Познат рагби играч ги загуби спонзорите поради навреда кон хомосексуалците (ВИДЕО)

"Хомосексуалците ги чека пеколот" - поради оваа срамна изјава, познатиот рагби играч Израел Фолау остана без вредните договори за спонзорство.

Рагби играчот Израел Фолау, кој беше нападнат од федерацијата на Австралија за критикување на хомосексуалците, сега повикува на јавни донации за покривање на судските трошоци за тужбата што покрена кон спонзорите поради раскинувањето на договорите.

Триесетгодишната ѕвезда ги изгуби договорите откако во мај на социјалните мрежи објави дека "хомосексуалците ги чека пекол". Со раскинувањето на договорот, тој изгуби повеќе спонзорства со компании, како на пример со Land Rover.

Спортистот сега тврди дека раскинувањето на договорот било незаконско и дека тоа било поради верска дискриминација, зашто е христијанин додека Рагби федерацијата тврди дека тој го прекршил Кодексот на однесување.Денеска Фолау објави видео во кое повикува за донации зашто му се потребни три милиони австралиски долари за неговата правна битка.

"Секој Австралијанец треба да може слободно да ја практикува својата религија без страв од дискриминација на работното место. Дури и луѓето кои не се согласуваат со мене го бранат моето право да го изразам моето мислење. Ако сакате да се придружите на ова патување со мене и да се борите за правото на слобода на вероисповеста, молам, донирајте ", вели Фолау во видеото.

Неговиот договор за спонзорства вредел пет милиони долари, а "Дејли телеграф" пишува дека поседува милиони недвижнини во Сиднеј и Бризбејн.

Тој и неговата сопруга веќе потрошиле над 100.000 долари за правни трошоци по ангажирање на врвен адвокат. Со оваа тужба рагбистот може да бара до 10 милиони долари.

Фото:Девојката на екс фудбалер на Барса воодушеви со секси фотографии

Девојката на шпанскиот фудбалер и поранешна ѕвезда на Барселона, Марко Бартра е голем љубител на социјалните мрежи.

Убавата Џесика сега ги воодушеви следбениците на Инстаграм со атрактивни фотографии на која таа е облечена само во минијатурно бикини.

На фотките убавата Џесика Гојкочеа која е манекенка ја покажа својата совршена фигура и на тој начин собра голем број лајкови на социјалните мрежи.

Унион Берлин му врачи отказ на Бјелица

 Бундеслигашот Унион Берлин се раздели со тренерот Ненад Бјелица, ден откако клупскиот претседател изрази поддршка на хрватскиот стратег.

Унион загуби со 3-4 на домашен терен од ривалот за испаѓање Бохум во неделата и се наоѓа на еден бод и едно место над плеј-офот за опстанок на два натпревари до крајот на сезоната.

Бјелица седна на клупата на Унион во ноември откако Урс Фишер беше отпуштен по серијата слаби резултати, и покрај тоа што го обезбеди првиот настап во Лигата на шампионите претходната сезона.

Унион соопшти дека клубот на двата завршни натпревари ќе го предводат Марко Гроте, заедно со сегашниот помошник тренер Мари-Луиз Ета, првата жена која предводеше машки тим на натпревар од Бундеслигата.

Макрон ја поздрави намерата на Кина да се воздржи од продажба на какво било оружје на Москва

 Францускиот претседател Емануел Макрон за време на денешната заедничка прес-конференција со претседателот Си Џинпинг во Париз, ги поздрави „намерите на Кина да се воздржи од каква било продажба на оружје“ и „каква било помош за Москва“.

Шефот на француската држава, исто така, ја поздрави „подготвеноста“ на неговиот кинески колега „да ги замоли сите заинтересирани страни“ во различни конфликти на „олимписко примирје“ за време на летните Олимписки игри во Париз.

притисни ентер