Познатиот украински фудбалер Артем Милевски одлучи да стави крај на кариерата - Канал 5

Познатиот украински фудбалер Артем Милевски одлучи да стави крај на кариерата

Тоа го направи поради неговиот порок

Познатиот украински фудбалер Артем Милевски одлучи да стави крај на кариерата

Украинецот Артем Милевски одигра неколку извонредни сезони и направи светот да чуе за него.

Она што не е во ред и што всушност е причина поради која одигра само неколку сезони, е порокот на кој се оддаде.

Имавме можност да го гледаме и на овие простори, бидејќи беше дел од сплитскиот Хајдук, но не доаѓаше подготвено, често беше повреден и беше склон кон ноќен живот. Набргу се пресели во Сплит, каде поради повреда беше уште пократко, а полицијата го фати како вози под дејство на алкохол и без документи.

Слична епизода имаше и во 2013 година, откако потпиша за Газиантеп. Тогаш го удри скапото „ферари“ и договорот беше раскинат.

Своевремено, го викаа и Миле Виски поради пијалокот што сакаше да го консумира, а последен ангажман имаше во неговата татковина, во тимот на Минаж.

Во екот на кариерата, Украинецот двапати беше прогласен за најдобар играч во домашното првенство, четирипати ја освои тамошната лига и запиша 50 настапи за националниот тим.

Милевски заработи многу пари во кариерата, но би можела да го снајде иста судбина како многу спортисти кои банкротираа по пензионирањето.

-Највисока годишна плата? Во Киев имав два милиони евра по сезона. Имам милион евра во банка. Потрошив 500.000 долари за четири автомобили. И веќе не возам ниту еден од нив, рече Милевски, чии резерви брзо се исцрпуваат.

Популарниот Миле е дел од историјата на Динамо Киев, за кого одигра 178 натпревари и постигна 57 гола, и помина повеќе од една деценија во клубот. По заминувањето од Киев, тој промени осум екипи за седум години, а покрај горенаведените, играше и за Конкордија, Тосно, Динамо Брест и Кишварда.

Извор: sport.blic.rs

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Мицкоски од САД: Нови можности за инвестиции и продлабочување на стратешкото партнерство

Во рамките на посетата на Вашингтон, претседателот на Владата Христијан Мицкоски, заедно со владината делегација, оствари повеќе значајни средби со претставници на американските институции, Конгресот и економскиот сектор.

Мицкоски од САД: Нови можности за инвестиции и продлабочување на стратешкото партнерство

Во рамките на посетата на Вашингтон, претседателот на Владата Христијан Мицкоски, заедно со владината делегација, оствари повеќе значајни средби со претставници на американските институции, Конгресот и економскиот сектор, на кои во фокусот беа продлабочувањето на стратешкото партнерство меѓу двете држави, како и отворањето нови можности за економска и инвестициска соработка.

Мицкоски оствари средба со Caroline Vik, главен директор за политики и вршител на должноста главен директор за развој во Американската корпорација за меѓународно финансиско развивање – DFC, институција која располага со инвестициски капацитет од 205 милијарди долари и претставува значаен инструмент на САД за мобилизирање приватен капитал и инвестиции во стратешки сектори.

На средбата се разговараше за можностите за продлабочување на соработката и потенцијални инвестиции во Македонија во повеќе области, со посебен акцент на енергетиката, високите технологии и други стратешки сектори. DFC во своето работење посебен фокус става на енергетиката, современата инфраструктура и напредните технологии, а по проширувањето на нејзините овластувања располага со значително поголем капацитет за меѓународни инвестиции.

Посетата на Вашингтон беше искористена и за серија политички средби со претставници на американскиот Конгрес.

Претседателот на Владата оствари средба со конгресменот Кит Селф, претседател на Поткомитетот за Европа во Комитетот за надворешни работи на Претставничкиот дом на САД.

На средбата се разговараше за значењето на стратешкото партнерство меѓу Македонија и Соединетите Американски Држави, за заедничките интереси на двете земји, како и за можностите за понатамошно продлабочување на соработката во областите од заемен интерес.

Мицкоски оствари средба и со конгресменката Клаудија Тени, копретседавач на Македонската група за пријателство во Конгресот на САД.

Во разговорите беше истакнато значењето на традиционално силните и пријателски односи меѓу Македонија и Соединетите Американски Држави, како и важноста на парламентарната соработка, политичкиот дијалог и размената на искуства меѓу двете земји.

Серијата средби во Вашингтон претставува продолжување на заложбите за зајакнување на стратешкото партнерство со САД, но и за негово преточување во конкретна економска соработка, нови инвестиции и проекти од интерес за нашата држава.

Посветеноста кон унапредување на партнерството, почитувањето на заедничките вредности и градењето стабилни и долгорочни македонско американски односи остануваат важен темел на соработката меѓу двете држави.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

ВМРО-ДПМНЕ: СДС и ДУИ оставија зад себе правосудство во кое граѓаните не гледаат еднаквост пред законот

Инсталациите на СДС и ДУИ во правосудството за кубење коса судат 4 години, а за криминалот во Мазут и жртвите од Модуларната и Ласкарци одговорност ни на повидок.

ВМРО-ДПМНЕ: СДС и ДУИ оставија зад себе правосудство во кое граѓаните не гледаат еднаквост пред законот

СДС и ДУИ оставија зад себе правосудство во кое граѓаните не гледаат еднаквост пред законот, туку судство со двојни аршини.

Инсталациите на СДС и ДУИ во правосудните органи, за кубење коса судат четири години затвор, а за кражба на 150 ќебапи три години.

Додека пак, кога се работи за тешки криминали и дела со смртни последици во кои постојат сомненија дека се вклучени лица од или блиски на СДС и ДУИ, како што се Венко Филипче, Зоран Заев и блиски на Али Ахмети, одговорност нема.

Така за случајот Ласкарци, каде што загинаа 16 луѓе, за пожарот во модуларната болница во Тетово, каде живи изгореа 14 сограѓани, како и за криминалниот случај Мазут, тежок од 167 милиони евра, граѓаните со години чекаат правда, одговорност за никој нема.

Ова се двојните стандарди кои ја урнаа довербата на граѓаните во правосудството.

Кога треба да се испита одговорноста на моќни поединци и интереси поврзани со СДС и ДУИ, постапките се одолговлекуваат, а одговорноста изостанува.

Правдата не смее да има партиска книшка, правосудството не може да биде заштитник и партиски бастион и упориште на моќниците од СДС и ДУИ.

Времето на недопирливите моќници и на штетниците во правосудството инсталирани од Зајас и Струмица, треба и ќе заврши, како што заврши власта на СДС и ДУИ.

Законот мора да важи еднакво за сите и правдата мора да биде еднаква и достапна за сите граѓани.

Со почит,

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Трамп повторно изјави дека се надева оти крајот на војната против Иран е близу

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека се надева дека крајот на војната против Иран е близу.

Трамп повторно изјави дека се надева оти крајот на војната против Иран е близу

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека се надева дека крајот на војната против Иран е близу, бидејќи конфликтот, кој е во седмиот месец, ескалираше кога саудиските авиони го бомбардираа Јемен, а Хутите кои се поддржани од Иран лансираа беспилотни летала и ракети врз саудиските градови.

Нападите го оштетија нафтоводот исток-запад на Саудиска Арабија, го проширија досегот на Техеран во војната и ги зголемија глобалните ризици за снабдување со нафта. Само неколку часа по извештаите за борбите меѓу Хутите и Саудиска Арабија, Трамп им рече на новинарите „па, се надевам дека сме при крајот на војната“.

Тој посочи дека Иран сака договор, и дека цената на нафтата е сè уште висока.Проширувањето на војната во Јемен се заканува да го влоши глобалниот недостиг на енергија предизвикан од војната, што го наруши превозот низ Ормутскиот теснец. Теснецот пренесуваше околу 20% од глобалната нафта и течен природен гас пред конфликтот.Трговците велат дека продолженото затворање на нафтоводот исток-запад на Саудиска Арабија би можело да го намали глобалното снабдување со нафта за дури 4%.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер