Поскапува мазутот, цените на другите горива остануваат исти

Новата малородажна цена на Мазутот М-1 НС ќе изнесува 47,928 денари за килограм.

Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС од ноќеска на полноќ се зголемува за 1,208 денари за килограм, а цените на другите горива остануваат исти, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад (РКЕ). Со одлуката се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,52 отсто.

Новата малородажна цена на Мазутот М-1 НС ќе изнесува 47,928 денари за килограм, ЕУРОСУПЕР БС-95 и понатаму ќе се продава 82,5 денари за литар, ЕУРОСУПЕР БС-98 за 85, ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) за 76,5, а Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) за 75 денари за литар.

Од РКЕ посочуваат дека референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат зголемување кај бензините во просек за 1,061 отсто, кај дизелот за 0,419, кај екстра лесното масло за 0,4 и кај мазутот за 3,489 отсто. Курсот на денарот во однос на доларот по кој беа формирани цените со претходната пресметка е понизок за 0,008 отсто.

„Како не ви е срам?“: Хени и Џејла гаѓани со шишиња на концерт

Српскиот Музичар Милош Стојковиќ-Хени настапи на белградската музичка недела со босанската пејачка Џејла Рамовиќ, а публиката во еден момент почна да фрла со шишиња по нив, што го разбесни пејачот.

„Многу сељаци во публиката што фрлаат работи овде, ја погодија Џејла, сега ме погодија со ова. Како не ви е срам? Треба да ви биде. Ајде на Ризик, Џејла, да го направиме ова“, рече тој во видео објавено на TikTok, а потоа го отпеаја својот хит.

Инаку, ова не е првпат публиката да ги таргетира изведувачите на белградската музичка недела. Лани на мета беа Бресквица, Војаж, Ема Радујко и други.

Извор: Индекс.хр

Видео: Ова е новата Лада

После години исчекување, рускиот гигант премиерно прикажа нов модел.

По воведувањето на економските санкции, руската автомобилска индустрија претрпе голем удар. Западните производители се повлекоа, а домашните останаа на цедило, без потребните делови, технолошка поддршка и логистика.

Руската економија сепак опстана, а автомобилската индустрија беше таа што се покажа како многу издржлива и покрај почетниот драстичен пад. Секако, помогнаа и Кинезите, но и брзата способност за приспособување на новите услови, што изгледа е карактеристично за сите Словени.

Како и да е, „Искра“ е тука како прв нов модел на „АвтоВАЗ“ по долго време. Автомобилот беше претставен деновиве како дел од Меѓународниот економски форум во Санкт Петербург. Малиот седан ќе биде позициониран помеѓу „Гранта“ и „Веста“ во гамата на „Лада“. Користи „модерна глобална платформа“ и според сите сметки, тоа е модел чиј развој започна додека „Рено“ сè уште беше присутен.

Основата, значи, е „CMF-B“ платформата на „Рено“, која е темелно преработена за да може да се произведува самостојно. Во официјалниот извештај тие истакнуваат 400 нови делови, а развојот наводно чинел 23 милијарди рубљи или речиси 250 милиони евра.

„Iskra“ според официјалните фотографии изгледа препознатливо, па дури и допадливо. Ќе се нудат две опции за мотори, 1.6 со 90 и 1.6 со 106 КС, а помоќната опција ќе биде достапна со шестстепен мануелен менувач, како и автоматски.

Сериското производство ќе започне на почетокот на следната година, а цената не е позната. Се очекува стартот да биде помеѓу 7.300 и 12.800 евра. По „Искра“, се очекуваат уште најмалку две каросериски верзии, вклучувајќи и кросовер. Судејќи според моменталната геополитичка ситуација, „Искра“, како и другите Лади, нема да замине во Европа.

Два хеликоптера на МВР го гаснат пожарот кај село Сушево, опасноста по селото отстранета

Хеликоптер Ми-171 од Одделот за  воздухопловни единици на МВР, по добиено барање од ЦУК, дејствуваше на пожарот кој го загрозуваше с. Сушево,  атар на Општина Василево.

Како што соопшти МВР, хеликоптерот исфрлил над 55 тона вода, а поради опасноста по селото, во гасењето на пожарот бил вклучен и хеликоптерот Бел 412 кој исфрлил 30 тони вода, по што опасноста по селото е отстранета.

-Пожарот уште е активен и се преземаат мерки за негово гасење, наведуваат од МВР.

притисни ентер