Поразот на републиканците ги урна светските берзи поради стравувањата за инвестиции во вештачката интелегенија
ИТ-армијата на Северна Кореја работи и до 19 часа дневно, неисполнувањето на нормите резултира со казнување
1Поразот на републиканците ги урна светските берзи поради стравувањата за инвестиции во вештачката интелегенија
2ИТ-армијата на Северна Кореја работи и до 19 часа дневно, неисполнувањето на нормите резултира со казнување
3Дали спиете многу, а сепак постојано се чувствувате уморни? Научниците открија специфична форма на депресија
ФудбалПознат 24- годишен фудбалер почина на тренингКолумбискиот фудбалер Гилермо Денис Белтран (24) почина на тренингот на боливискиот прволигаш Реал Санта Круз.Како што е соопштено, дошло до прекин на дишењето и неговите соиграчи истакнале дека тој паднал на земја откако почувствувал мачнина. Клупските лекари и итната помош се обиделе да направат реанимација, но немало помош. - Тренираше како и обично, а потоа колабираше. Се обидоа да го реанимираат, но тој почина додека беше префрлен во болница - изјави претседателот на Реал Сантас Круз, Адолфо Сорија Галваро. Во текот на својата кариера, крилниот напаѓач играше за Леонес од Колумбија и парагвајските клубови Пасторео, Такаари и Рубио Ну.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаНупниу: Македонија со добрата подготвеност може да има брз напредок во кластерите Македонија е оценета за доброподготвена за членство во Унијата и е меѓу земјите кандидатки со најголема подготвеност во однос на усогласеноста со европското законодавство, посочи заменик .Македонија е оценета за доброподготвена за членство во Унијата и е меѓу земјите кандидатки со најголема подготвеност во однос на усогласеноста со европското законодавство, посочи заменик – амбасадорор на ЕУ во земјава Бен Нупнау од панел дискусијата посветена на Извештајот од ЕК. Според него земјава фаќа чекор со процесот на преговарање и посочи дека откако ќе се исполнат условите за отворање на кластерите мошне брзо ќе напредува кон членство. Потенцираше дека е остварен значителен напредок во неколку области, како и одреден прогрес во правосудството, но дека се потребни подобри резултати во борбата против корупцијата. „Ова година е остварен одреден напредок, особено Извештајот покажува дека има добар степен на подготвеност во надворешната и бебзбедносната политика, како и во областа на образованието и науката, дигиталната трансформација е една од областите со добар степен на подготвеност и имаме извесно до умерно ниво во сферата на владењето на правото што е од сусштинска важност за почеток на преговорите. Со оглед на добрата подготвеност и тоа што земјата фаќа чекор со процесот на преговарање, се уште е можно тоа да се вклучи. Уверени сме дека откако условите за отворање на преговорите и на кластерот еден ќе се остварат ќе можеме да оствариме многу брз напредок во различните кластери “- Бен Нупнау, заменик-амбасадор на ЕУ во Македонија. Споредбено со земјите кандидатки подобра подготвеност за членство во Унијата бележат Црна Гора и Албанија кои во кластерот Фундамнети се оценти со добро ниво на подготвеност, покажуваат графичките прикази објавени од Институтот за европска политика. Од графиконите може да се види дека Македонија во однос на фундаментите во дел од секторите бележи извесен нaпредок, а во дел ограничен, додека дел од земјите бележат и одредени назадувања. Од ЕПИ оценуваат дека нивото на поготвеност на земјава е умерено и дека подобрувањето се должи пред се на донесените реформски закони. „Она што може да се забележи како позитивно придвижување за разлика од минатата година во поглавјето 23 кое се однесува на правосудство и на темелни права минатата година немаше напредок, а годинава има ограничен напредок како што имаше во 2024. Во оваа насока се забележува подготовката на патоказот за владеење на правото кој претставува заложба за спроведување на реформите во оваа област за следните години. Од друга страна нивото на услогласеност останува непроментот од од 2019 година, односно и во овој Извештај Македонија има одредено ниво, односно умерено напреднато ниво на подготвеност. А во правосудство конретно има одреден напредок“- Беба Жагар, Институт за европска политика. Извештајот за напредокот беше објавен завчера, а вчера му беше предаден и на премеирот Христијан Мицкоски кој го оцени како подобар од минатогодишниот, без уназадувања во ниту една област. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМуцунски: Работиме на дијалогот со Бугарија, имаме поддршка од ЕУ и земјите членки15:00Народна банка: Пензионерите кои сакаат нова банка, мора прво да се одјават од АЛТА банка 10:27Муцунски: Нема назадување во ниту една област во извештајот на ЕК08:28АЛТА банка Битола ги отвори вратите за клиентите без платежни картички, можат да подигнат 20 илјади денари15:00Започна исплатата на средствата на клиентите на „АЛТА банка“ АД Битола14:05
АЛТА банка Битола ги отвори вратите за клиентите без платежни картички, можат да подигнат 20 илјади денари15:00
МакедонијаМуцунски: Работиме на дијалогот со Бугарија, имаме поддршка од ЕУ и земјите членкиПо еврокомесарката Кос, и македонскиот министер за надворешни работи Муцунски потврдува дека Европската Унија прави напори во дијалогот Скопје-Софија, но детали ниту тој не открива. За неговите очекувања колку брзо ќе има резултати од тој дијалог со европска асистенција, Муцунски во дипломатски одговор кажа само дека разговорите од македонска страна ги водат врз база на утврдените позиции. „ Мислам дека прилично јасно кажавме дека во моментов работиме на дијалог, за кој, како што слушнавте од претставници на Европската Унија, имаме поддршка и од европските институции и од земји членки. Ќе повторам дека нашите позиции се јасни, принципиелни и сите разговори што ги водиме во моментов, како и оние што сме ги воделе во последните повеќе од две години, се базирани на позиции што прилично јасно ги имаме претставено на нашата јавност. “-Тимчо Муцунски – министер за надворешни работи на Македонија. И премиерот Мицкоски очекува позитивен исход од тој дијалог. Го повтори неговиот став дека претходната влада е виновна за ветото на евроинтеграциите поради прифатениот политички услов за уставни измени. Од реформски аспект додаде дека земјава има многу преземени чекори кои не влегле во извештајниот период на ЕК. „ Иако во тоа време предупредувавме, бевме опозиција, предупредувавме да не влегуваат во такви авантури, за жал тоа не го послушаа и сега ние можеби сме единствениот пример кој покрај оние суштински услови кои треба да ги спроведе, имаме и политички услови. Но, тоа е што е, ние го водиме дијалогот со нашиот источен сосед и се надевам дека тој дијалог ќе вроди со плод. “-Христијан Мицкоски – претседател на Влада. За дијалог со Македонија „под радарот“ беше прашана и министерката за надворешни работи на Бугарија Чамова во тамошното Собрание на пратенички прашања. Таа негира дека имала комуникација со Муцунски надвор од досегашните две средби. „ Изјавите на претставниците на Владата на Македонија за тоа дека се води дијалог и дека е неопходно да има посредници во тој дијалог ги сметам за неосновани, и благо кажано, е невообичаено да има посредници меѓу земја кандидатка и земја членка под услови кои не се двострани, туку се на европско ниво. / Она што е важно е да видиме од другата страна подготвеност за политички наратив кој не е антибугарски. / Додека тоа не се случи, според мене, дијалог каков и да биде, ќе се одвива многу тешко. “-Велислава Петрова Чамова – министерка за надворешни работи на Бугарија. Дека има „тивка дипломатија“ за надминување на отворените прашања меѓу Скопје и Софија, европкомесарката Марта Кос откри на новинарско прашање при презентацијата на Пакетот за проширување.. Таа нагласи дека комисијата презема многу чекори за односите меѓу двете земји, но за тоа не споделуваат во јавноста. Тагови: Тимчо Муцунски Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМуцунски: Работиме на дијалогот со Бугарија, имаме поддршка од ЕУ и земјите членки15:00Народна банка: Пензионерите кои сакаат нова банка, мора прво да се одјават од АЛТА банка 10:27Муцунски: Нема назадување во ниту една област во извештајот на ЕК08:28АЛТА банка Битола ги отвори вратите за клиентите без платежни картички, можат да подигнат 20 илјади денари15:00Започна исплатата на средствата на клиентите на „АЛТА банка“ АД Битола14:05
АЛТА банка Битола ги отвори вратите за клиентите без платежни картички, можат да подигнат 20 илјади денари15:00
ЖивотПоразот на републиканците ги урна светските берзи поради стравувањата за инвестиции во вештачката интелегенијаСтотици милијарди долари пазарна вредност изгубија американските и азиските технолошки компании по остриот пад на светските берзи, поттикнат од најавите дека изборната победа на демократите во САДСтотици милијарди долари пазарна вредност изгубија американските и азиските технолошки компании по остриот пад на светските берзи, поттикнат од најавите дека изборната победа на демократите во САД може да го забави развојот на вештачката интелигенција.. Само седумте најголеми американски технолошки компании, познати како „Величествената седумка“, за еден ден изгубија вкупно еден билион долари пазарна вредност, објави Би-Би-Си. Индексот „Стандард и пурс 500“ на „Волстрит падна за 4,4 отсто, што е негов најлош резултат од април лани, кога претседателот Доналд Трамп ги потресе светските пазари со воведувањето царини во рамки на програмата „Ден на ослободувањето“. Технолошкиот индекс насдак падна за 5,52 проценти и изгуби до 2,5 трилиони долари од пазарната вредност.. Инвеститорите стравуваат дека новото демократско мнозинство во американскиот Конгрес ќе воведе построги правила за изградба на центри за податоци, што би можело да ги забави инвестициите во секторот.Тагови: Берза Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter