Познат рапер е убиен во вооружен грабеж во неговиот дом во Холивуд

Американскиот рапер Поп Смоук бил убиен, јавуваат американските медиуми.

Полицијата во Лос Анџелес изјави за медиумите дека маж е убиен во неговиот дом во вооружен грабеж, но тие не го откриваат идентитетот. Се смета дека станува збор за 20-годишниот рапер Поп Смоук, роден во Бруклин.

Полицијата соопшти дека маж бил однесен во болница, а подоцна бил прогласен за мртов. Полицајците потврдија дека непознат број осомничени упаднале вооружени на имотот во Западен Холивуд.

Полицијата пристигнала на местото на настанот шест минути откако добиле повик. Велат дека досега не ги идентификувале осомничените и сè уште никој не е уапсен. Се верува дека еден од осомничените имал пиштол, јавува Би-Би-Си.

На социјалните мрежи, многумина веќе започнаа да се збогуваат со раперот, со вистинско име Башар Барака Џексон .

Поп Смоук се проби на сцената минатата година со хитот ,,Добредојдовте на забавата”, што го направи една од надежните sвезди на радио Би-Би-Си 1Xtra во 2020 година. Тој има повеќе од 1,2 милиони обожаватели на Инстаграм.

Песната на крајот беше ремиксирана и од Ники Минаж и од Скепта.

Тој имал неколку концерти закажани во САД, а требаше да гостува и во Велика Британија во април, каде требаше да настапи во Лондон, Манчестер и Бирмингем.

50 Cent е еден од многуте рапери кои му оддадоа почит на Smoke на социјалните мрежи, како и раперот Quavo со кого соработувал.

Фото:Девојката на екс фудбалер на Барса воодушеви со секси фотографии

Девојката на шпанскиот фудбалер и поранешна ѕвезда на Барселона, Марко Бартра е голем љубител на социјалните мрежи.

Убавата Џесика сега ги воодушеви следбениците на Инстаграм со атрактивни фотографии на која таа е облечена само во минијатурно бикини.

На фотките убавата Џесика Гојкочеа која е манекенка ја покажа својата совршена фигура и на тој начин собра голем број лајкови на социјалните мрежи.

Унион Берлин му врачи отказ на Бјелица

 Бундеслигашот Унион Берлин се раздели со тренерот Ненад Бјелица, ден откако клупскиот претседател изрази поддршка на хрватскиот стратег.

Унион загуби со 3-4 на домашен терен од ривалот за испаѓање Бохум во неделата и се наоѓа на еден бод и едно место над плеј-офот за опстанок на два натпревари до крајот на сезоната.

Бјелица седна на клупата на Унион во ноември откако Урс Фишер беше отпуштен по серијата слаби резултати, и покрај тоа што го обезбеди првиот настап во Лигата на шампионите претходната сезона.

Унион соопшти дека клубот на двата завршни натпревари ќе го предводат Марко Гроте, заедно со сегашниот помошник тренер Мари-Луиз Ета, првата жена која предводеше машки тим на натпревар од Бундеслигата.

Макрон ја поздрави намерата на Кина да се воздржи од продажба на какво било оружје на Москва

 Францускиот претседател Емануел Макрон за време на денешната заедничка прес-конференција со претседателот Си Џинпинг во Париз, ги поздрави „намерите на Кина да се воздржи од каква било продажба на оружје“ и „каква било помош за Москва“.

Шефот на француската држава, исто така, ја поздрави „подготвеноста“ на неговиот кинески колега „да ги замоли сите заинтересирани страни“ во различни конфликти на „олимписко примирје“ за време на летните Олимписки игри во Париз.

притисни ентер