Познат актер под полициска истрага за брутално силување, жртвата раскажува детали (ВИДЕО) - Канал 5

Познат актер под полициска истрага за брутално силување, жртвата раскажува детали (ВИДЕО)

Американскиот актер Арми Хамер е под истрага на полицијата во Лос Анџелес од 3 февруари за наводно силување.

Познат актер под полициска истрага за брутално силување, жртвата раскажува детали (ВИДЕО)

Жртвата Ефи, која одбила да го открие нејзиниот вистински идентитет и поднесе обвиненија против sвездата на „Скриената љубов“ на почетокот на јануари, тврди дека актерот четири часа сексуално и физички ја малтретирал во април 2017 година.

Таа ги изнесе своите обвинувања вчера на прес-конференција на која се појави заедно со нејзината адвокатка, Глорија Олред.

Ефи изнесе нови обвинувања против актерот велејќи дека тој ја малтретирал психички, емоционално и сексуално за време на нивната бурна врска која траела четири години со прекини. Во тоа време Хамер бил оженет со Елизабет Чемберс.

- На 24 април 2017 година, Арми Хамер насилно ме силуваше четири часа во Лос Анџелес, удирајќи ми ја главата неколку пати во ѕидот, повредувајќи ми го лицето. Тој беше насилен кон мене во уште неколку наврати, без моја согласност. За време на четиричасовното силување, се обидов да избегам, но тој не ме дозволи. Мислев дека ќе ме убие, а потоа си замина без да се грижи за моето здравје. По нападот, живеев во страв од него и се обидов да ги разберам неговите постапки како чудна форма на љубов. Сега сфаќам дека тој ми нанесе психолошка штета на повеќе нивоа, рече таа.

YouTube video

Адвокатот на Хамер, Ендру Бретлер, ги негира обвинувањата за силување, тврдејќи дека нивната врска била целосно пријателска.

- Преписката на Ефи со г. Хамер ги побива нејзините неверојатни обвинувања. Во јули минатата година, Ефи му испрати пораки во кои му кажува што би сакал тој да прави со неа. Хамер одговори со тоа што многу јасно и рече дека повеќе не сака да има таков однос со неа, се вели во изјавата на адвокатот.

- Г-дин Хамер никогаш немаше намера да ги посрамоти или разоткрие нејзините фетиши или други перверзни сексуални желби, но сега ситуацијата ескалира на друго ниво и таа ангажира адвокат и одржа прес-конференција. Хамер знае дека вистината е на негова страна и ја поздравува можноста да ги среди работите. Нејзиното барање и несовесно правно постапување само ќе им отежне на вистинските жртви на сексуално насилство да бараат правда, се вели во изјавата за списанието „Пипл“.

За време на прес-конференција, адвокатката Олред рече дека Ефи и таа ги предале доказите на полициските власти. Таа појасни дека полицијата во Лос Анџелес ќе одлучи дали има доволно докази за да покрене обвинение против Хамер.

„Го повикувам Арми Хамер да презентира сè, не само некои докази, неговите комуникации со Ефи и да одговори на сите нивни прашања директно, не преку адвокат“, одговори Олред на тврдењата на адвокатот на Хамер.

Обвинувањата први ги изнесе Ефи на почетокот на јануари, а потоа некои други жени излегоа во јавноста со обвиненија против Хамер, како што е манекенката Пејџ Лоренца, која тврди дека бил насилен за време на нивната врска. Адвокатот на актерот исто така ги негира обвинувањата.

Таа тврди дека актерот неколку пати зборувал за канибализам додека биле заедно. Манекенката Пејџ Лоренца изјавила дека Хамер сакал да најде лекар за да и ги отстрани долните ребра затоа што тој сакал да ги пуши, да ги зготви и потоа да ги јаде. Актерот, наводно, постојано и велел дека тие ребра не и требаат.

Ефи, која живее во Европа, рече дека се запознала со Хамер преку Фејсбук во 2016 година и се вљубила во него. Таа тврди дека по наводното силување претрпела трауматски „шокови“ и имала самоубиствени нагони и дека се чувствувала виновна што не зборувала порано.

Арми Хамер потекнува од богато претприемничко семејство, а се прослави со улогите во филмовите „Социјална мрежа“ и особено „Повикај ме според твоето име“.

Тој изгубил улоги во два холивудски проекти поради обвинувањата за силување и физичко насилство.

Елизабет Чемберс и Арми Хамер се венчале во мај 2010 година, а разводот бил објавен минатиот јули. По 13 години заедно и 9 години брак, тие имаат две деца.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Пентагон истражува хакерски напад на фрижидери- по супермаркетите во Франција, на удар се воени бази во САД

Американските истражители се приклучија на истрагата за дефекти на фрижидерите во Франција, по слични инциденти во американските воени бази.

Пентагон истражува хакерски напад на фрижидери- по супермаркетите во Франција, на удар се воени бази во САД

Соработката следи по сомнителна саботажа во француските супермаркети претходно овој месец, кога хакерите наводно ја покачиле температурата во фрижидерите и замрзнувачите на 50 степени Целзиусови (122 степени Фаренхајт).

На мета беа околу 700 супермаркети, уништувајќи илјадници тони храна. Во некои случаи, екстремната топлина предизвика пожари, а беа активирани системи за прскање вода, предизвикувајќи дополнителна штета, објави британскиот „Телеграф“.

Сè уште не се идентификувани сторители, но истражителите веруваат дека хакерите искористиле слабост во системите што ги контролираат апаратите за ладење поврзани со интернет.

Кристофер Вајт, вонреден професор по национална безбедност и подготвеност за вонредни ситуации на Универзитетот „Вирџинија Комонвелт“, рече дека дефектите во САД потсетуваат на нападите во Франција.

Тој рече дека причината за инцидентите во САД е нејасна, но додаде:

„Тие се географски широко распространети. Јасно е дека сите овие инциденти вклучуваат дефекти на фрижидерите и сите се случиле во прилично краток временски период.“

Портпаролот на Одделот за кривични истраги на американската армија (CID) изјави дека „активно соработува со Агенцијата за снабдување со резерви на Министерството за одбрана и Службата за кривични истраги на Министерството за одбрана (DCIS) за да се утврди целосниот обем на она што се случило со опремата за ладење во воените складишта“.

Тој рече дека DCIS ги води обете истраги, додавајќи:

„CID на американската армија, исто така, соработува со DCIS и француските органи за спроведување на законот за да ги испита прекините на опремата за ладење во Европа“.

Минатиот месец, системите за ладење престанаа да работат во складиштата во најмалку шест американски воени бази. Известувањата издадени од базите и објавени од „Stars and Stripes“, американски воен весник, ги документираат дефектите.

Меѓу погодените објекти беа воздухопловната база Ф. Е. Ворен во Вајоминг, дом на нуклеарните ракети „Минутмен III“ на 90-тото ракетно крило; Форт Хуачука во Аризона; Центарот за обука на армиското разузнавање во Форт Ирвин во Калифорнија, дом на Националниот центар за обука на армијата; воздухопловната база „Травис“ во Калифорнија; поморската воздухопловна станица „Њупорт“ во Род Ајленд; и воздухопловната база „Колумбус“ во Мисисипи.

Во Форт Хуачука, официјалните лица го обвинија „прекуноќниот дефект на опремата“, објави „Милитари тајмс“.

„Сите замрзнувачи се префрлија во режим на одмрзнување преку ноќ и целата замрзната храна се расипа“, рече портпарол на базата.

Анонимен пост на неофицијална воена Фејсбук страница вели дека два замрзнувачи на деликатеси во Ф. Е. Ворен биле погодени. Продавницата во Њупорт била ограничена на сува храна „до понатамошно известување“, а Форт Ирвин престанал да продава ладилни производи.

Портпарол на Пентагон изјави дека е свесен за „можен прекин на ладењето“, но јавно не ја идентификувал причината.

Професорот Вајт ги спомена Русија и Иран како можни сторители, но нагласи дека нема форензички „отпечаток“ за да ја идентификува која било земја.

Тој, исто така, размислуваше за опортунистичко нарушување или експеримент за напад на комерцијална инфраструктура во голем обем.

Иран, рече тој, е заглавен во кутија каде што не може да возврати на американските невоени средства надвор од регионот на начин што би сакал, без да користи сајбер напади.

Таргетирањето на воените резерви, доколку е намерно, би можело да биде „опортунистички обид едноставно да се направи впечаток“ дека војната во Иран е полоша за американската јавност, посочи тој.

За француските напади, тој рече дека руското вклучување е „апсолутно можно“ и дека „Русија јасно има капацитет да спроведе ваков вид операција“.

Никој не ја презеде одговорноста за француските напади. Американските претставници не утврдија дали прекините во снабдувањето во САД биле злонамерни.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Му се суди за морничаво убиство- постави бизарен услов за да се изјасни за виновен (ВИДЕО)

Во неочекуван потег, 74-годишен маж од Флорида обвинет за убиство го изненади судијата за време на рочиштето за изрекување на пресудата кога даде необична понуда за признавање на вина.

Му се суди за морничаво убиство- постави бизарен услов за да се изјасни за виновен (ВИДЕО)

Роберт Кеслер се појави на судот во Хилсборо во понеделник, 26 октомври, каде што е закажан избор на порота за судењето за убиство на Стефани Крон-Оверхолт (47) во 2021 година.

„Не можам да давам храна“

Според објавеното видео, судијата му рекол дека може да се изјасни за виновен без претходно да преговара со обвинителството. Кеслер ја разгледал можноста неколку секунди.

„Ќе признаам вина за еден чизстек, помфрит и Пепси“, одговорил Кеслер.

Кога судијата го замолил да ја потврди понудата, Кеслер повторил дека сака „сендвич со стек и сирење, со кромид и мајонез, помфрит и пиперки“.

Тој рекол дека е спремен да направи таков договор за да „им заштеди пари на даночните обврзници“.

„Очигледно, не можам да им дадам храна на луѓето за да се изјаснат за виновни. Тоа би било многу погрешно. Можам да ви гарантирам дека ќе добиете ручек денес, но не можам да гарантирам каков ќе биде“, возврати судијата.

Подоцна, Кеслер го праша судијата дали може да продолжи со изборот на порота.

YouTube video

Делови од тело пронајдени во заливот

„Не сакам да се изјаснам за виновен без договор. Само изберете ја поротата. Го сакам тој чизстек. Ако го добијам, можеби ќе се согласам, но нема да го добијам“, додаде тој.

Според канцеларијата на окружниот обвинител на округот Хилсборо, Кеслер одлучил самиот да се застапува на судењето. Тој се соочува со обвиненија за убиство од прв степен и сквернавење на починато лице, според јавно достапните судски записи.

Делови од телото на Стефани Крон-Оверхолт биле пронајдени во заливот Мекеј во ноември 2021 година. Судски документ тврди дека најмалку тројца сведоци виделе човек кој одговара на описот на Кеслер како фрла кеси за ѓубре во заливот, објавува People.

Крон-Оверхолт престојувала кај Кеслер и неговата ќерка неколку дена пред да исчезне.

Ќерката на Кеслер подоцна им кажала на истражителите дека ги видела како нејзиниот татко и жртвата се расправаат пред таа да исчезне. Според изјавата под заклетва, Крон-Оверхолт му побарала 200 долари за да си замине.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Најчудна казна досега- Барселона е казнета со 602 евра

Шпанската фудбалска федерација ја казни Барселона со 602 евра за контакти со напаѓачот на Атлетико Мадрид, Хулијан Алварез, кој беше под истрага за сомневање за прекршување на прописите, објавија шпанските медиуми.

Најчудна казна досега- Барселона е казнета со 602 евра

На 30 јуни, Атлетико Мадрид поднесе официјални жалби до Шпанската фудбалска федерација и Меѓународната фудбалска федерација (ФИФА), тврдејќи дека Барселона влегла во преговори со Алварез без претходно да достави писмено известување до неговиот клуб. Врз основа на жалбата, надлежните органи на Федерацијата покренаа дисциплинска постапка на 30 јули, чиј исход, според весникот „Мундо Депортиво“, беше во корист на мадридскиот клуб.

По разгледувањето на случајот, надлежната комисија го окарактеризира утврденото прекршок како лесно. Затоа, Барселона беше казнета со 602 евра, што е највисокиот износ предвиден за таков прекршок според член 133 од Дисциплинскиот законик.

Ова не е прв пат Барселона да се соочи со слични санкции по жалба од Атлетико Мадрид. Во 2019 година, каталонскиот клуб мораше да плати 300 евра за нелегален контакт со Антоан Гризман, кој во тоа време играше и за мадридскиот тим.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер