Право на абортус: Франција го предводи патот со историска уставна промена - Канал 5

Право на абортус: Франција го предводи патот со историска уставна промена

Француските пратеници, во историски потег за Меѓународниот ден на жената – 8 март, гласаа да го впишат правото на абортус во Уставот на државата. 

Право на абортус: Франција го предводи патот со историска уставна промена

ЕНР - Брисел

Француските пратеници, во историски потег за Меѓународниот ден на жената – 8 март, гласаа да го впишат правото на абортус во Уставот на државата. Сепак политичарите и експертите предупредуваат дека правото на абортус е под закана во целиот свет. Во Европа, правото на абортус се разликува од земја до земја, некои држави имаат порестриктивни закони од други.

Во понеделникот, францускиот Парламент го впиша правото на абортус во францускиот Устав, со тоа Франција стана првата земја во светот што нуди јасна заштита на правото за абортус во своето уставно право.

Абортусот до 10 недела од бременост е дозволен во Франција од 1975 година. Од тогаш, законот бил сменет за да им се дозволи на жените да имаат абортуси до 14 недела од бременоста, трошоците за процедурата се покриени од здравствениот фонд.

Претседателот Емануел Макрон ја опиша одлуката како „француска гордост“ која испратила „универзална порака“, одлуката беше прославена на јавна церемонија во Париз на Меѓународниот ден на жената, 8 март.

Франција исто така има намера да ја „префрли оваа битка на Европско ниво“, според изјавата на владината портпаролка Приска Тевено во средата. „Во 2022, Претседателот на Републиката ја соопшти неговата намера да го впише правото на абортус во Повелбата за фундаменталните права на Европската унија,“ рече портпаролката.

Одлуката на француските пратеници доаѓа откако членките на Европската унија и пратениците постигнаа договор во февруари за правилата на Унијата против насилството врз жените.

Светската здравствена организација (СЗО) го поздрави потегот на француските пратеници во понеделникот. „Ја поздравуваме одлуката на Франција да ги заштити правата на жените и да ги зачува нивните животи,“ напиша генералниот директор на Организацијата, Тедрос Аданом Гебрејесус на платформата Х.

После одлуката на Францускиот Парламент, Ватикан го повтори своето противење на абортусот. „Папската академија за живот потсетува дека во ерата на универзални човекови права, не може да има „право“ на одземање човечки живот,“ Ватикан рече во соопштение, приклучувајќи се на изјавите на француските католички свештеници.

Репродуктивните права под закана

Минатата година Макрон се обврза да го заштити правото на абортус во уставот откако Врховниот суд на САД во 2022 ја укина уставната заштита која беше во сила половина век, и им дозволи на Американските сојузни држави да го забранат или ограничат правото на абортус.

Грчкиот Премиер Киријакос Мицотакис во реакција на одлуката на судот рече дека е „навистина загрижен од одлуката на Врховниот суд на САД. Таа претставува голем чекор назад во борбата за правата на жените,“ во објава на Х (тогаш Твитер).

Францускиот премиер Габриел Атал рече дека правото на абортус останува „под закана“ низ целиот свет, и дека „суштината на нашите слободи е под закана... на милост на оние кои носат одлуки“.

Конзервативните контракампањи го разнишуваат глобалниот напредок околу правата на жените, ова е последниот „противудар“ во низа почнувајќи од 1980-тите, предупредуваат активистите и експертите во пресрет на Меѓународниот ден на жената. Познавачите велат напредокот околу правата на жените систематски е проследен со „противудари“ уште од 1980-тите.

Теоријата на „противудари“ беше опишана од американската феминистка Сузан Фалуди во нејзината книга од 1991: „Противудар: Необјавената војна против американските жени“. Книгата ја опишува стратегијата на американските конзервативни движења по либерализацијата на законите за абортус и влегувањето на жените на пазарот на трудот во 1970-тите.

Пораст на насилството врз жените

Организирано и политизирано, контрадвижењето го разнишува правото на абортус, го храни говорот на омраза онлајн и поттикнува семејно насилство, велат истражувачите.

Во февруари, Европската унија постигна договор околу нејзиниот прв закон против насилството врз жените. Законот има за цел да ги заштити жените во Унијата од родово базирано насилство, присилни бракови, обрежување и онлајн насилство. Европската комисија првпат го предложи значајниот закон на 8 март, 2022, во знак на Меѓународниот ден на жената.

Сепак, договорот не содржи заедничка дефиниција за тоа што претставува силување. На жртвите на сексуално насилство треба да им биде овозможен пристап до абортус, но повеќе држави во светот го ограничуваат правото на абортус дури и во случај на силување и инцест. Државите кои беа против заедничка дефиниција за што се подразбира под делото силување велат дека ова дело ја нема потребната прекугранична димензија за да биде сметано како дело за кое се потребни усогласени казни во Унијата, со што ја доведуваат во прашање компетентноста на ЕУ за ова прашање.

На крајот на февруари, Институтот 8-ми Март, словенска невладина организација, започна кампања за безбеден и достапен абортус во Европа. Кампањата, наречена „Мој глас, мој избор“, има за цел да собере милион потписи ширум Европската унија, и во неа соработуваат организации од Шпанија, Франција, Полска, Финска и Ирска.

Организаторите ова го сметаат како важно прашање во пресрет на Европските избори и поради растот на екстремизмот во Европа. Како и другите држави, и Словенија се соочува со зголемено насилство против жени и родови стереотипи во повеќе полиња.

Правото на абортус во Европа

Додека правото на абортус е под зголемена закана, Европските држави имаат закони кои дозволуваат ран прекин на бременоста – сепак, некои се порестриктивни од другите. Приказ на законите во неколку држави ги демонстрира разликите.

Албанија: Во Албанија абортусот беше легализиран во раните 1990-ти, и бројките покажуваат значителен пад на случаи. Но, групите кои се борат за правата на жените и експертите за јавно здравје се загрижени за т.н. полово-селективен абортус. Дури и според најскромните проценки на Албанија ѝ „недостигаат“ илјадници девојчиња како резултат на полово-селективните абортуси со кои семејствата кои сакаат машки деца ја прекинуваат бременоста. Покрај зголемената свест за проблемот, вкоренетите вредности тешко се менуваат – па експертите предупредуваат дека ова би можело да доведе до општествена нерамнотежа.

Бугарија: Абортусот беше легализиран во Бугарија во 1956. Во 1968, владата им забрани на жените без деца да ја прекинуваат бременоста поради страв од пад на населението во државата. Но по падот на комунистичкиот режим, абортусот за време на првиот триместар од бременоста беше повторно дозволен. Денес во Бугарија, жената има право да избере да ја прекине бременоста до крајот на 12 недела.

Чешка: Чешка уште од 1957 има закон кој дозволува абортус. Во случај ако мајката побара абортус крајниот рок е 12 недела од бременоста, доколку абортусот е поради генетски проблеми дозволен е до 24 недела. Обидите на пратениците да го ограничат правото не абортус завршиле без успех. Огромно мнозинство на Чеси ја подржуваат слободата на избор кога станува збор за абортусот според анкета спроведена од Чешката академија на науките во 2023.

Германија: Абортусот не е целосно легализиран во Германија, но не се казнува во првите 12 недели ако жената добие советување пред процедурата. Сепак, социјалдемократите од СПД, Зелените, и либералната ФДП кои ја сочинуваат германската влада размислуваат за бришење на член 218 од Кривичниот законик, кој се однесува на абортусот.

Италија: Закон донесен во 1978 за доброволен прекин на бременоста често е во центарот на огромни контроверзии и остри напади во Италија. Законот вели дека абортусот може да се изврши во првите 90 дена од бременоста во јавна здравствена установа само во одредени „случаи во кои продолжението на бременоста, раѓањето или мајчинството би предизвикале сериозна опасност кон физичкото и психичкото здравје на жената“. Законот исто така им дава право на приговор на совест на докторите и медицинските сестри, отежнувајќи го пристапот до абортус. Италија официјално ја има една од најниските стапки на абортус во светот.

Полска: Во моментот абортусот во Полска е дозволен само ако бременоста е резултат на силување или инцест, или пак го загрозува здравјето или животот на мајката. Новоформираната владина коалиција во Полска сака да ја укине одлуката на Уставниот суд од 2020 со која се прекина деценискиот компромис околу абортусот под влијание на судиите назначени од тогашната владејачка конзервативна партија „Право и правда“ што доведе до скоро целосна забрана на абортусот.

Португалија: Законите за абортус во Португалија беа либерализирани на 10 април, 2007, дозволувајќи им на жените да побараат абортус до 10 недела од бременоста. Од неодамна, прашањето за нов референдум за правото на абортус во португалското законодавство беше покренато за време на политичка кампања од кандидат на Демократската алијанса (коалиција од три конзервативни партии) во пресрет на следните парламентарни избори на 10 март, но прашањето не е дел од програмите на политичките партии или коалиции кои учествуваат во изборите.

Романија: Во Романија, абортусот е регулиран со закон (Кривичниот законик) и бременоста може да биде прекината се до 14 недела. Абортусот по овој рок се казнува со затвор или казна, и забрана за вршење на одредени права, со исклучоци. За нехируршки абортус (со лекови), препораките во медицинските водичи и фармацевтските упатства имаат воспоставено граница од девет недели. После деветтата недела од бременоста, овој метод не се користи од докторите.

Словенија: Словенија е една од неколкуте држави во кои родителите имаат уставно право слободно да одлучат за раѓањето на деца. Како резултат, абортусот е легален и дозволен во Словенија, и стапката на абортус е многу ниска. Сепак, прашањето за абортусот често се истакнува како тема во политичките и граѓанските дебати, посебно во контекст на растот на конзервативните мислења и иницијативи за ова прашање.

Шпанија: Во Шпанија доброволниот прекин на бременоста е регулиран од 2010 со закон усвоен од социјалистичката влада на Хозе Луис Родригез Запатеро. Законот беше поддржан од Уставниот суд во 2023, со што беше загарантирано правото на жената да одлучи „самоволно и без притисок“ дали ќе ја продолжи бременоста или не – право регулирано од јавната администрација. Дозволен е доброволен прекин на бременоста во првите 14 недели. Законот исто така дозволува прекин на бременоста до 22 недела доколку постои „сериозен ризик“ од фетална патологија или кога е загрозен животот на мајката.

Шведска: Во Шведска, владата во моментот бара начини да го модернизира законот за абортус од 1975 со цел да ја олесни процедурата за безбеден абортус во домот. Повеќето абортуси се вршат во клиника или болница со лекови, но се финализираат дома. Абортусот е легален во Шведска од 1938 и сегашниот закон дозволува прекин на бременоста до 18 недела.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Колегите ја натерале на бизарна кладба, полицајка направила добар бизнис: Сѐ почна од две камили (ВИДЕО)

Таа порано работеше како полицајка, а сега води фарма каде што камилите станаа главна туристичка атракција. 

Колегите ја натерале на бизарна кладба, полицајка направила добар бизнис: Сѐ почна од две камили (ВИДЕО)

Иако звучи како внимателно осмислен бизнис план, сè започна сосема случајно, благодарение на предизвикот што ѝ го дадоа нејзините колеги.

Пета Девин од Австралија не планираше да стане одгледувач на камили. Таа само сакаше да купи земјиште на кое ќе може да чува неколку животни. Сепак, еден облог ги промени нејзините планови и ги постави темелите за бизнис кој денес привлекува туристи во еден од најнеобичните градови во Австралија.

Според австралиската ABC News, нејзината фарма се наоѓа во близина на Силвертон, мал град со само околу 27 жители, приближно 25 километри од Брокен Хил.

Од полициска униформа до фарма за камили

Сè започна во 2017 година, кога Пета реши да купи земјиште за да ја исполни својата долгогодишна желба да биде опкружена со животни.

Додека сè уште работеше како полицајка, нејзините колеги на шега ѝ предложија дека бидејќи живее во австралиската пустош, треба да земе неколку камили.

Таа го сфати предизвикот сериозно

„Моите колеги ме предизвикаа бидејќи живеев во дивината. Ми рекоа дека треба да имам камили како домашни миленици“, изјави таа за ABC.

Во рок од еден месец од купувањето на фармата, пристигнаа првите две камили.

Она што започна како необичен додаток на нејзиното домаќинство, со текот на годините прерасна во туристички бизнис наречен Фарма за камили во аутбек Силвертон.

Фармата сега е дом на цело животинско царство

Камилите не се единствените животни што посетителите можат да ги сретнат. Фармата исто така сместува овци, кози, магариња, емуа, елени, алпаки, свињи, пауни, гуски и други животни.

Така, Пета ја комбинираше својата љубов кон животните со можноста да им понуди на посетителите искуство што не можат лесно да го најдат во големите градови.

Особено важно време за нејзиниот бизнис е музичкиот фестивал Mundi Mundi Bash, кој привлекува илјадници посетители во овој дел од Австралија секоја година.

За време на фестивалот, туристите можат да престојуваат на нејзината фарма, додека таа организира тури со камили и простор за интеракција со животните на местото на фестивалот.

За мала заедница како Силвертон, ваквите настани претставуваат значајна можност за приход.

Град со 27 жители живее од туристи

На прв поглед, Силвертон наликува на напуштен град од вестерн филм.

Магарињата шетаат по неговите прашливи улици, а локалните атракции вклучуваат галерии, музеј посветен на филмот „Лудиот Макс 2“ и необични туристички фарми.

Сепак, зад необичниот изглед се крие локална економија која во голема мера зависи од посетителите.

Еден од жителите е уметникот Џон Динон, познат како „Човекот Ему“, кој четири децении наоѓа инспирација во австралиската дивина. Неговата галерија е особено успешна за време на фестивалската недела, кога тој отвора и поп-ап продавница на настанот.

Слична можност користат и брачниот пар Стив и Наоми Шмит, кои обично печат околу 2.000 солени пити за време на фестивалот.

За локалните претприемачи, доаѓањето на голем број туристи значи можност да се генерира значителен дел од сезонскиот промет во текот на неколку дена.

Фестивалот ги промени можностите за бизнис

Според Пит Девин, бројот на туристи што доаѓаат во Силвертон за време на фестивалот значително се зголемил откако настанот првпат се одржал, четири години пред објавувањето на статијата на ABC.

„Навистина нè става на мапата“, рече таа, опишувајќи го пристигнувањето на автомобили и приколки со посетители.

За сопственикот на фармата, тоа значи повеќе гости, но и можност да го претстави бизнисот на луѓе кои можеби никогаш не застанале во Силвертон.

Туристичката важност на местото е потврдена и од приказната на Адриан Бенет, Британец кој се преселил во Силвертон во 2009 година со својата сопруга Линда поради неговата љубов кон филмот „Лудиот Макс 2“.

Денес, тој раководи со музеј посветен на тој филм, од кој делови се снимени во областа Силвертон.

Од облог до поинаков живот

Приказната на Пит Девин покажува како необична идеја може да стане основа за мал семеен бизнис, особено кога е поврзана со туризмот и локалните атракции.

Поранешниот полицаец не започнал со бизнис план, ниту пак имал намера да отвори туристичка фарма. Таа сакаше животни, а нејзините колеги ѝ дадоа идеја што таа реши да ја спроведе во пракса.

Првите две камили пристигнаа речиси веднаш, а неколку години подоцна тие станаа важен дел од бизнисот што привлекува посетители во австралиската дивина. И сето тоа благодарение на предизвикот што првично звучеше како едноставна шега.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Синер откри кога се враќа на теренот, зборуваше за најголемите ривали, но не и за Ѓоковиќ

Јаник Синер повторно проговори и го смири тенискиот свет. 

Синер откри кога се враќа на теренот, зборуваше за најголемите ривали, но не и за Ѓоковиќ

Италијанскиот ас беше во центарот на вниманието во Милано, на настанот „Биди како Грешник“, организиран од компанијата „Алијанц Италија“, а во таа прилика веднаш ја разјасни ситуацијата во врска со повредата на коленото што го држи надвор од теренот од летото.

Синер гледа напред и размислува за враќање на теренот.

- Протокол? Се надевам дека тоа значи враќање во Австралија, тоа е целта. Се надевам и дека ќе играм турнир пред тоа.

Тој зборуваше и за сезоната што е зад него.

- Вимблдон беше неверојатен, но освојувањето на титулата во Рим беше фантастично. Сега им верувам на моите лекари, ги имам најдобрите експерти во светот околу мене. Притисокот е секогаш таму. Би било чудно да не беше таму, но тоа е најмалиот од проблемите во моментов - рече Синер.

Една од темите беа промените во тренерскиот персонал.

- Мислам дека претходната одлука што ја донесовме со Симоне и Дарен беше многу поважна. Магнус Норман е многу сличен на Дарен, работеше со Вавринка и помина низ многу. Веднаш најдовме заеднички јазик, го прифаќа начинот на кој работиме и нема многу да се менуваме.

Тој зборуваше и за неговиот однос со Кејхил, кој ќе го напушти својот тренерски штаб на крајот од сезоната.

- Она што најмногу ќе ми недостига кај Дарен е нашиот личен однос. Се запознавме пред неколку години и тој ми стана речиси како втор татко. Ќе остане во моите контакти засекогаш и знам дека ќе можам да го повикам секогаш кога ќе ми треба нешто.

Италијанецот заврши со насмевка:

- Не мислам дека тоа ќе ме спречи. Се разделуваме на сосема нормален начин, како ништо да не се случило.

Синер зборуваше и за претстојното финале на сезоната во Торино, како и за неговиот сонародник Флавио Коболи.

- Коболи имаше неверојатна сезона, со Ролан Гарос има многу одлични резултати. Среќен сум за него. Тој е добар човек, има квалитетен тим со себе, а неговиот татко е таму. Тој го заслужи овој успех. Важно е да имаме барем еден Италијанец во Торино.

Конечно, тој им се обрати и на своите колеги тенисери, но не и кон Ѓоковиќ.

- Зверев заслужи да освои два Гренд слем титули и да стане тенисер број еден во светот. Да се ​​биде број еден е најголемата емоција за еден тенисер, прекрасно е. Алкараз? Се врати по повреда на зглобот и тоа е важно, треба да му обрнеме внимание. Пропушти неколку натпревари на Отвореното првенство на САД, но искрено, не гледав многу тенис бидејќи сакав и јас да бидам таму.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Петгодишно девојче ја убила својата помала сестричка со пиштолот на татко им

Петгодишно девојче ја застрелало и убило својата помлада сестра, Оливија Мело Мореира, откако го пронашла наполнетиот пиштол од 9 мм на нејзиниот татко на кујнскиот пулт во нивниот дом. 

Петгодишно девојче ја убила својата помала сестричка со пиштолот на татко им

Трагедијата се случила во недела, 8 ноември, во Рио де Жанеиро, Бразил.

Оливија била пронајдена на подот од нејзината семејна куќа од страна на нејзините родители, а нејзините две сестри биле покрај неа. Девојчето било итно однесено во болница, каде што лекарите се обиделе да ја реанимираат, но за жал, не можеле да ја спасат.

Според истражителите, семејството си легнало доцна претходната ноќ бидејќи улична забава пред нивната куќа траела до 6 часот наутро.

Откако забавата завршила, мајката забележала дека вратата од гаражата е широко отворена и го известила својот партнер. Потоа таткото го зел пиштолот и се симнал долу за да провери дали некој влегол во куќата.

Кога се уверил дека нема натрапници, се вратил во кревет, но го оставил наполнетиот пиштол, кој сè уште бил во футролата, на кујнскиот пулт.

Родителите подоцна се разбудиле од силен шум и ја пронашле Оливија на подот. Според таткото, неговата петгодишна ќерка истрчала кај него и постојано повторувала: „Извини, тато, извини, тато“.

Таткото доброволно отишол во полициската станица за да даде изјава како осомничен, но во тој момент не бил уапсен, меѓу другото поради неговата соработка со истражителите.

Полицијата соопшти дека тој би можел да се соочи со обвиненија за убиство од небрежност и непочитување на прописите за безбедност на огнено оружје затоа што не го спречил детето да го дофати пиштолот. Истражителите не ја исклучиле можноста за покренување случај за убиство со умисла.

Пиштолот бил запленет, а членовите на одделот за убиства спровеле форензичко испитување на семејниот дом на Мореира. Во тек е истрага за да се утврдат сите околности на трагедијата.

Според достапните информации, таткото имал дозвола за оружје и бил регистриран како колекционер, спортски стрелец и ловец.

Неговиот правен тим одбил да коментира за случајот, наведувајќи дека семејството не сака да дава изјави во ова исклучително тешко и трагично време.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер