Пожарот во близина на Атина ги зафати куќите, евакуирана детска болница (ВИДЕО) - Канал 5

Пожарот во близина на Атина ги зафати куќите, евакуирана детска болница (ВИДЕО)

Шумски пожар поттикнат од силни ветришта утрово беснее во планинската област Пентелико кај Атина, проголтува куќи, поради што властите наредија евакуација на најмалку девет области и една детска болница.

Пожарот во близина на Атина ги зафати куќите, евакуирана детска болница (ВИДЕО)

Тројца пожарникари и девет локални жители се здобиле со полесни повреди и биле пренесени во болница со тешкотии при дишењето, јави државната телевизија ЕРТ.

Густи облаци од чад го затемнија небото над Пентелико каде што вчера избувна пожарот околу 14:30 часот, на околу 27 километри северно од центарот на Атина. Засега нема извештаи за жртви, соопштија пожарникарите.

YouTube video

Во битката со огнената стихија на повеќе фронтови учествуваат околу 485 пожарникари и 120 противпожарни возила. Петнаесет хеликоптери и авиони испуштаат вода врз пламените јазици, а операциите биле прекинати ноќеска од безбедносни причини.

„Тоа беше тешка ноќ“, рече Џанис Артопиос, портпарол на противпожарната станица, во телевизиска изјава, додавајќи дека брзината на ветерот надминала 80 километри на час. „Поради интензитетот и брзината на ветровите, огнот постојано ги менуваше правците во текот на ноќта, што уште повеќе ја отежна борбата “, рече тој.

Локалните власти соопштија дека во пожарот изгореле куќи во областа Палини. Властите наредија евакуација на девет области, вклучувајќи ги Палини и Геракас.

Една болница и Националната опсерваторија во Атина се евакуирани како мерка на претпазливост. Сообраќајот е запрен на патиштата кои водат кон Пентели, а на најмалку 600 жители им била потребна помош од полицијата за излез од областа зафатена од пожарот.

YouTube video

Силниот ветер се очекува да продолжи до попладнево. Пожарникарите соопштија дека 28 пожарникари од Романија им помагаат на локалните пожарникари. Повеќе од 200 пожарникари и опрема од Бугарија, Франција, Германија, Романија, Норвешка и Финска ќе бидат на готовност во Грција во најжешките месеци, јули и август.

Минатата година шумските пожари опустошија околу 121.000 хектари шуми и грмушки во различни делови на Грција.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Средба на Сиљановска-Давкова со претставници на организацијата „Обединети Македонци во Канада“

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, денеска се сретна со двајца претставници на „Обединети Македонци во Канада“, претседателот Ристо Дурловски и членот Душко Јанков.

Средба на Сиљановска-Давкова со претставници на организацијата „Обединети Македонци во Канада“

Тие ја запознаа со животот и успесите, но и со проблемите и предлозите на припадниците на македонската дијаспора, врзани за учеството во економските, политичките, образовните, научните и културните односи во татковината.

Неспорно е дека македонската дијаспора од Канада е неразделен дел од македонското национално ткиво, се согласија соговорниците.

Претседателката ги информираше за усвоената Национална стратегија за дијаспората, како чекор напред во градењето заедништво преку различни форми на соработка, насочени кон нивно полесно и побрзо интегрирање во македонскиот општествен живот, како и за тековните активности околу формирањето на Советот за дијаспора во рамките на нејзиниот кабинет, предочувајќи им ја можноста и потребата да номинираат свој претставник во него.

Нашинците изразија интерес за учество на дијаспората на парламентарните и претседателските избори, за потесна комуникација со Агенцијата за иселништво, како и за интересот за институционално учество во процесот на одлучување во татковината, особено за прашања што директно ги засегаат, како на пример, консултирање при номинацијата на амбасадор и конзули во Канада, но и за други.

Исто така, во разговорот, Дурловски и Јанков предочија дека релативизацијата на географијата и далечината, со подемот на вештачката интелигенција и дигитализацијата, кај најмладите генерации на македонска дијаспора, го зголемува интересот за запознавање, студирање, работа и живот во земјата на нивните родители и претци.

На крајот, претставниците на македонската дијаспора од Канада и укажаа на претседателката на обврската да ја посети Канада и на лице место да ги собере, види и чуе мислењата на нашите иселеници за прашањата што ги засегаат, а тие, нејзините!

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

„Супер Ел Нињо“ урива рекорди: Научниците предупредуваат на повеќе од 450.000 дополнителни смртни случаи

Климатските научници проценуваат дека повеќе од 450.000 луѓе би можеле да починат во текот на следните шест месеци поради екстремните горештини предизвикани од „супер Ел Нињо“.

„Супер Ел Нињо“ урива рекорди: Научниците предупредуваат на повеќе од 450.000 дополнителни смртни случаи

Повеќе од 450.000 дополнителни смртни случаи во светот во следните шест месеци би можеле да бидат поврзани со екстремните горештини што ги носи исклучително силниот Ел Нињо, покажуваат проценките на климатски научници.

Проекцијата од околу 451.000 случаи се однесува на периодот од септември до февруари 2027 година и не ги вклучува предвремените смртни случаи што веќе се поврзуваат со долгорочниот раст на температурите.

Научниците предупредуваат дека зголемената смртност од горештините би можела да продолжи и до јуни или јули следната година.

Најпогодени во следните шест месеци се очекува да бидат Нигерија, Индонезија, Судан, Индија и Бразил, додека меѓу најизложените региони се Сахел и Југоисточна Азија. Во САД се проценуваат околу 3.500 дополнителни смртни случаи поврзани со високите температури.

Проекциите се базираат на податоци за односот меѓу температурите и дополнителната смртност во повеќе од 24.000 региони низ светот, комбинирани со прогнозите за Ел Нињо. Научниците велат дека сегашниот Ел Нињо веќе ги надминал претходно забележаните температурни рекорди за овој климатски феномен, неколку месеци пред очекуваниот врв.

Покрај екстремните горештини, се очекува зголемен ризик од суши, шумски пожари и поплави, како и последици врз производството и цените на храната.

Како итни мерки се препорачуваат подобри предупредувања за топлотни бранови, отворање центри за разладување, дополнителен медицински персонал и поголема заштита на луѓето што работат на отворено.

Научниците нагласуваат дека Ел Нињо е природен климатски феномен, но дека неговите последици можат дополнително да се засилат поради глобалното затоплување.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Сончево со мала до умерена локална облачност и температура до 24 степени

Утрово е биде ведро и постудено, а во текот на денот времето ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност. 

Сончево со мала до умерена локална облачност и температура до 24 степени

Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец, кој наместа долж Повардарието повремено ќе засилува. Минималната температура ќе биде во интервал од 4 до 12, а максималната ќе достигне од 16 до 24 степена.

Во Скопје, сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува умерен до засилен ветер од северен правец.Минималната температура ќе се спушти до 13, а максималната ќе достигне до 31 степен.

ВРЕМЕТО ВО НАРЕДНИТЕ ДЕНОВИ

Утре и во четврток ќе преовладува стабилно време со свежи утра. Во петок се очекуваат врнежи од дожд кои наместа ќе бидат пообилни. Потоа следува период на стабилно време со пониски утрински температури.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер