НБРМ: Од 5 ноември ќе се врши исплата на средства за граѓаните без платежни картички во главната филијала во Битола на АЛТА банка АД Битола
2НБРМ: Од 5 ноември ќе се врши исплата на средства за граѓаните без платежни картички во главната филијала во Битола на АЛТА банка АД Битола
Карни: Канада нема да им дозволи на натпреварувачи од Русија или Белорусија да учествуваат на Светското јуниорско првенство во хокеј
2Карни: Канада нема да им дозволи на натпреварувачи од Русија или Белорусија да учествуваат на Светското јуниорско првенство во хокеј
КултураПремиера на мјузиклот „Пенелопе Х“ на сцената на МОБПенелопе Х е насловот на мјузиклот, кој премиерно утревечер ќе биде изведен на сцената на Македонската опера и балет. Автор на делото е македонскиот композитор Никола Коџабашија, а режијата е на данската гостинка Миа Теил Хав.Министерката за култура Елизабета Канческа - Милевска на денешната прес-конференција истакна дека проектот е дел од програмата на Министерството и е во согласност со заложбите за поттикнување на домашното уметничко творештво и поддршка на македонски автори и уметници кои живеат и творат надвор од границите на државата. Пенелопе Х, додаде, ја обединува уметничката елита и на сцената презентира дело со модерен и провокативен музички јазик. - Кредибилитетот на имињата на Венко Андоновски, кој е сценарист на музичката драма, Мирослав Масин, кој се јавува во својство на визуелизатор и автор на сценските ефекти, режисерот Игор Иванов Изи како светло дизајнер, бендот „Фолтин“, реномираните оперски солисти Весна Ѓиновска Илкова, Славица Петровска Галиќ, бројната актерска екипа, како и членови на хорот, балетот и оркестарот на МОБ, доволно зборува дека утревечер ќе имаме впечатлива и успешна премира на мјузиклот Пенелопе Х кој, верувам, ќе го најде својот пат и до многу други уметнички средини во Европа и светот, рече Канческа- Милевска. Според композиторот Коџабашија, кој живее и работи во Велика Британија, делото е базирано на истоимениот музички проект што го создаде пред четири години во соработка со Фолтин и Гоце Стефковски, без комерцијални амбиции, а кое помина мошне успешно кај публиката. Од тогаш вели настанаа повеќе верзии на приказната, а оваа сместена во мјузиклот базира на Хомеровата Одисеја, а ги третира прашањата на идентитетот – националниот и индивидуалниот. - Се занимававме со некои страници од Одисејата кои можеби и се изгубени, не се прочитани точно или се прочитани наопаку, ...Ова е приказната во која секој човек би требало да се најде од 18 до 88 години. Претставата е црна комедија, смешна, темна, забавна, се разбира со многу мрачна поука за сите нас. Меѓутоа претставата е посветена конечно и на МОБ, бидејќи е приказна за оваа институција, а во исто време е приказна и за една мала земја-Македонија, но од еден друг аспект, вели Коџабашија. Писателот Андоновски појасни дека прашањето кое си го поставиле е кој денес би можел да биде Одисеј, а производот е, вели, една современа приказна за идентитетот. Поставено е прашањето и за колективниот, значи националниот идентитет – кои сме, зошто не сме признаени од една европска визура, но поставено е и прашањето за индивидуалниот идентитет. - Претставата е комична, весела, има црни дијагнози, се разбира, особено затоа што боговите се претставени како една светска елита, неименувана која решава за судбината на малите народи, меѓутоа тие црни дијагнози се секогаш видени низ призмата на човечкото. Се трудевме тоа да биде весело, низ стих, игриво, во светли бои и никогаш да не кажеме дека битката е загубена, вели сценаристот Андоновски за кого ова е прво искуство со мултимедијален проект. Ликовниот уметник Масин, за кого ангажманот на ваков вид проект е исто така ново искуство, се надоврза дека и тој во визуелниот дел од проектот, во негов манир, користи весели бои, а присутна е и анимација. Пенелопе Х е во продукција на МОБ, во копродукција со британската компанија „Рајатс“ (Riotus Company). По „Чија си“, мјузиклот „Пенелопе Х“ се поставува на сцената на МОБ по пауза од девет години.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиФијаското на Трамп. Демократите ги освоија двата дома на Конгресот08:33Народната банка воведе тримесечна привремена администрација во Алта банка15:08Тројца вработени во Народната банка се именувани за администратори на Алта банка 11:00Драматично пред затворените експозитури на „Алта банка“: Битолчани бараат да влезат внатре и да си ги земат парите15:00Уапсен Давор Мацура: Полицијата повеќе од 30 часа ја пребарувала банката11:39
Драматично пред затворените експозитури на „Алта банка“: Битолчани бараат да влезат внатре и да си ги земат парите15:00
ФудбалХаос во светската куќа на фудбалот: Инфантино (не) може да добие нов мандат?!Според статутот на организацијата, Џани Инфантино не може да се кандидира за четврти мандат како претседател на ФИФА во 2027 година, изјави синоќа поранешниот шеф на Управниот комитет на ФИФА, Мигел Мадуро.Дали Џани Инфантино може да остане на чело на ФИФА? Во исто време, организацијата за човекови права „Ферсквер“ (FairSquare) испрати писмо до националните сојузи-членки, повикувајќи ги да го прогласат за неподобен за кандидатура. „Ферсквер“ претходно побара од ФИФА да донесе одлука според која Инфантино нема право да бара нов претседателски мандат, со образложение дека тој веќе ги одработил максималните три мандати дозволени според статутот на организацијата. Сепак, Инфантино успешно аргументираше дека неговиот прв мандат на чело на организацијата – кога беше избран на Вонредниот конгрес во 2016 година, по оставката на Сеп Блатер – не треба да се смета во тоа ограничување, бидејќи претставувал завршување на еден прекинат мандат. Во декември 2022 година, Советот на ФИФА „едногласно потврди“ дека периодот помеѓу 2016 и 2019 година не се смета за мандат на Инфантино, но организацијата „Ферсквер“ (FairSquare) наведува дека образложението за таквата одлука никогаш не било јавно објавено. „Членот 33, став два од Статутот на ФИФА е многу јасен кога вели дека ниедно лице не може да ја извршува функцијата претседател повеќе од три мандати“, изјави Мадуро за новинарите. „Џани Инфантино беше избран три пати; тој беше претседател на ФИФА во текот на три мандати. Затоа, според мене, уште еден претседателски мандат на Инфантино не може да биде во согласност со правилата.“ Мадуро е португалски правник кој беше отстранет од својата функција во ФИФА во 2017 година, откако го блокираше реизборот на рускиот заменик-премиер Виталиј Мутко во највисокото раководно тело на организацијата. Мадуро додаде дека формулацијата на правилото не предвидува никаков исклучок за случај на скратен мандат. „Текстот на таа одредба е јасен – се зборува за три мандати. Не се прави разлика дали тие мандати се целосни или нецелосни, дали се четиригодишни или пак траеле помалку од четири години“, рече Мадуро. Изгледите за реизбор на Инфантино значително се подобрија минатиот месец, откако првиот човек на азискиот фудбал ја поддржа неговата кандидатура, додека поддршката од разните конфедерации му обезбедува доминантна позиција меѓу 211-те членки на ФИФА кои имаат право на глас.Тагови: ФИФА Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
Рецепти„Гответе со Дракче“ - СаганакиВо среда (28.10.2026) во емисијата гостин ни бeше Мартин Јорданоски.Состојки за денешниот рецепт: 1 пакување ракчиња 1 козерва доматни пелати 1 домат 1 мало пакување фета сирење 1 лажиче сенф 1 главица кромид 2 - 3 чешниња лук маслиново масло сол, бибер и нане 2 потпечени лепчиња Погледнете како се подготвува овој рецепт: Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ЖивотКарни: Канада нема да им дозволи на натпреварувачи од Русија или Белорусија да учествуваат на Светското јуниорско првенство во хокејКанада нема да им дозволи на натпреварувачи од Русија или Белорусија да учествуваат на Светското јуниорско првенство во хокеј на мраз, кое треба да започне следниот месец во покраината Алберта, изјави во вторникот премиерот Марк Карни.Канада нема да им дозволи на натпреварувачи од Русија или Белорусија да учествуваат на Светското јуниорско првенство во хокеј на мраз, кое треба да започне следниот месец во покраината Алберта, изјави во вторникот премиерот Марк Карни пред новинарите. Канада, клучен меѓународен сојузник на Украина во војната против Русија, веќе ја осуди одлуката на Спортскиот арбитражен суд од минатата недела, со која им се дозволува на Русите да се натпреваруваат на настани организирани од Меѓународната федерација за хокеј на мраз. Предвидено е Светското јуниорско првенство да се одржи во периодот од крајот на декември до почетокот на јануари. „Сè додека Русија и Белорусија ја поддржуваат оваа незаконска, неоправдана и ужасна војна во Украина, и сè додека таа трае, ниту еден од тие спортисти нема да се натпреварува за својата земја во Канада“, изјави канадскиот премиер. „Значи, ако прашувате конкретно за Светското јуниорско првенство – Русите нема да бидат таму“, рече тој на телевизиска прес-конференција одржана по завршувањето на самитот во Антигва. Претходно во вторникот, националните федерации за хокеј на мраз на Норвешка, Данска, Шведска и Чешка изјавија дека ќе одбијат да играат против Русија на Светското првенство во хокеј на мраз за мажи, кое следната година ќе се одржи во Германија.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter