соопштението.

Обвинението поврзано со поседувањето на азотен оксид – познат како „гас за смеење“ – е особено сериозно бидејќи оваа супстанца е класифицирана како дрога од класа Ц уште од ноември 2023 година.

Неговата употреба и понатаму претставува проблем во професионалниот фудбал, со оглед на потврдените ризици од срцев удар, мозочен удар и оштетување на мозокот. Стерлинг беше пуштен на слобода со кауција за време на истрагата и сега мора да одговара пред судот по поднесените обвиненија. Незгодата се случи во близина на клучката „Минли“; сведоците пријавија дека автомобилот удрил во заштитната ограда на автопатот.

Во судирот немаше повредени, но Стерлинг е обвинет за сериозен прекршок поради начинот на кој управувал со возилото, според описите на очевидците.

По инцидентот, поранешниот англиски репрезентативец ретко се појавува во јавноста и само повремено објавува содржини на социјалните мрежи, поминувајќи го времето со своето семејство. Слободен играч без клуб Овие правни проблеми доаѓаат во момент кога фудбалерот, кој четири пати ја освоил Премиер лигата, се соочува со тешка фаза во својата кариера. По периодот исполнет со трофеи во Манчестер Сити, неговиот трансфер во Челзи во 2022 година, вреден 56 милиони евра, се покажа како лоша одлука.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер