АвтомобилизамПремиерно се појави Scorpionissima, никогаш посилен Абарт (ФОТО)Новиот Abarth 600e ги поминува последните тестови и е подготвен за јавна премиера во Милано, каде деновиве треба да се снима нова реклама.Возбудлива, мускулеста и агресивна, неговата прва слика веднаш го открива „злобниот“ лик на верзијата Scorpionissimo, која ќе биде произведена во ограничено издание од 1949 единици. Направен да ги остави љубителите на марката без здив, моделот Scorpionissima е изграден околу три главни карактеристики: дизајн за постигнување максимални перформанси, структура на автомобилот што го прави најмоќниот Abarth досега и натпреварувачки дух што ги привлекува купувачите кон марката. Опремен со 240 КС, новиот Abarth 600e Scorpionissima е жесток во секоја смисла. Никогаш немало помоќен Абарт. Покрај тоа, опремата на новиот Abarth докажува дека перформансите се мантрата што ги инспирирала инженерите на Abarth. Направен да биде единствен во класата на електрични автомобили, Abarth 600e располага со механички диференцијал со ограничено лизгање (или популарно познат како „шпер“) кој гарантира одлична стабилност при возењето, подобрено управување и влечење. Сето ова го издигнува автомобилот на нови височини, особено во комбинација со пневматиците со високи перформанси развиени заедно со добавувачот на Формула Е за да се обезбеди максимален стисок и да се гарантира спортска динамика во сите типови услови. Однадвор се гледа дека ова е Абарт! Агресивни бои, аеродинамичен заден спојлер дизајниран да ги максимизира перформансите, низок профил и 20-инчни тркала дизајнирани да одговараат на специјално развиениот систем за сопирање.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
СветРуте: Видовме што им се случи на бродовите вчера. САД мораа да го нападнат ИранГенералниот секретар на НАТО, Марк Руте, ги поддржа американските напади врз повеќе од 80 цели во Иран, извршени како одговор на иранските напади врз три трговски брода што минуваа низ Ормутскиот теснец.„Мислам дека беше апсолутно неопходно, бидејќи постои примирје, а Иран очигледно го крши. Видовме што се случи вчера со нападите врз бродовите“, рече Руте денес во Анкара, на маргините на самитот на НАТО. „Апсолутно е клучно САД да одговорат решително“, додаде тој пред консултациите на лидерите на 32-те членки на НАТО Во меѓувреме, Кувајт беше нападнат, додека утрово во Бахреин се огласија сирени за воздушен напад, откако иранските медиуми објавија дека иранската војска најавила одговор на американските напади.Тагови: Иран Марк Руте Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаСедница на Судскиот совет, на дневен ред одлука за избор на претседател на Кривичен судСудскиот совет на Македонија денеска треба да одржи седница на чиј дневен ред се повеќе точки.Судскиот совет на Македонија денеска треба да одржи седница на чиј дневен ред се повеќе точки, меѓу кои и усвојување на извештај со предлог листа на кандидати за претседател на Основен кривичен суд Скопје и донесување на одлука за избор на претседател на Основниот кривичен суд Скопје. На дневен ред, е и усвојување на измени и дополнувања на годишната програма за работа на Судскиот совет за 2026 година, како и избор и разрешување на судии поротници и формирање комисии на известители по барања за утврдување одговорност на судија/претседател на суд.Тагови: Судски совет Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
СветАмерика силно го нападна Иран, следуваше жестока одговорАмерика ноќва изврши силни напади врз Иран по нападот на неколку танкери во Ормутскиот теснец. Иран тврди дека утрово возвратил со напади врз американски воени цели во регионот.Американските воздушни напади врз Иран од синоќа беа „четири или пет пати“ поинтензивни од претходните американски одговори на иранските прекршувања на меморандумот за разбирање, изјави новинарот на „Аксиос“, Барак Равид, цитирајќи американски функционер. Според неговиот извештај, целите на нападите вклучувале локации за воздушна одбрана, ракети земја-воздух, системи за крајбрежен надзор, места за лансирање беспилотни летала, пристанишни објекти и лансери на крстосувачки ракети против бродови. Footage of US airstrikes hitting Iran’s Bandar Abbas tonight: pic.twitter.com/ycUezpWhCH — OSINTtechnical (@Osinttechnical) July 7, 2026 Иран утрово одговори на ноќешниот напд. Иранската Исламска револуционерна гарда (ИРГГ) објави дека нападнала 85 американски воени цели во Бахреин и Кувајт. Како што се наведува во соопштението, нападот бил изведен како одговор на она што го нарекоа „кршење на примирјето“, до кое дошло откако Соединетите Држави извршиле серија воздушни напади во јужниот дел на Иран. Претходно беше јавено дека во Бахреин и Кувајт се огласиле сирени за предупредување од ракетни напади, додека иранската војска упатила официјално предупредување дека подготвува „разорен одговор“ на американските напади.Тагови: Иран САД Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter