Инспиративна приказна од Германија: Млад брачен пар од струмичко со сопствена служба за медицинска нега
2Инспиративна приказна од Германија: Млад брачен пар од струмичко со сопствена служба за медицинска нега
МакедонијаПренџов: Каде е велелепниот економист на социјалдемократскиот сојуз Фатмир Битиќи, каде се Ковачевски, Оливер? Каде е велелепниот економист на социјалдемократскиот сојуз Фатмир Битиќи, каде се Ковачевски, Оливер? Оваа Влада на ВМРО-ДПМНЕ е 3,5 пати поуспешна од минатата влада на СДС.На денешната седница на Комисијата за финасирање и Буџет се обрати пратеникот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Љупчо Пренџов кој што истакна дека пратениците на СДС ги нема на седницата, ги нема Фатмир Битиќи, Ковачевски и Оливер. „Почитувана колешке, најпрво го почитувам фактот што излеговте да зборувате на тема ребаланс на Буџет и сметам дека не е срамота тоа што кажувате 7,000, 26 милијарди, 1057 милијарди. Срамота е на тие што разбираат бројки и не се тука. Срамот не оди на вас, оди на нив. Колку можевте се обидовте од тоа што сте го слушале да кажете некоја флоскула реченица. Тие се шверцерски, душмански, тие се зборовите, ги знаеме. Но клучно прашање е каде е велепниот економист на социјалдемократскиот сојуз и вашата пратеничка група Фатмир Битиќи“ кажа Пренџов и додаде: „Главата ни ја однесе овдека. Каде е Гордана? Каде е министерката? Зошто се крие? Зошто бега? Еве ја министеркава е тука, него го нема. Лани исто беше. Каде е министерката? Зошто се крие? Зошто бега? Дојде на буџет она стаса, тој во Тајван отиде. Тој треба да дојде да каже и да го нападне буџетот ако има аргументи. Затоа ви кажувам почитувам тоа што сте излегле, но тоа не ја отсликува реалноста на макроекономијата и на финансиските текови во рамки на Буџетот на Република Македонија.“ нагласи Пренџов. Пренџов упати прашање каде се Ковачевски, Оливер, Битиќи и останатите „економисти“ на СДС. ''Каде е Таче да каже нешто? Ковачевски беше премиер, беше министер за финансии, заменик министер за финансии го нема. Каде е Оливер? Учествуваше во изработката на 12 буџети. Го нема нешто да каже, молчи. Секогаш тоа ви го зборувам просечниот раст на економијата на БДП то, тоа е основна бројка во Буџетот и од таа бројка потоа се прави се во државата и приходи и расходи и проекции се од БДП-то бруто домашен производ. Вашиот просек е 1,1% по просек сте растеле секоја година тие 7 години 2017, до 24 односно 18та 23,1%“ нагласи Пренџов. Пренџов истакна дека оваа Влада предводена од ВМРО-ДПМНЕ е три пати поуспешна од минатата влада на СДС. „Да немало влада само да била економијава повеќе растела. Денес расте 35, 36, 37, 34 или 3 и пол пати повеќе. Дали е малку тоа што оваа Влада е три ипол пати поуспешна од вашата? Можеби и малку, бидејќи за овој пустош треба и повеќе и се надевам дека ќе биде во иднина и повеќе. И тука тоа да го расчистиме со деминутивот трета економија во свет. Никој не вика дека ние сме појаки од Германија, од Италија. Тоа е нормално. Правиме муабет колку расте БДПто. БДП-то ви покажува на колку добар пат сте и ние сме на добар пат. Вака да сме растеле по 3 и кусур цело време уште од 2015 од кога почнаа политичките процеси во Република Македонија на сметка на економските сега ќе сме имале БДП 30 милијарди. Затоа почитувана колешке еве се обидувам помалку бројки да зборувам повеќе да биде политички бидејќи така вие настапивте. Сублимирам, почитувам тоа што излеговте. Не се тие бројките, не е таа состојбата. Тие се флоскулите за напад. Тоа е ваше, но состојбата е сосема различна“ заклучи Пренџов. Со почит, Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиКрај на кризата во Гостивар? Од утре се очекува укинување на забраната за пиење вода15:00Шестмина се приведени за пораките дека во водата во Скопје е пронајдена бактерија08:42Канал 5 дознава: Шестмина се приведени за пораките дека во водата во Скопје е пронајдена бактерија18:00Прогласена епидемија на западно-нилска треска во пет скопски општини- почина 83 годишен пациент15:00Прогласена епидемија од западнонилска треска во Кисела Вода, Илинден, Гази Баба и Бутел12:31
Канал 5 дознава: Шестмина се приведени за пораките дека во водата во Скопје е пронајдена бактерија18:00
МакедонијаМНРиТ: Со внимание ја следиме актуелната состојба со пожарите во ГрцијаМинистерството за надворешни работи и надворешна трговија со внимание ја следи актуелната состојба со пожарите во Грција, преку своето дипломатско-конзуларно претставништво во Солун и во комуникација со надлежните грчки институции.Апелираме до нашите државјани кои се наоѓаат во погодените подрачја и имаат потреба од помош да се обратат на дежурниот телефонски број на Министерството +389 75 268 736, на електронската адреса [email protected], како и на дежурните телефонски броеви на Конзулатот на Република Македонија во Солун: +30 694 526 8068 и +389 71 323 001. Воедно, ги потсетуваме македонските државјани кои се наоѓаат во засегнатите подрачја внимателно да ја следат состојбата и да ги почитуваат упатствата и насоките на надлежните локални власти. МНРиТТагови: МНРиТ Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
Шоу бизНикол Кидман за нејзиниот брак со Том Круз: „Бев млада, се заљубивме лудо“Актерката Никол Кидман се осврна на својот брак со Том Круз и нагласи дека врската била сосема природен дел од нејзиниот живот.Иако рано влегла во светот на славата, таа вели дека нејзината врска со една од најголемите ѕвезди на ерата ѝ изгледала нормална, пишува британскиот Вог. Брак на 22 години Кидман објасни дека се чувствува удобно на настани како што се модни ревии и на црвени теписи бидејќи многу рано била потопена во тој свет. „Мора да размислите за кого се омажив толку млада. Бев турната во тој свет на 22 години. Бев навистина млада“, рече таа. За нејзиниот брак со Круз, таа додаде: „Одеднаш, на 23 години, имав сопруг кој беше светски позната филмска ѕвезда. Ми се чинеше сосема природно. Едноставно се заљубивме лудо и сè беше многу едноставно“. Кариера и љубов Актерката изјави дека многу луѓе биле против нивната врска во тоа време, загрижени за нејзината кариера. „Се сеќавам дека луѓето ми кажуваа како тоа ќе влијае на мојата кариера. Реков дека не ми е гајле бидејќи бев заљубена и сакав да се омажам“, рече таа. Деценија брак и развод Кидман и Круз се запознаа во 1990 година на снимањето на филмот „Days of Thunder“. Тие беа во брак повеќе од десет години, а официјално се разведоа во август 2001 година. Кидман подоцна зборуваше за овој период во интервју за „Vanity Fair“. „Имав многу време за себе, што беше добро бидејќи бев практично дете кога се омажив. Требаше да пораснам“, рече таа во тоа време. Нов живот и поглед назад Во 2006 година, таа се омажи за пејачот Кит Урбан. Двојката го објави својот развод во 2025 година по 19 години брак, а заедно ги имаат ќерките Сандеј Роуз и Фејт Маргарет. Во претходно интервју за „New York Magazine“, Кидман објасни зошто не сакаше да зборува за нејзиниот брак со Круз. „Секогаш не сакав да зборувам за тоа како се омажив за Том Круз на 22 години. Сега сум во брак со маж кој е моја голема љубов и чувствувам дека тоа би било непочитување кон него“, рече таа, додавајќи дека бракот ја заштитил од негативни искуства во индустријата. „Се омажив од љубов, но тоа што се омажив за исклучително моќен маж ме заштити од сексуално вознемирување. Работев, но во исто време бев многу заштитена, како во кожурец“, заклучи таа. Извор: Индекс.хрТагови: никол кидман Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ЖивотИнспиративна приказна од Германија: Млад брачен пар од струмичко со сопствена служба за медицинска негаОд Германија пристигнува една исклучително позитивна и инспиративна приказна за двајца млади Македонци кои докажуваат дека дури и далеку од дома со труд, желба и истрајност, соништата се остваруваат.Кире и Цветанка Коцеви, родени во 2002 година во струмичкото село Ангелци, веќе 7 години живеат и работат во Германија. Иако млади, преку сопствената посветеност и напорна работа, тие успеале да постигнат голем деловен успех: отворање на сопствена служба за амбулантна нега. Нивната компанија обезбедува професионални медицински и хигиенски услуги за пациенти во нивните домови. „ За нас ова е голем успех и убаво е да за ова нешто да дознае јавноста, за да може да мотивираме повеќе народ да не се откажуваат од нивните сонови. Затоа што ние лично сме во туѓа земја ама сепак достигнавме нешто убаво ипозитивно, тоа е добро да се слушне за мекдонскиот народ, а не само негативни вести за Македонија“, порачуваат Кире и ЦветанкаТагови: медицинска нега Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter