Пропаднаа преговорите САД-Канада: Трамп ги активира царините од 50%, Карни најави царини „долар за долар“
1Пропаднаа преговорите САД-Канада: Трамп ги активира царините од 50%, Карни најави царини „долар за долар“
ЖивотПотресна исповед на „Практична жена“: Зад нејзината насмевка се крие голема болкаВодителката Наташа Павловиќ(47), позната како „Практична жена“ по емисијата што веќе долго време ја води, секојдневно мами насмевки на лицата на многубројните гледачи, а и самата е насмеана и весела. Но, на малкумина им е познато дека годината што изминува за неа била толку болна што немала сила да одговара на негативните коментари на сметка на нејзиното слабеење. Имено, претходнава година таа го изгубила својот татко, а два месеци после тоа, го изгубила и својот поранешен маж, Марко Живиќ. Шест месеци по смртта на бившиот сопруг, починал и неговиот кум, Бојан Лазаров. Таа за „Стори“ реши да си ја отвори душата: „Имав чувство дека заминуваат луѓето со кои созревав токму во времето кога дојдов од Загреб“. За неа, сè до изминатава година, периодот кога на 16 г. и кога од Загреб дошла да живее во Белград, бил најтешкиот период во животот. За загубата на нејзините драги луѓе ѝ било претешко да зборува, особено за моментот кога го изгубила својот татко. View this post on Instagram A post shared by 24sedam SHOWBIZ (@24sedam_showbiz) „Сега знам дека моментот кога ќе ги изгубите родителите е последниот испит на зрелоста и последна фаза од созревањето која мора да ја прифатите“ – открива познатата водителка. Еве што вели таа за коментарите на социјалните мрежи по повод нејзиното нагло слабеење: „Не се огласував по тој повод, немав потреба никому да се правдам, ниту да објаснувам. Како јавна личност, немате право на лош период, мора да сте спремни да одговорите на предизвикот, а тоа е психички и физички стрес“. Наташа Павловиќ веќе 14 години љубов и мотивација наоѓа покрај продуцентот Предраг Павловиќ со кого има два сина.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вести73-годишен маж е петтата жртва од западнонилска треска15:15Странски државјанин лишен од слобода на ГП „Табановце“ - возел 168 км/ч на место каде дозволената брзина е 80 км/ч10:1043 случаи на западнонилска треска во Македонија - вирусот првпат потврден и кај мртва птица 15:00Странските возачи преку safecountry.gov. mk moже го следат системот „Безбеден град“08:34Возачите со странски таблички гневни- втор ден колони на Табановце поради наплата на сообраќајни казни 18:05
Странски државјанин лишен од слобода на ГП „Табановце“ - возел 168 км/ч на место каде дозволената брзина е 80 км/ч10:10
Возачите со странски таблички гневни- втор ден колони на Табановце поради наплата на сообраќајни казни 18:05
СветПропаднаа преговорите САД-Канада: Трамп ги активира царините од 50%, Карни најави царини „долар за долар“Соединетите Американски Држави и Канада не успеаја да постигнат трговски договор, со кој би се укинале царините од 50% што Вашингтон ги воведува за некои канадски производи.Канадскиот премиер Марк Карни синоќа соопшти дека одлучил да ги прекине преговорите. - Она што го постигнавме не е доволно за да ги исполниме нашите цели во интерес на канадскиот народ. Промените во последен момент на условите предложени од САД беа неправедни, неповолни за нас и го доведоа во прашање кредибилитетот на кој било договор, рече Карни и објави дека Канада ќе воведе еквивалентни царини „долар за долар“ за американскиот увоз. Администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп соопшти дека царините, кои се однесуваат на канадската стока во вредност од околу 20 милијарди долари, стапуваат во сила денеска.Тагови: канада САД Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
СветТрамп го нарече Ормускиот теснец американска територијаАмериканскиот претседател Доналд Трамп го нарече Ормускиот теснец американска територија, додека САД продолжуваат со воената блокада на иранските пристаништа и поморскиот сообраќај.Обраќајќи се пред собир во Јужна Каролина во рамки на кампањата за сенаторката Дарлин Греам, која се кандидира за местото на нејзиниот покоен брат Линдзи Греам, Трамп изјави дека теснецот во моментов го гледа како американска територија и додаде дека сè уште не знаат дали победиле. Во текот на говорот, тој се пошегува и околу нападите врз Иран, велејќи дека е петок навечер и дека имаат многу време. Американската централна команда соопшти на социјалните мрежи дека воените сили досега пренасочиле 68 комерцијални бродови со цел почитување на блокадата. Администрацијата на Трамп врши финансиски притисок врз Иран преку ограничување на пристапот до водниот пат кој граничи со Иран и Оман и низ кој вообичаено минува околу една петтина од светската нафта што се пренесува по морски пат.Тагови: Доналд Трамп Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вести73-годишен маж е петтата жртва од западнонилска треска15:15Странски државјанин лишен од слобода на ГП „Табановце“ - возел 168 км/ч на место каде дозволената брзина е 80 км/ч10:1043 случаи на западнонилска треска во Македонија - вирусот првпат потврден и кај мртва птица 15:00Странските возачи преку safecountry.gov. mk moже го следат системот „Безбеден град“08:34Возачите со странски таблички гневни- втор ден колони на Табановце поради наплата на сообраќајни казни 18:05
Странски државјанин лишен од слобода на ГП „Табановце“ - возел 168 км/ч на место каде дозволената брзина е 80 км/ч10:10
Возачите со странски таблички гневни- втор ден колони на Табановце поради наплата на сообраќајни казни 18:05
МакедонијаПретреси на повеќе локации на подрачјето на СВР Битола, пронајдени дрога, оружје и муницијаЛишени од слобода пет лица.На 21.08.2026 во 15:35 часот, полициски службеници од СВР Битола го лишија од слобода А.Д.(20) од с.Долно Оризари, битолско.. При претрес во неговиот дом, извршен со наредба од Основен суд Битола била пронајдена марихуана. На 21.08.2026 во 15:35 часот во с.Брезница, општина Македонски Брод, полициски службеницни од ОВР Македонски Брод го лишија од слобода Б.М.(46) од с.Брезница. При претрес во неговиот дом, извршен со наредба од Основен суд Кичево биле пронајдени куршуми. На 21.08.2026 во 10:35 часот во с.Евла, ресенско, полициски службеници од ОВР Ресен го лишија од слобода П.Т.(55) од Ресен. При претреси во неговиот дом во Ресен и во с.Евла, извршени со судска наредба, биле пронајдени 28 куршуми, испукани чаури и ловечка пушка . На 21.08.2026 во с.Светомитрани, крушевско, со судска наредба, полициски службеници од ОВР Крушево извршија претрес во домот на К.Т.(38) од с.Светомитрани, при што биле пронајдени и одземени ловечка пушка, ловечки патрони, пиштол и две рамки за пиштол. На 21.08.2026 во Крушево, полициски службеници од ОВР Крушево, со судска наредба извршија претрес во домот на ВН.(48) од Крушево, при што била пронајдена и одземена ловечка пушка. По целосно расчистување и документирање на случаите, против лицат ќе бидат поднесени соодветни кривични пријави.Тагови: СВР Битола Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook