Прегазил жена и нејзиното куче, а не се сеќава- возел Тесла на автопилот - Канал 5

Прегазил жена и нејзиното куче, а не се сеќава- возел Тесла на автопилот

Беше прашање на ден кога тоа ќе се случи: Возач на Tesla кој наводно удрил и усмртил пешак во Минесота вели дека не се сеќава дека прегазил некого.

Прегазил жена и нејзиното куче, а не се сеќава- возел Тесла на автопилот

А ако го направил, вели дека го имал вклучено автопилотот, пишува Стар трибјун, а пренесува американскиот портал Јалопник.

Возачот првично негирал дека ја прегазил лекарката од округот Мил Лакс, 56-годишната Кети Донован, но доказите покажале дека ја прегазил. Возачот на Tesla X тврди дека не се сеќава дека ја убил несреќната жена бидејќи автопилотот бил вклучен и тој ги проверувал работните мејлови, се вели во извештаите.

На 13 ноември 2023 година, др. Кети Донован рано навечер ги шетала своите две кучиња. Кога се обидела да го помине автопатот, таа и едно од нејзините кучиња биле фатално погодени од теренецот, кој побегнал од местото. Фотографиите од сообраќајната камера подоцна ќе го идентификуваат како сив Tesla Model X, а записите од мобилните телефони го покажуваат мажот на местото на настанот кога жената била убиена. Очевидци изјавиле дека нејзиното тело било видливо на хаубата на возилото.

Канцеларијата на шерифот на округот Мил Лакс претходно објавил слика и опис на осомниченото возило, а шерифот Кајл Бартон рече дека иследниците веруваат дека Донован била на хаубата на возилото што ја погодило „најверојатно неколку илјади стапки“.

Човекот кој бил во Тесла - и останува неидентификуван бидејќи истрагата се уште е во тек - првично негирал каква било одговорност, но доказите против него се натрупале.

Неговиот адвокат рече: „Мојот клиент е со скршено срце што е вмешан во несреќата со г-ѓа Донован и е скршен за нејзиното семејство, нејзините најблиски и заедницата. Посветени сме да ја дознаеме целата вистина за тоа што се случило.

Мојот клиент доброволно разговараше со инспекторите и објасни колку е веројатно неговиот автомобил да ја користи целосната способност за самовозење на Тесла. Тој ќе продолжи целосно да соработува со оваа истрага до нејзиното завршување“.

Оштетувањето на Tesla Model X на мажот, податоците од мобилниот телефон, изјавите на очевидци и примероците од косата може да го наведат човекот да ја промени својата приказна од целосно негирање до едноставно дека не се сеќава дека ги прегазил Донован и нејзиното куче бидејќи неговата Тесла бил на автопилот.

Ако истрагата утврди дека тоа е така, тешко дека ќе биде првпат функциите за помош на возачот на Tesla да бидат вклучени во фатален инцидент. Сепак, дури и тогаш е тешко да се замисли дека не можете да се сетите дека сте убиле некого додека сте зад волан на возилото.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Идниот месец раст на пензиите според законската формула, висината на зголемувањето сè уште непозната

По двете линерани покачувања од 1000 денари во септември лани и март годинава – пензиите идниот месец ќе се усогласт процентуално согласно важечкиот закон, вели во изјава за Канал 5 министерот за социјална политика, демографија и млади.

Идниот месец раст на пензиите според законската формула, висината на зголемувањето сè уште непозната

По двете линерани покачувања од 1000 денари во септември лани и март годинава – пензиите идниот месец ќе се усогласт процентуално согласно важечкиот закон, вели во изјава за Канал 5 министерот за социјална политика, демографија и млади, Ѓоко Велковски.

Колку ќе изнесува покачувањето засега остнаува непознато. Ресорниот министер вели пресемтката ќе се прави по позната формула утврдена со закон и тоа 50 проценти од трошоците за живот и 50 проценти од порастот на просечната исплатена плата во земјава.

„Ќе се исплати оној процентуалниот износ на пензиите односно 50 % трошоци за живот и 50 % од порастот на просечната исплатена плата во земјава на сите вработени тој ќе се применува бидејќи е важчки закон и немаме промена во тој член 37... “ - Ѓоко Велковски – министер за социјална политика, демографија и млади.

Откако во јавноста се отвори прашањето за евентуално укинување на вториот пензиски столб, ресорниот министер вели во моментов во државава има важечки закон, но се прават анализи кои генерално се насочени кан тоа како функционира целиот пензиски систем во земјава и откако ќе завршат ќе се знае дали и во која насока би имало промени во системот.

„Ние во овој момент како што спомнав ги праиме анализите кои ги прават ММФ и Светска банка. Кога ќе се комплетира целата анализа ќе даде и она дали вториот пензиски систем како што е поставен пред 20 години треба да претрпи измени или не. Така да ќе ги почекмае аналзиите за да може и ова прашање да го разрешиме....“ - Ѓоко Велковски – министер за социјална политика, демографија и млади.

Инаку во Македонија во моментов има околу 348.000 корисници на пензија... пред неколку дена на брифинг со новинарите од асоцијацијата на друштва за управување со пензиски фондови посочија дека во моемнтов е рано да се почувствуваат придобивките од вториот столб, но според нив национализација на средствата не е решение кое на долг рок ќе има ефект.

Доколку евентуално велат се случи такво нешто штетата ќе биде огромна,а решениерот според нив ќе биде краткорочно...

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Родилка не може да оди по царски рез во Штип, надлежните најавија инспекциски надзор

Деветнаесетгодишна родилка не може да оди откако се породила со царски рез во Болница Штип, семејството се сомнева на лекарска грешка и бара да и се помогне, но и одговорност за постапувањата....

Родилка не може да оди по царски рез во Штип, надлежните најавија инспекциски надзор

Свекорот на родилката Вилибран Стојанов преку социјалните мрежи вчера попладнето јавно побара помош лично од министерот за здравство бидејќи неговата 19-годишна снаа Станка Михајлова од село Bаница, по вториот царски рез кој ѝ бил изведен во штипската општа болница пред еден месец не ги чувствува нозете, а била испишана во општа состојба.

Семејството тврди дека еден месец одела од болница во болница, а била и хоспитализирана на неврологија, но дури сега лекар и кажал дека е парализирана, и никогаш нема да прооди...

Од Министерството за здравство велат дека случајот се следи, а наложено е здравствениот инспекторат да изврши вонреден надзор во сите три болници каде што родилката се лекувала.. Семејството бара помош, бидејќи како што велат денес ни се случи на нас, утре може да е било кој друг....

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Тројца нови пациенти со сомнеж за западно нилска треска

Додека тројца се борат за живот, нови тројца скопјани со воспаление на мозокот се примени на Инфективна клиника и се суспектни дека се заразени со „западен нил“ откако биле каснати од домашен комарец. 

Тројца нови пациенти со сомнеж за западно нилска треска

Ниту еден од новохоспитализираните не патувал надвор од Македонија, па се смета дека се заразени дома. За нив иако постои голем сомнеж дека се заразени, се уште се чека лабораториска потврда. Тие се во стабилна здравствена состојба и сите имаат коморбидитети, или хронични состојби, потврдува за Канал 5 Директорот на Инфективната клиника д-р Фадил Цана.

Досега поголем дел од случаите се од Драчево, но има и од Аеродром, Гази Баба, Илинден и Сопиште поради што надлежните спроведуваат и поединечни мерки со прскање од терен и на живеалиштата на потврдените случаи во радиус од 200 метри.

Сите дијагностицирани годинава се над 60 годишна возраст и имаат по неколку хронични заболувања што е ризик фактор за да ја имаат тешката форма на западно нилска треска и затоа лекарите за овие групи апелираат на зголемена претпазливост и заштита од убоди.

Според податоците на надлежните, годинава досега има околу 20 пациенти со болести што ги пренесуваат заразени комарци – најмногу 13 - се со западно нилска треска.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер