Познато е каде заминаа Бен Афлек и Џенифер Лопез на вториот меден месец - Канал 5

Познато е каде заминаа Бен Афлек и Џенифер Лопез на вториот меден месец

Бен Афлек и Џенифер Лопез минатиот викенд организираа голема свадбена прослава на имотот на актерот во Џорџија, а сега, за само еден месец заминаа на вториот меден месец.

Познато е каде заминаа Бен Афлек и Џенифер Лопез на вториот меден месец

Имено, парот пред еден месец ја направи првата венчавка во Лас Вегас, по што замина на меден месец во Европа. Неколку дена уживаа во Париз, а потоа на кратко заминаа во Италија. Сега, по гламурозната венчавка за поширок круг пријатели, парот повторно замина на романтично патување.

Овој пат заминаа во Италија, а биле снимени само неколку дена по венчавката на езерото Комо. Ова италијанско засолниште за богатите и славните го привлече и парот Афлек. Папараците успеаја да ги фатат Џенифер и Бен на брод во опуштено издание како се гушкаат и разменуваат нежности. После тоа, тие се видени во елитен ресторан на езерото, каде Амал и Џорџ Клуни се чести гости.

Бен и Џенифер се запознале во 2001 година на снимањето на Џигли. Следната година се верија, а по извесно време и одложување на свадбата, се разделија во 2004 година. Афлек од тогаш беше во брак со актерката Џенифер Гарнер, со која има три деца, а Џенифер беше во брак со Марк Ентони, со кого има близнаци.

Џенифер и Афлек минатата година ја обновија својата романса, пред еден месец се венчаа во Лас Вегас, а минатиот викенд организираа тридневна гламурозна свадбена прослава на која присуствуваа нивните најблиски пријатели и семејството.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Општина Илинден со нова мерка за поддршка на најмладите

Општина Илинден воведува субвенции за првачиња, мерка наменета за помош на семејствата во пресрет на почетокот на учебната година. 

Општина Илинден со нова мерка за поддршка на најмладите

За таа цел, објавен е Јавен повик за доделување еднократна финансиска помош за семејствата со деца кои во учебната 2026/2027 година ќе го започнат своето основно образование.

Со новововедената мерка, секое дете запишано во прво одделение ќе добие еднократна финансиска помош во износ од 3.000 денари. Родителите или старателите кои сакаат да го остварат ова право потребно е да поднесат барање со соодветната документација преку Архивата на Општина Илинден. Деталите за условите, потребните документи и постапката за аплицирање се објавени на официјалната веб-страница на Општината.

Новата мерка има за цел да им помогне на семејствата во подготовките за почетокот на учебната година и да обезбеди дополнителна поддршка за најмладите ученици при нивниот прв чекор во образовниот процес. Паралелно со финансиската помош, Општината ќе продолжи и со досегашната практика на обезбедување ранци со училишен прибор за првачињата.

Финансиската поддршка е дел од Програмата за финансиска поддршка на жителите на Општина Илинден за 2026 година, преку која се спроведуваат повеќе мерки и активности наменети за поддршка на различни категории граѓани.

Линк до повикот: https://ilinden.gov.mk/wp-content/uploads/2026/08/javen-povik-finansiska-pomosh-prvachinja.pdf

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Франција во потрага по пиромани: Уапсени 474 лица за предизвикување пожари

Во Франција, од почетокот на јули, 474 лица се уапсени под сомнение дека предизвикале пожари, соопшти денеска Министерството за внатрешни работи на таа земја.

Франција во потрага по пиромани: Уапсени 474 лица  за предизвикување пожари

Меѓу уапсените има 183 малолетници, односно речиси 39 отсто од вкупниот број, објавија порталите BFM TV и „Фигаро“. На почетокот на август, француското Министерство за внатрешни работи соопшти дека две третини од апсењата биле поврзани со подметнување пожари.

Утрово избувна нов шумски пожар во департманот Ланд во југозападна Франција, каде што синоќа изгореа околу 600 хектари, а околу 500 луѓе беа евакуирани поради приближувањето на пожарот кон населени места.

Франција сè уште е зафатена од топлотен бран. За денес се прогнозираат температури од 35 до 38 Целзиусови степени, а на места и до 40, додека ноќите ќе останат многу топли во голем дел од земјата, со температури меѓу 20 и 26 степени.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

НБА се подготвува за историско проширување

Најсилното свтеско кошаркарско првенство, мегапопуларната НБА лига се подготвува за историско проширување – познати се најважните чекори.

НБА се подготвува за историско проширување

НБА сериозно работи на проширување, а Лас Вегас во моментов има предност пред Сиетл во трката за нова франшиза, пренесува ESPN.

Раководството на лигата сака прво да ја заврши работата во Лас Вегас и да постави рекордна цена за влез на нова франшиза во НБА, што потоа би претставувало основа за сите идни проширувања.

Според претходните проценки, новите сопственици на клубот од Лас Вегас би можеле да платат меѓу 7,5 и 9 милијарди долари само за влез во лигата. Интересот на инвеститорите за Лас Вегас е значително поголем отколку за Сиетл.

Боб Ајгер и Џош Кушнер беа меѓу потенцијалните купувачи, но се повлекоа од процесот откако одлучија да ги купат Лос Анџелес Лејкерс за рекордни 12,5 милијарди долари. Сепак, договорот за Лас Вегас сè уште не е блиску до конечно одобрување. „Ќе видиме што ќе се случи во септември

. Ако се гласаше денес, предлогот немаше да помине. Сè се сведува на висината на надоместокот“, изјави извор од НБА за ESPN. Така, Сиетл останува сериозен кандидат за враќање во НБА, но неговата шанса можеби ќе мора да почека додека лигата прво не утврди рекордна пазарна цена преку случајот со Лас Вегас.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер