Познат актер застана во одбрана на Џеј Ло: Славата не ја промени, никогаш не била арогантна

Актерот и комичар Марлон Вејанс застана во одбрана на Џенифер Лопез во подкастот Club Shay Shay, велејќи дека мисли дека славата не ја променила.

Вејнс ја запознал Лопез кога глумеа во „Во жива боја“, која се емитуваше од 1990 до 1994 година, и тврди дека пејачката никогаш не била арогантна.

"Таа за мене беше убава мала Порториканка. Џеј Ло секогаш беше убава и можеше да се види нејзиниот талент. Таа никогаш не рече: "Ох, сега сум над тебе". Таа никогаш не била таква“, рече тој, откривајќи како пејачката му помогнала да добие улога во филмот на Бен Афлек, номиниран за Златен глобус во 2023 година, Air.

"Таа му рече на Бен да ми ја даде улогата. Бен ми се јави и ми рече: "Дали ќе ја играш оваа улога во мојот филм?" Тоа беше одлична улога“, се присети тој, а потоа прокоментира дека со славата не се справувал лесно.

„Тешко е кога сте секогаш во центарот на вниманието, особено кога сте Џеј Ло и ве влечат наоколу“, рече тој, додавајќи дека разбира дека пејачката е секогаш зафатена и нема време да го контактира.

Да потсетиме, последниве години многубројни се шпекулациите за нејзиното арогантно однесување, а меѓу другото, нејзините поранешни вработени открија и едно бизарно барање кое пејачката го има за својот персонал- да не ја гледаат во очи.

Русија изврши напади со беспилотни летала на Киев и Суми

 Руски беспилотни летала синоќа предизвикаа пожар во Киев, а повредена е една жена и оштетени се неколку куќи во градот Суми во североисточна Украина, соопштија украинските власти.

„Нема повредени во нападот што предизвика пожар во нестанбена зграда во Киев“, напиша градоначалникот Виталиј Кличко во објава на апликацијата Телеграм.

„Триесет и осумгодишна жена е хоспитализирана по напад на руски дрон врз градот Суми, кој е административен центар на Сумиската област“, напиша на Телеграм гувернерот на регионот Игор Калченко. Тој додаде дека се оштетени пет куќи.

Целосниот опсег на синоќешниот руски напад врз Украина се уште се разјаснува.

СДСМ: Граѓаните тешко осиромашени за осум месеци, Мицкоски допрва анализира што да се прави

Тотално фијаско на политиките на Мицкоски и ДПМНЕ во економијата, цените продолжуваат да растат, граѓаните имаат се помалку пари и едвај врзуваат крај со крај.

Мерките со некакви „кошнички“ доживеаја дебакл. Наместо намалување се случи зголемување на цените на храната, на основните производи, затоа што власта им остави време и простор на трговците да ги зголемат.

Граѓаните беа принудени сами да се организираат и преку бојкот на маркети да кренат глас против високите цени и големите поскапувања.

И наместо веднаш да преземе мерки и да ги намали цените Власта на Мицкоски така си ги остава работите, ништо не прави за намалување на цените. Граѓаните се оставени сами.

Мицкоски вели ќе разгледувале, ќе правеле анализи, ќе презентирале нешто на наредната седница на Влада.

Човекот што троши за една реклама на Фејсбук повеќе од една минимална плата си поигрува со народот кој секој ден плаќа поскапо а има помалку.

Па 8 месеци поминаа допрва ли ќе разгледува Мицкоски? Нели ветуваше дека ќе се намалат цените? Еве цените не се намалија, се зголемија, неспособноста излезе на виделина.

Власта има 6 милијарди евра буџет. Зошто едноставно не ги покачи платите? Што се чека?

Едноставен е одговорот, политиките на Мицкоски се насочени кон заштита на интересите на големите трговци и елитата а граѓаните се оставени сами на себе.

Секогаш кога ДПМНЕ е на власт се зголемува економската несигурност на семејствата, народот има се помалку пари а се богатат само неколкумина во врвот на власта.

СДСМ - Центар за комуникации со јавноста

Нова серија земјотреси во близина на Санторини - најсилниот 5 степени

 Во морскиот дел меѓу островите Санторини и Аморгос синоќа беше регистрирана нова серија земјотреси над 4 степени, од кои најсилниот беше 5 степени според Рихтер.

Во морскиот дел меѓу островите Санторини и Аморгос синоќа беше регистрирана нова серија земјотреси над 4 степени, од кои најсилниот беше 5 степени според Рихтер, додека земјотресите продолжија и во текот на ноќта и рано утрово, меѓутоа со помал интензитет, јави дописничката на МИА од Атина.

Согласно официјалните податоци од Геодинамичкиот институт на Националната опсерваторија во Атина, во периодот од 20.41 до 22.35 часот по локално време беа регистрирани 16 земјотреси меѓу 3,1 и 5 степени, од кои половина беа над 4 степени.

Професорот по сеизмологија на Универзитетот Аристотел во Солун Костас Папазахос за грчката телевизија ЕРТ утрово објасни дека земјотресите во близина на Санторини може да траат со недели, па дури и месеци и не е нешто што ќе се промени преку ноќ.

- Без разлика дали е серија земјотреси или предземјотресна секвенца, тоа трае со недели, понекогаш дури и месеци. Не е пријатна порака, но така е. Низата ќе продолжи и тоа со оваа карактеристика, објасни сеизмологот и додаде дека во период од два-три часа може да има земјотреси од 4-5 степени, а потоа да поминат 12-16 часа, да се смири серијата, па повторно да се појават.

Во однос на тоа колку долго би можела да трае појавата, Папазахос посочи дека не можат точно да проценат, но дека е веројатно цел февруари или голем дел од месецот да помине со слична ситуација, изразувајќи надеж дека полека ќе има постепена деескалација.

Паралелно, поради земјотресите во близина на Санторини, првиот крузер за оваа година што денеска требало да пристигне на островот, ја сменил рутата и се закотвил на Крит.

Според грчките медиуми, крузерот „Viking star“ со 893 патници и 470 членови на екипажот, ја променил програмата и поради безбедноста и за да се избегне метеж на старото пристаниште и жичарницата, каде што постои опасност од лизгање на земјиштето, па наместо на Санторини пристигнал на Крит.

Хотелиерите од Санторини за грчките медиуми во изминатите денови посочија дека засега немаат откажувања на резервациите како за следниот период, така и за велигденските празници.

На туризмот и новата сезона се осврна и грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис за време на неговата посета на островот кога рече дека имаат должност да ја заштитат, да ја зачуваат репутацијата на популарната туристичка дестинација и да бидат сигурни дека „2025 година исто така ќе биде одлична година за туризмот на Санторини“ и затоа посочи дека во јавната комуникација, треба да постои баланс меѓу потребата да се дејствува превентивно, без да се репродуцираат катастрофални сценарија, „кои потенцијално може да исплашат некои посетители“.

Училиштата на островите Санторини, Иос, Аморгос и Анафи, поради земјотресите ќе бидат затворени и оваа седмица, со одлука на Комисијата за процена на сеизмичката опасност и на Комисијата за следење на вулкански активности при Министерството за климатски кризи и цивилна заштита на Грција.

притисни ентер