Волонтери од ТАВ Македонија и ТАВ Аеродроми подготвија 170 пакети со храна за бездомни лица во рамки на иницијативата „ТАВ Готви“ - Канал 5

Волонтери од ТАВ Македонија и ТАВ Аеродроми подготвија 170 пакети со храна за бездомни лица во рамки на иницијативата „ТАВ Готви“

Во пресрет на Светскиот ден на бездомништвото, вработените од ТАВ Македонија и ТАВ Аеродроми се обединија околу заедничка мисија: да донесат надеж на оние на кои им е најпотребна.

Волонтери од ТАВ Македонија и ТАВ Аеродроми подготвија 170 пакети со храна за бездомни лица во рамки на иницијативата „ТАВ Готви“

Преку хуманитарната иницијатива на ТАВ Македонија „ТАВ Готви“, како и во рамките на корпоративната волонтерска програма на ТАВ Аеродроми, ‘Hope On Board’, вработените, волонтери, подготвија 170 пакети со храна за корисниците на Пунктот за бездомници Момин Поток, управуван од Црвен крст на Република Македонија – Црвен крст на Град Скопје. Иницијативата ја одразува посветеноста на аеродромскиот оператор за поддршка на ранливите категории граѓани преку значајни волонтерски активности и поттикнување општествена солидарност.

Активноста ги обедини колегите од ТАВ Аеродроми со заедничка цел: да обезбедат практична поддршка и солидарност за лицата кои се соочуваат со тешки животни околности. Покрај подготовката на пакетите со храна, волонтерите го вложија своето време, грижа и човечност, покажувајќи како заедничкото дејствување може да направи позитивна промена во животите на другите.

„Како аеродромски оператор, нашата улога не е само да поврзуваме дестинации. Подеднакво сме посветени и на придонесот кон благосостојбата на заедниците на кои им служиме. Преку „ТАВ Готви“ и во рамките на корпоративната волонтерска програма на ТАВ Аеродроми ‘Hope On Board’, испраќаме порака дека солидарноста, сочувството и грижата можат да помогнат во подобрување на животите и зајакнување на заедниците. Горди сме што повторно соработуваме со Црвениот крст и ги поддржуваме корисниците на Пунктот за бездомни лица „Момин Поток“. Оваа иницијатива покажува дека кога луѓето се обединуваат околу заедничка цел, дури и малите дела можат да создадат значајни промени“, изјави Неџат Курт, генерален директор на ТАВ Македонија.

Волонтерската активност беше организирана во духот на Светскиот ден на бездомништвото, кој секоја година се одбележува на 10 октомври, потврдувајќи ја долгогодишната посветеност на ТАВ Македонија кон поддршка на ранливите општествени групи преку одржливи и влијателни програми за корпоративна општествена одговорност.

Како дел од своите заложби за корпоративна општествена одговорност, ТАВ Македонија продолжува да ги поддржува локалните заедници преку волонтерски иницијативи и партнерства што ја промовираат солидарноста и социјалната инклузија, потврдувајќи дека и малите дела можат да направат значајна разлика.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Манасиевски: Бугарскиот амбасадор во Македонија, Венко Филипче и натаму работи за бугарските интереси и молчи за моштите на Цар Самуил

Бугарскиот амбасадор во Македонија, Венко Филипче и натаму работи за бугарските интереси и молчи за моштите на Цар Самуил.

Манасиевски: Бугарскиот амбасадор во Македонија, Венко Филипче и натаму работи за бугарските интереси и молчи за моштите на Цар Самуил

Филипче агитира директно за Бугарија, со тоа што ги застапува бугарските позиции, наместо македонските.

Филипче секојдневно вели Бугарите во Устав, па се друго. Ова е истиот став на оној кој го има и соседна Бугарија.

Филипче и неговиот ментор Заев, велеа дека Бугарите биле ослободители, а не фашисти во втората светска војна, односно дека биле администратори и дека македонскиот јазик е од 1944 година, а нашата држава дека била создадена благодарение на комунизмот.

Филипче периодов молчи и за пренесувањето на таканаречените мошти на Цар Самуил во Бугарија.

Молчи затоа што со неговиот ментор Заев преку историската комисија се откажаа од него уште во првиот момент, без размислување.

Почитувани граѓани,

Замислете на што се е спремен Филипче за пуста власт да направи. Од стабри здравство, до марихуана економија и капитулација на идентитетот и интегритетот на Македонија.

Затоа, претседателот Мицкоски и Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ заедно со граѓаните, ќе го зачуваат она достоинство коешто Филипче и Заев не успеаја да го допродадат. Заедно ќе успееме, рече Валентин Манасиевски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Тони Крос ја започнува својата тренерска кариера – тесно поврзана со Реал Мадрид

Легендарниот германски фудбалер, 36 годишниот Тони Крос се подготвува за ново поглавје во својата кариера.

Тони Крос ја започнува својата тренерска кариера – тесно поврзана со Реал Мадрид

По завршувањето на фудбалската кариера, поранешниот ас на Реал Мадрид сака да се испроба во тренерската улога, а враќањето на „Сантијаго Бернабеу“ е една од можните опции.

Според шпанскиот весник „АС“, Крос ја известил Шпанската фудбалска федерација за својата намера да се вклучи во специјализирана тренерска програма за поранешни професионални фудбалери во сезоната 2027/2028.

Иако неговото играчко искуство му овозможува одредени тренерски ангажмани во Шпанија, Германецот сака да се стекне со УЕФА А-лиценца и постепено да се подготвува за работа во професионалниот фудбал.

Во моментов тој е ангажиран во развојот на млади фудбалери во својата фудбалска академија во близина на Мадрид, но неговите амбиции полека се насочуваат кон сениорскиот фудбал.

Реал Мадрид веќе ја разгледуваше можноста Крос да ја продолжи соработката со клубот преку некоја од улогите во тренинг-центарот „Валдебебас“.

Сепак, тогаш не беше пронајдено соодветно решение, бидејќи ниту клубот, ниту поранешниот играч од средниот ред не сакаа да ја форсираат соработката само поради неговото име и статусот на легенда.

Односите меѓу Крос и раководството на Реал останаа одлични, па неговото враќање во мадридскиот клуб во иднина не би претставувало изненадување.

Германецот ја заврши својата играчка кариера во 2024 година, по Европското првенство, оставајќи зад себе импресивна колекција на трофеи. Тој освои вкупно шест титули во Лигата на шампионите со Реал Мадрид и Баерн, а во 2014 година стана светски првак со германската репрезентација.

Заедно со Лука Модриќ и Касемиро, тој го сочинуваше еден од најдоминантните средни редови во историјата на европскиот фудбал.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Невреме проследено со обилни врнежи во Словенија

Невреме проследено со обилни врнежи го зафати југозападниот дел на Словенија, при што поројни поплави ги поплавија станбените, земјоделските, училишните и другите објекти, а излеаните водотеци ги поплавија патиштата.

Невреме проследено со обилни врнежи во Словенија

Невреме го зафати подрачјето меѓу регионот Крас и ридестиот предел Идрија-Церкно. Според извештајот на оперативниот центар за итни случаи, пожарникарите испумпувале вода од објекти, спасувале луѓе заглавени во возила, ги штителе загрозените локации со вреќи со песок и расчистувале наноси од одрони.

Патиштата во општините Комен и Ајдовшчина станале непроодни поради одрони од камења и свлечишта, пренесува Срна.

Најголем број инциденти – 38 – се регистрирани на подрачјето што го покрива Регионалниот оперативен центар во Нова Горица, а по него следи подрачјето на Регионалниот оперативен центар во Постојна, каде што се случиле 17 инциденти.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер