МакедонијаНови правила за јавните набавки - цената веќе не е единствен критериумПовисоки прагови за набавки без редовна тендерска постапка, поголем акцент на квалитетот и вештачка интелегенција за „ловење“ на злоупотреби. Собранието ги усвои измените на Законот за јавните набавки.Повисоки прагови за набавки без редовна тендерска постапка, поголем акцент на квалитетот и вештачка интелегенција за „ловење“ на злоупотреби. Собранието ги усвои измените на Законот за јавните набавки, Прагот за набакви на стоки и услуги без тендер се менува од 1.000 на 2.000 евра, за градежни работи од 5.000 на 10.000 евра, а годишниот лимит за набавки по интитуција расте од 12 на 25.000 вера. Од министерството за финансии ваквите измени ги оправдуваат со потребата од приспособување на економските услови, посочувајки дека праговите не биле менувани од 2019 година. Очекувањата на властите се дека измените кои се дел од Реформската агенда, ќе ги поедностават постапките, ќе ги намалат административните трошоци и ќе придонесат за поквалитетно трошење на јавните пари. Сепак, од граѓанскиот сектор реагираат дека измените биле донесени без јавни консултации, ниту била објавена анализа која би го оправдала двојното зголемување на праговите. -Не беше консултирана, да кажам, ниту стручната експертска јавност, граѓанскиот сектор. Ние поради тоа испративме еден допис до Собранието протестирајќи против таквиот начин на изработка на измените и на донесувањето, меѓутоа ништо не се случи во меѓувреме. Потребна е анализа којашто покажала дека треба двојно да се зголеми прагот. Значи, како е одредено дека од 1.000 евра сега е 2.000 евра? Да видиме анализа, да прочитаме дали е тоа изработено врз основа на некоја анализа или така е, паушално,- Герман Филков – центар за граѓански комуникации. Измените предвидуваат и примена на критериумот цена – квалитет, односно при изборот на понудите да не се одлучува само според најниската цена, туку и според квалитетот што се добива. Предвидено е и унапредување на дигитализацијата и користење на вештачката интелегенција за анализа на податоци и препознавање ризични образци. - Со примена на нови алатки и механизми како што е и вештачката интелигенција, може дополнително да се утврдуваат тие, да кажам, ризични процеси, ризични моменти во јавните набавки, како што се сега црвените знамиња, и дополнително тоа да значи, да кажам, некаква брана, некакви механизми за намалување на злоупотребите во јавните набавки,- Герман Филков – центар за граѓански комуникации. Според граѓанскиот сектор и адвокатската комора, спорни се и измените во жалбените постапки со кои надоместоците за жалби се зголемуват од 50 до 200, на 150 до 600 евра, а фирмите нема да можат да ги надоместат адвокатските трошоци дури и кога би докажале дека жалбата им е основана. Адвокатите предупредуваат дека ова може да ги обесхрабри фирмите да ги оспоруваат спорните тендери. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
БалканПрвиот човек на КК Партизан станува сопственик на фудбалскиот клуб Чукарички од БелградПретседателот на евролигашот Партизан, Остоја Мијаиловиќ го купува фудбалскиот клуб Чукарички.Спортскиот директор на Чукарички, Владимир Матијашевиќ, во подкаст откри дека клубот од Баново Брдо наскоро ќе го преземе актуелниот претседател на Кошаркарскиот клуб Партизан, Остоја Мијаиловиќ. Матијашевиќ вели дека „сè е веќе завршено и чисто“ во однос на преносот на сопственоста на клубот на Мијаиловиќ, и дека се очекува сè официјално да биде завршено на почетокот на месецот или на почетокот на следната година. „Работата е при крај. Ако сакате конкретен одговор, ќе го добиете. Ако сè помине како што треба, Остоја Мијаиловиќ во декември ќе го преземе ФК Чукарички од Драган Обрадовиќ. На тоа моментално работат сите правници“, изјави Матијашевиќ во подкастот „2x45“ на MozzartSport. По преземањето, Мијаиловиќ ќе стане мнозински сопственик на клубот. Досегашниот сопственик, Драган Обрадовиќ, ќе го продаде целиот свој удел во клубот. „Во разговорот што го имавме пред три дена, Остоја побара сите луѓе да останат, а спомна и дека јас би можел да задржам одреден удел, доколку сакам да останам. Остоја и Обрадовиќ треба уште да ги финализираат работите, но главниот дел е завршен. Сè е проверено. Документацијата е чиста. Затоа очекувам, доколку сè е во ред, на почетокот на декември или кон средината на следниот месец, Мијаиловиќ да му се приклучи на клубот“. Матијашевиќ верува дека новиот сопственик ќе ја задржи сигурноста и стабилноста што ги красеа „планинарите“ во текот на целиот период под водство на Обрадовиќ.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
СветРуски воен авион се урна во Сибир: Нема преживеани Руски воен транспортен авион „Ан-12“ се урна денеска во регионот Кемерово, во југозападен Сибир, при што загинаа сите 17 лица кои се наоѓале во леталото, пренесува „Известија“, повикувајќи се на добро известен извор.Изворот потврди дека целиот екипаж загинал во инцидентот. Претходно беше соопштено дека авионот што се урна во селото Јагуново, во регионот Кемерово, според првичните сознанија е идентификуван како воен авион „Ан-12“. Причините за инцидентот сè уште не се утврдени. A Russian Air Force An-12 cargo aircraft reportedly crashed in Kemerovo, Siberia, this evening. https://t.co/HCxbKJIh5S — OSINTtechnical (@Osinttechnical) November 17, 2026 Гувернерот на Кемеровската област, Иља Середјук, соопшти дека во близина на селото Јагуново се случила авионска несреќа, а службите за итни случаи се на терен.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаШукова: Бараме одговорност за секоја една жена жртва на насилство Од Форумот на жени на СДСМ вечерва излегоа на протест пред СВР Охрид против насилствата врз жените.Побараа одговорност од насилниците и институциите и заштита за секоја жртва која била изложена на насилство. Претседателката на Форумот на жени на СДСМ, во име на насобраните, но и како што рече, во име на сите жртви на слични насилства, истакна дека насилството врз жените и фемицидите се сериозен општествен проблем, но дека проблемот не завршува со самиот чин на насилство, туку продолжува и во постапките што следуваат во текот на истрагата и судењето, каде, како што рече, се покажуваат сериозни системски недостатоци. – Бараме да има сериозна превенција за да се спречат нови облици на насилство и нови фемициди. Бараме одговорност и да нема политички влијанија во процесот на истрага и судење. Бараме секоја жртва да биде заштитена. На секое јавување на жртва на семејно насилство, институциите веднаш да реагираат – порача Шукова. Од семејството на Сара Ѓорѓиеска претходно порачаа дека нема да присуствуваат на протестот, но и дека се надеваат дека протестот нема да биде искористен за партиски цели ,туку ќе биде протест на граѓаните со цел да се подигне свеста за насилството против жените во земјава. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter