Меси доби понуда што не се одбива: Аргентинецот доби покана да го направи единственото нешто што го нема направено?!
2Меси доби понуда што не се одбива: Аргентинецот доби покана да го направи единственото нешто што го нема направено?!
3Тргна на патување околу светот пред речиси три децении: Неверојатен потфат на човек кој никогаш не се откажува
Рецепти„Гответе со Дракче“ - ПројаВо петок (02.10.2026) во емисијата гостин ни бeше Елена Трајковска.Состојки за денешниот рецепт: 3 јајца 1 шолја млеко 4 - 5 лажици масло 2 лажици кисела павлака 2 тиквички 120 гр. сирење 1 ќесичка прашок за печиво една и пол шолја пченкарно брашно половина шолја бело брашно малку сол сусам по потреба Погледнете како се подготвува овој рецепт: Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМуцунски: ЕУ да не оценува според реформите не според историјата, дијалогот ќе продолжи08:43Муцунски: ЕУ да не оценува според реформите, не според историјата- дијалогот ќе продолжи 18:20Во Софија средба Муцунски и Петрова Чамова, можен ли е напредок во обновениот дијалог15:18Денеска билатерална средба Муцунски – Петрова Чамова во Софија 08:35Утрешната средба Муцунски – Петрова Чамова потврдена од бугарското МНР 15:00
Црна хроникаМВР отвори истрага, ДУИ бара оставка од Астрит Исени- двајцата млади му одзеле пиштол на полицаец Демократската унија за интеграција (ДУИ) преку соопштение побара оставка од заменик-министерот за внатрешни работи Астрит Исени.Демократската унија за интеграција (ДУИ) преку соопштение побара оставка од заменик-министерот за внатрешни работи Астрит Исени, како и целосно расветлување на случајот со двајца млади на 21 и 23 години, кои тврдат дека биле физички малтретирани од полициски службеници. Според ДУИ, во интерниот полициски извештај се наведува дека младите му го одзеле пиштолот на полициски службеник. Тие, пак, тврдат дека оружјето завршило во нивното возило откако полицијата го скршила стаклото. Според нивните наводи, службениците пукале со огнено оружје, им ги дупнале гумите на автомобилот, а потоа ги врзале и ги легнале на земја, при што биле малтретирани. Партијата бара итна, непристрасна и транспарентна истрага, како и утврдување на одговорност доколку се докаже дека полициските службеници ги прекршиле овластувањата. „Правата и достоинството на граѓаните не смеат да бидат повредувани од оние чија должност е да ги штитат“, наведуваат од ДУИ, инсистирајќи на целосна институционална одговорност. Во меѓувреме, Министерството за внатрешни работи соопшти дека министерот му наложил на Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди да го испита случајот. Ова следува по објавите дека на 7 октомври во Скопје две лица биле физички нападнати од полициски службеници и дека им бил оштетен автомобилот. Од МВР информираат дека се преземаат мерки за утврдување на фактичката состојба и околностите на настанот, како и за евентуалната одговорност на инволвираните службеници. По завршувањето на проверките ќе бидат преземени соодветни законски мерки, а јавноста ќе биде известена. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМуцунски: ЕУ да не оценува според реформите не според историјата, дијалогот ќе продолжи08:43Муцунски: ЕУ да не оценува според реформите, не според историјата- дијалогот ќе продолжи 18:20Во Софија средба Муцунски и Петрова Чамова, можен ли е напредок во обновениот дијалог15:18Денеска билатерална средба Муцунски – Петрова Чамова во Софија 08:35Утрешната средба Муцунски – Петрова Чамова потврдена од бугарското МНР 15:00
СветНајмалку десетмина загинати во пукотница во затвор во Мексико (ВИДЕО)Најмалку десет лица загинаа, а 16 беа повредени во бунтот што избувна вчера во затвор во мексиканскиот град Мазатлан. Насилството ескалираше за време на редовните посети, потврди Секретаријатот за јавна безбедност на државата Синалоа. Според официјалните податоци, девет затвореници и еден цивил кој бил во посета ги загубиле животите. Сите 16 повредени се затвореници и се префрлени во болница на лекување. 🚨URGENTE Al menos seis muertos y 15 heridos tras motín en el centro penitenciario El Castillo ubicado en Mazatlán, Sinaloa, México. 🧵 https://t.co/Haa2xswbCY — News On Demand (@OnDemand_News) October 8, 2026 Воспоставена контрола Локалните медиуми јавуваат дека затворениците користеле огнено оружје во конфликтот. Властите сè уште не објавиле повеќе детали за самиот настан. Федералната служба за безбедност објави дека Националната гарда интервенирала и воспоставила контрола во затворскиот комплекс, во кој се сместени 1.800 затвореници. Prison riot in Mexico's violence-hit state of Sinaloa leaves 10 people dead and more than a dozen inmates injured https://t.co/AYeTXCyXnT — TRT World Now (@TRTWorldNow) October 9, 2026 Насилството е чест проблем во мексиканските затвори. Многу од нив се преполни и под силно влијание на организирани криминални групи, првенствено нарко-картели.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ЗабаваФото: Елизабет Харли позираше без градник: „Како е можно да изгледа вака на овие години?“ Актерката и манекенката 61 годишната Елизабет Харли предизвика бројни реакции со своите разголени фотографии, а следбениците не штедеа комплименти за нејзиниот изглед.Мегапопуларната Лиз Харли повторно го привлече вниманието на јавноста со својот изглед, овојпат со фотографии на кои позира разголена. Актерката го промовираше сопствениот бренд за облека, носејќи само гаќички и долга кошула. Следбениците ја опсипаа со комплименти во коментарите, а многумина не можеа да поверуваат дека британската актерка има 61 година. - „Изгледаш апсолутно неверојатно“, „Најубавата жена на светот“ и „Безвременска – нема никој како тебе“ – се само дел од комплиментите што ги доби. Еден следбеник особено се запраша: - „Како е можно да изгледаш вака на твоја возраст?“ Харли често ја покажува својата витка фигура на социјалните мрежи – најчесто во бикини – а претходно откри и како ја одржува формата. Иако вели дека не била во теретана уште од 90-тите години, таа наоѓа можност за физичка активност преку секојдневните домашни обврски. „Не сум била во теретана уште од 90-тите, но ја одржувам формата преку работа во градината и кастрење на живата ограда. Сепак, бидејќи во Лос Анџелес немам грмушки за кастрење ниту плевел за чистење, одвојувам време за вежби за истегнување“, напиша таа покрај фотографиите.Тагови: елизабет харли Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМуцунски: ЕУ да не оценува според реформите не според историјата, дијалогот ќе продолжи08:43Муцунски: ЕУ да не оценува според реформите, не според историјата- дијалогот ќе продолжи 18:20Во Софија средба Муцунски и Петрова Чамова, можен ли е напредок во обновениот дијалог15:18Денеска билатерална средба Муцунски – Петрова Чамова во Софија 08:35Утрешната средба Муцунски – Петрова Чамова потврдена од бугарското МНР 15:00