Тргна на патување околу светот пред речиси три децении: Неверојатен потфат на човек кој никогаш не се откажува - Канал 5

Тргна на патување околу светот пред речиси три децении: Неверојатен потфат на човек кој никогаш не се откажува

Британецот Карл Бушби, кој во 1998 година тргна на пат околу светот пеш, конечно се врати на британско тло откако го преплива Ламанш, пишува британскиот весник „Индипендент“. 

Тргна на патување околу светот пред речиси три децении: Неверојатен потфат на човек кој никогаш не се откажува

57 годишниот Карл се врати на британско тло по 28-годишно патување низ светот, за време на кое поминал 50.000 километри низ 29 земји, но сепак му преостануваат уште околу 400 километри до крајната дестинација.

Поранешниот падобранец од Хал своето извонредно патување го започна во Чиле пред 28 години, а во понеделникот, на 5 октомври, пристигна на плажата Шекспир, јужно од Довер.

За време на патувањето, тој помина вкупно 50.000 километри низ 29 земји, придржувајќи се до правилата што сам си ги поставил – да не користи никакви превозни средства и да не се враќа дома сè додека не го заврши својот потфат.

Бушби го мина опасниот регион Дариен меѓу Колумбија и Панама за време на конфликтот меѓу колумбиските власти и марксистичките герилци.

Тој исто така го оствари првото забележано пешачко преминување на Беринговиот Проток од исток кон запад и стана првиот човек што препливал 184 милји, односно околу 296 километри, низ Каспиското Море.

Тоа пристигна во Европа минатата година, а минатиот месец стигна до каналот Ламанш.

По 20 часа поминати во вода и три дена на море, за време на кои се бореше со силни ветрови, тој конечно стигна до британскиот брег. Таму го пречекаа неговиот татко, браќата и неколку пријатели. „Чувството е одлично повторно да се биде на британско тло по сите овие години“, изјави Бушби за ITV News.

„Не беше лесно, а токму тоа е и поентата – да докажам дека сум поспособен отколку што мислев. Сите можеме да постигнеме многу повеќе отколку што воопшто можеме да замислиме“, додаде тој.

Сепак, неговото патување сè уште не е завршено. Крајната дестинација е куќата на неговата мајка во Хал, до која треба да стигне во текот на следниот месец.

Кога пред 28 години замина од домот на мајка си, очекуваше дека ќе се врати за само 12 години. Сега е на чекор до целта.

„Заминав оттаму пред 28 години и наскоро ќе го завршам патувањето таму. Остануваат уште околу 400 километри, така што морам да побрзам“, изјави Бушби за „Тајмс“.

Неговото враќање во Хал ќе го означи крајот на еден од најизвонредните долгорочни патнички потфати, кој траеше речиси три децении.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Невреме проследено со обилни врнежи во Словенија

Невреме проследено со обилни врнежи го зафати југозападниот дел на Словенија, при што поројни поплави ги поплавија станбените, земјоделските, училишните и другите објекти, а излеаните водотеци ги поплавија патиштата.

Невреме проследено со обилни врнежи во Словенија

Невреме го зафати подрачјето меѓу регионот Крас и ридестиот предел Идрија-Церкно. Според извештајот на оперативниот центар за итни случаи, пожарникарите испумпувале вода од објекти, спасувале луѓе заглавени во возила, ги штителе загрозените локации со вреќи со песок и расчистувале наноси од одрони.

Патиштата во општините Комен и Ајдовшчина станале непроодни поради одрони од камења и свлечишта, пренесува Срна.

Најголем број инциденти – 38 – се регистрирани на подрачјето што го покрива Регионалниот оперативен центар во Нова Горица, а по него следи подрачјето на Регионалниот оперативен центар во Постојна, каде што се случиле 17 инциденти.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Меси доби понуда што не се одбива: Аргентинецот доби покана да го направи единственото нешто што го нема направено?!

Еден од најдобрите светски фудбалери на сите времиња волшебникот Лионел Меси, пред два дена се прости од аргентинската репрезентација на натпреварот против Бенин и со тоа заокружи една фантастична фудбалска приказна.

Меси доби понуда што не се одбива: Аргентинецот доби покана да го направи единственото нешто што го нема направено?!

Сепак, Лионел Меси нема намера да застане кога станува збор за клупскиот фудбал, а пристигна и една многу интересна понуда.

Меси има освоено бројни натпреварувања во светскиот фудбал, но никогаш не настапил во Копа Либертадорес.

„Мислам дека му преостанува уште да заигра во Копа Либертадорес, па затоа го прашувам дали би го прифатил овој предизвик“, изјави претседателот на Јужноамериканската фудбалска конфедерација (КОНМЕБОЛ), Алехандро Домингез.

Иако фудбалерот на Интер Мајами сè уште не размислувал за оваа одлука, навистина не би било чудно да го видиме во ова натпреварување.

Меси практично освои сè што можеше да се освои, а евентуалното освојување на уште еден трофеј во неговата богата кариера би претставувало вистинска круна на неговите достигнувања.

На 39-годишна возраст, Меси веќе зад себе има осум „Златни топки“, шест „Златни копачки“, четири титули во Лигата на шампионите, десет титули во Шпанија, две титули на Копа Америка, трофејот од Финалисима и Светското првенство во 2022 година, како и бројни други признанија.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Доделена е Нобеловата награда за мир 2026. (ВИДЕО)

Добитничка на Нобеловата награда за мир за 2026 година е Наванетен Пилај.

Доделена е Нобеловата награда за мир 2026. (ВИДЕО)

Пилај е јужноафриканска адвокатка и судијка, позната по својата долгогодишна работа во заштитата на човековите права и меѓународната правда.

Таа ја доби наградата за нејзините напори во промовирањето на мирот и меѓународното право.

Гледајте ја церемонијата на доделување на Нобеловата награда за мир во живо:

За потсетување, Норвешкиот Нобелов комитет доби номинации за 287 кандидати, од кои нешто повеќе од една четвртина се организации, објави претходно АП.

YouTube video

Како што објавува Тајм, 208 кандидати се поединци, а 79 се организации.

Овогодинешната церемонија на доделување на наградите ја одбележува 125-годишнината од Нобеловата награда за мир, која е доделена на 112 поединци и 28 организации од 1901 година.

Црвениот крст е награден три пати, а Агенцијата на ОН за бегалци двапати. Меѓу индивидуалните добитници беа 20 жени, од кои осум беа наградени во последните 15 години.

Минатогодишната добитничка беше лидерката на венецуелската опозиција, Марија Корина Мачадо, која беше наградена за нејзината борба за демократска транзиција во Венецуела. Подоцна таа му ја додели Нобеловата награда на Трамп, но Нобеловиот комитет рече дека самата награда не може да му се додели на друго лице.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер