ДОМ: Изборот на локацијата за Националниот дата-центар бара јавно образложение - Канал 5

ДОМ: Изборот на локацијата за Националниот дата-центар бара јавно образложение

Поплавата во зградата на поранешна „Нова Македонија“ уште еднаш покажа колку е важно државните институции да имаат сигурна дигитална инфраструктура. 

ДОМ: Изборот на локацијата за Националниот дата-центар бара јавно образложение

Но, потребата од Национален дата-центар не е одговор на прашањето како е избрана локацијата и дали се разгледани сите релевантни аспекти пред да се донесат следните одлуки.

Според информациите објавени на 8 октомври, локацијата е избрана, додека урбанистичката документација и финансирањето сè уште се во подготовка. Министерот најави дека пред изградбата ќе бидат изработени студија за влијанието врз животната средина и социјална студија.

За ДОМ, клучно е овие постапки да не се сведат на формално исполнување на условите за изградба, туку да обезбедат реална основа за оценување на проектот и неговите последици.

Затоа бараме Владата и Министерството за дигитална трансформација:

• Да ги објават образложението и критериумите врз основа на кои е избрана конкретната локација, вклучително и дали биле разгледани алтернативни локации.

• Да го претстават проектот со неговите основни технички параметри, колкав капацитет ќе биде во MW, како и планираното решение за функционирање на центарот.

• Да обезбедат соодветни процени на влијанијата врз животната средина и локалната заедница, во согласност со законските обврски, пред носењето на конечните одлуки.

• Да овозможат навремено информирање и учество на јавноста во сите постапки во кои тоа е предвидено, со пристап до релевантната документација.

Јавноста не треба да биде информирана за вакви проекти дури откако ќе бидат исполнети условите за нивно официјално претставување. Информирањето и учеството на граѓаните треба да бидат дел од процесот на планирање, а не негов завршен чекор.

ДОМ ја поддржува потребата од сигурна дигитална инфраструктура, но одлуките за нејзината изградба мора да бидат образложени, проверливи и во интерес на граѓаните, се наведува во парттиското соопштение.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Мицкоски: Оваа Влада интервенираше за да имаме најниски цени на горива во регионот

Оваа Влада интервенираше за да имаме најниски цени на горива во регионот, за време на минатата влада во 2022 година цената беше 2 евра.

Мицкоски: Оваа Влада интервенираше за да имаме најниски цени на горива во регионот

Претседателот на Владата, Христијан Мицкоски, на денешната седница за пратенички прашања во одговор на прашање за предизвиците со енергетската криза истакна дека имаме најниски горива во регионот токму затоа што Владата воведе мерки и интервенираше, а во однос на цената на електричната енергија посочи дека забрзо ќе се демантираат манипулациите на опозицијата, затоа што за време на оваа Влада цената не е покачена, додека во минатата цената на електричната енергија беше покачена за 35 проценти.

„Поврзано со предизвиците во енергетиката, цените на енергенсите и споредбата со земјите во регионот, ако денеска направиме пресек и анализа, тогаш ќе дојдеме до следниве бројки. Кај нас дизел еден литар гориво е 99 денари, следниот позади нас во регионот е Хрватска со 116 денари или отприлика 17% повисока цена, потоа е БиХ со 119 денари, отприлика за 20% повисока цена, исто толку е Словенија, потоа е Црна Гора со 122 денари односно тоа е отприлика 23% повисока цена, потоа е Србија со 124 денари, околу 25%, па потоа доаѓа Грција со 129 денари или 30% и конечно најскапа во регионот е Албанија со 145 денари по литар, тоа е отприлика 46% повеќе отколку тоа што чини литар дизел кај нас. Кај безоловниот 95 октани кај нас е 91 денар, следна е Хрватска со 104 или 14%, потоа е Словенија со 106 или 16%, па потоа е БиХ исто така со 106 денари, потоа е Србија со 109 или 20%, потоа доаѓа Црна Гора со 113 денари или 24%, па Албанија со 117 денари или 29% и конечно најскапа е Грција со 131 денар или 44% поскапо литар гориво безоловен 95 октани од тоа што е кај нас“, појасни премиерот Мицкоски.

Во однос на темата која некои ја наметнуваат во врска со тоа колку гориво може да се купи со платата во Германија, а колку во Македонија, премиерот Мицкоски вели дека суштинското прашање е дали пред почетокот на кризата со просечна плата во Македонија купувавме помалку или повеќе отколку тоа што беше во Германија, и како што појасни разликата е два пати.

„Велат добро, ајде да видиме колку литри ќе купиме со нашата просечна плата ако ја споредиме платата во Германија и цената на литар. Тоа не е вистинското прашање, тоа е политичко манипулативно прашање. А кое е вистинското прашање? Дали пред почетокот на кризата со просечната плата во Македонија купувавме помалку или повеќе отколку тоа што беше во Германија? Еве анализата покажува дека денес со просечната плата во Македонија купуваме повеќе литри дизел, отколку пред да почне енергетската криза споредено со Германија. Тоа е суштината. Дали тогаш со просечната плата во Германија купувале 100 литри, а сме купувале со просечната плата во Македонија во тој период 20 литри, сега во Германија се купува 80 литри, а во Македонија купуваме 30 литри. Тоа е суштината и начинот на кој треба да го поставуваме вистинското прашање. Разликата е два пати. Зошто? Затоа што оваа влада интервенираше пред сè во акцизите и во делот на ДДВ, односно за дизел горивата сега е намален од 18% на 10%, а во оној прв бран од крајот на февруари, таму некаде до крајот на мај, почеток на јуни и за безоловниот 95 октански“, изјави премиерот Мицкоски.

Премиерот Мицкоски додаде дека токму затоа и се прави вториот ребаланс на Буџетот, затоа што откако дојде вториот бран на кризата, и откако се имплементираа новите мерки треба да се направи подесување визави реалната состојба во државата.

„Тоа не го направија другите земји во регионот, затоа не прават ребаланс. И ние можевме да оставиме ДДВ од 18%, да не ги намалиме акцизите, сè да си остане исто, тогаш немаше да бидат 99 денари за дизел и 91 денар за 95 октански безоловен, туку дизелот ќе беше над 110 денари како што е во најголемиот дел од земјите во регионот, а безоловниот ќе беше исто така околу 110 денари. Тогаш ќе немаше потреба од ребаланс, ќе имавме суфицит во буџетот, бидејќи ќе ги соберевме парите од граѓаните. Ќе ве вратам во 2022 година, тогаш не се направија мерките навремено и тогаш имавме литар гориво кој беше повеќе од 2 евра и дизел и безоловен 95 октански. Тоа е разликата и затоа ние денеска мораме да направиме ребаланс, токму поради овие мерки кои оваа влада ги донесе. Тоа имплицира во буџетот отприлика недостаток во вредност од горе-доле околу 5 до 6 милијарди денари, тоа е околу стотина милиони евра. Тоа е разликата помеѓу таа влада тогаш и оваа влада денес“, изјави премиерот Мицкоски.

Во врска со цената на електричната енергија премиерот Мицкоски потенцира дека опозицијата ги плаши граѓаните, но забрзо ќе дојде 1 јануари и ќе се стави крај на шпекулациите.

„За електричната енергија бидејќи ги слушам ќе поскапувала, не знам колку, дупло ќе се зголемела, ги плашат граѓаните, еве ќе дојде 1 јануари, и ќе видиме дали цената на електричната енергија ќе поскапи. Така велеа кога беше 2024, па 2025 еве истото го зборат 2026 година и еве досега цената на електричната енергија не се зголеми. Ајде да видиме во минатото да зборуваме периодот 2018-2023 година, 35% е зголемена, кога ќе земете во целост со воведување на блоковите 35%, а сега 2024-2026 година, нула, во услови кога ја имаме најголемата енергетска криза која човештвото ја памети. Тоа е разликата. Ќе дојде декември, ќе излезе Регулаторна комисија со свое толкување и ќе дадат одговор на оваа невистинита шпекулативна комуникација која ја има опозицијата. Тоа што наследивме од минатото е товар за кој треба време да се реши, но дали е подобро, е многу подобро, дали ќе биде подобро, да, ќе биде подобро“, нагласи премиерот Мицкоски, соопштуваат од Владата.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Мамографот во Поликлиниката Букурешт не работи една година

Една година не работи апартот за мамагорафија во поликлиниката Букурешт. Пациентките реагираат дека ги слушаат сите совети за редовни прегледи, но истите им останува да ги направат во приватни ординации.

Мамографот во Поликлиниката Букурешт не работи една година

Од здружението „Хема Онко“ објаснуваат дека бројот на радиолози кои читаат снимки е мал и треба страгетија на самиот медицнски факултет за специјализации за радиолози, бројот на функционални апарати е низок, но систем каде ќе бидат ставени сите снимки на пациентка се уште не функционира.

Канал 5 го бараше првиот човек на здравствен дом Самир Исени, под чија надлежност е поликлиниката Букурешт, но не доби одговор зошто една година не работи апаратот.

Министерот за здравство Клековски ќе провери зошто мамографот не работи.

На Клиниката за онкологија засега ја има потребната терапија, она што нема како лек е астрезол во аптеките. Проблем е производството на лекот и истиот треба да е достапен по 7 ноември.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

МВР со кривична пријава против 11 лица и една приватна здравствена установа, уапсени се осум лица

МВР со кривична пријава против 11 лица и една приватна здравствена установа за „злоупотреба на службената положба и овластување“, „несовесно работење во службата“, „фалсификување или уништување деловни книги“, „измама во службата“ и „перење пари“.

МВР со кривична пријава против 11 лица и една приватна здравствена установа, уапсени се осум лица

Денеска (29.10.2026) од страна на полициски службеници при Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал при МВР во координација со ОЈО за ГОКК, спроведена е полициска акција, во рамки на истрага за сомнежи за незаконски постапки поврзани со операции на очи, при што сузбиена е криминална група, дел од нив поранешни и сегашни функционери на Фонд за здравствено осигурување. Во рамки на акцијата, врз основа на претходно обезбедени Наредби од Основен кривичен суд извршени се претреси на повеќе локации во Скопје и по една во Тетово и Куманово, при што лишени од слобода се осум лица, а при извршените претреси пронајдени и одземени се парични средства околу 50,000 евра и мобилни телефони.

Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал до ОЈО за ГОКК поднесе кривична пријава против 11 физички лица, од кои еден албански државјанин и едно правно лице, и тоа: Д.Д.(60) од Скопје, О.Р.(66) од Тетово и С.Б.(59) од Скопје за „злоупотреба на службената положба и овластување“ (чл.353 ст.5) в.в (чл.45) од Кривичниот законик, Р.А.(45) од Куманово за „несовесно работење во службата“ (чл.353-в ст.3) в.в (чл.45) од Кривичниот законик, З.А.(35) од Скопје за „фалсификување или уништување деловни книги“ (чл.280) од Кривичниот законик, В.Ќ. (47) од Скопје, С.А.(40) од Скопје и Г.А.(33) од Р. Албанија за „злоупотреба на службената положба и овластување“ (чл.353 ст.3) в.в (чл.45) и „измама во службата“ (чл.355) од Кривичниот законик, Ц.С.(47) од Скопје, Ж.С.(58) од Скопје и И.П.(49) од Скопје за „несовесно работење во службата“(чл.353-в ст.2) в.в (чл.45) од Кривичниот законик и против приватната здравствена установа од Скопје за „перење пари и други приноси од казниво дело“ (чл.273 ст.12) в.в (чл.22 и чл.45) од Кривичниот законик.

Според наводите во пријавата, двајца тогашни директори на ФЗО во 2020 година, заедно со претставник на приватната здравствена установа, склучиле договор спротивно на пропишаните постапки и интерни акти на Фондот. Претседателот на Управниот одбор се сомничи за неправилности при неговото одобрување.

Врз основа на договорот, преку внесување невистинити податоци во електронскиот систем на ФЗО и изготвување фактури со невистинита содржина, здравствената установа наводно наплаќала исти услуги и од Фондот и од пациентите. На пациентите, покрај законската партиципација, им била наплаќана и приватна цена за операциите, при што им било прикриено дека услугите се наплаќаат и од ФЗО.

Пријавениот директор на Секторот за контрола се сомничи дека не ги доставувал извештаите за утврдените неправилности до надлежната комисија и го одлагал спроведувањето редовни контроли, со што се избегнувало изрекување дополнителни договорни казни и можно раскинување на договорот. Две раководителки на Подрачната служба Скопје се сомничат дека не ја следеле наплатата на веќе изречените казни и не ги известувале надлежните служби, поради што исплатите кон установата продолжувале без пребивање на долговите.

Постојат и сомнежи дека средствата исплатени од ФЗО, за кои овластените лица во установата знаеле дека потекнуваат од кривично дело, биле внесувани во платниот промет, евидентирани на различни сметководствени конта и користени за плати, набавки и други исплати.

Според пријавата, штетата на буџетот на ФЗО изнесува 104.818.754 денари, односно околу 1,7 милиони евра, за исплати по фиктивни фактури, и дополнителни 525.000 денари за ненаплатени договорни казни. Постојат сомнежи дека во периодот од 2022 до 2025 година здравствената установа се стекнала со противправна имотна корист од 261.271.961 денар, односно околу 4,25 милиони евра. Со опишаната двојна наплата, според пријавата, биле оштетени меѓу 3.000 и 4.000 пациенти, соопштуваат од МВР.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер