Пожарникари: Батериите на автомобилите се нова опасност - Канал 5

Пожарникари: Батериите на автомобилите се нова опасност

Не толку одамна, во фабриката на Џенерал Моторс (GM),  во Детроит, стотина пожарникари мораа да се борат со пожар. Сега се откриени нови детали за овој инцидент.

Пожарникари: Батериите на автомобилите се нова опасност

Според „GM“, пожарот најверојатно бил предизвикан од виљушкар кој пробил магацин во кој имало материјал за батерии на електрични автомобили.

Порталот „Crain's Detroit Business“, пак, пишува дека при интервенцијата е повреден еден пожарникар, а сите кои учествувале во гаснењето биле погодени од штетните гасови произведени од батериите.

Шефот на противпожарната служба во Детроит, Денис Хантер, вели дека досега морале да одговорат на осум инциденти во истата фабрика.

„Батериите за електричните возила се нова закана со која се соочува нашата земја. Работиме со оваа фабрика на планови во случај да се случи тоа, како и да го подобриме начинот на кој тие ракуваат со батериите“, рече Хантер.

„GM“ вели дека компанијата повикува пожарникари што и да се случи, но и дека не секој инцидент кога биле повикани „бил поврзан со пожар или батерии“.

Извор: Б92

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Николоски: Завршивме со реконструкција на железничката обиколница Скопје, линијата Драчево - Илинден

Завршивме со реконструкција на железничката обиколница Скопје, линијата Драчево - Илинден. Добиваме побрз карго превоз на Коридор 10 и заштита на животната средина.

Николоски: Завршивме со реконструкција на железничката обиколница Скопје, линијата Драчево - Илинден

Завршена е реконструкција на железничката обиколница Скопје, пругата од Драчево до Илинден со што се овозможува пренасочување на товарните возови надвор од Скопје. Заменик претседателот на Владата и министер за транспорт, Александар Николоски и диркторот на ЈП Железница Инфраструктура Синиша Ивановски, направија увид до реконструираната пруга каде се изврши и тест возење.

По оваа делница ќе се одвива исклучиво товарниот железнички сообраќај, истакна Николоски, што ќе придонесе за подобра организација и развој на целокупниот транспорт.

“Драго ми е што правиме тест возење на обновениот железнички коридор, практичната обиколница на Грaдот Скопје, линијата меѓу Дрaчево и Илинден, со која што товарните возови се вадат надвор од Градот Скопје.

Со реализација на овој проект, многу се помага во заштита на животната средина и намалување на загадувањето во Скопје имајќи предвид дека товарните возови нема да влегуваат во Град Скопје.

Ова е проект кој го работеше ЈП Железници Инфраструктура, го заврши во максимално брз рок, во моментов има тест период, за што е потребно да се направии технички прием и очекувам за дваесетина дена карго возовите да ја користат оваа делница. Тоа ќе значи многу за заштита на животната средина и за намалување на загадувањето во Скопје од една страна, но од друга страна ќе значи побрз карго сообраќај на Коридор 10, што ќе значи повеќе бизнис и повеќе железнички композициии на македонските пруги што многу ќе приоднесе за развој на бизнисот и целокупниот транспорт.

За многу брзо време, не подоцна од 1 септември се гледаме и на пуштање на употреба и на Градскиот воз, првата линија која ќе оди од Зелениково преку Драчево до центарот на Скопје”- изјави Николоски.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Тешки обвинувања од Египет по поразот од Аргентина: „Ова беше наместен натпревар!“

Селекторот на фудбалската селекција на Египет, Хосам Хасан не можеше да го скрие гневот по драматичниот пораз од Аргентина во осминафиналето на Светското првенство.

Тешки обвинувања од Египет по поразот од Аргентина: „Ова беше наместен натпревар!“

Египет водеше со 2-0, со „една нога“ беше во четвртфиналето, но Аргентина успеа да направи епски пресврт, постигнувајќи гол во 3 минута од судиското надополнување за победа од 3-2.

По натпреварот, Хасан упати сериозни обвинувања против организаторите и судијата.

„Ќе кажам што ми е на ум, без оглед на последиците. Ова беше очигледно наместен натпревар и целиот свет го виде тоа.“

Тој не застана тука.

„И сакам да кажам уште нешто - ако толку многу сакаат Аргентина да победи, тогаш зошто воопшто да поканат други да учествуваат?“

Неговите зборови сигурно ќе привлечат големо внимание од фудбалската јавност, особено по натпреварот кој веќе предизвика бројни коментари поради неколку контроверзни судиски одлуки и бурни реакции од египетскиот табор.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Даниела Димовска нова претседателка на скопскиот Кривичен суд

Даниела Димовска е избрана за претседател на скопскиот Кривичен суд. 

Даниела Димовска нова претседателка на скопскиот Кривичен суд

На денешната седница на Судскиот совет таа беше избрана со 11 гласа ЗА, а за позицијата се кандидираше и судијата Ивица Стефановски. Димовска е судија од Кривичниот суд и една година беше в.д претседател на судот.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер