Пиштолите се продаваат во дрвени кутии и со додатоци. Тие се украсени со злато и сребро и го носат ликот на императорот, а нивната вредност се проценува на 1,2 до 1,5 милиони евра, изјави експертот на Осенат, Жан-Пјер Осенат.
„Наполеон специјално ги нарачал од занаетчиот Луис Марин Госет, кој работел во фабриката во Версај“, рече тој. Пиштолите се поврзани со неговиот обид за самоубиство во Фонтенбло, во близина на Париз, ноќта меѓу 12 и 13 април, бидејќи бил разочаран од воениот пораз.
Но, тој беше спречен во тоа од неговиот главен коњушар Коленкур (Armand Augustin Louis, Marquis of Caulaincourt, војводата од Виченца, 1773-1827), кој го извадил барутот од пиштолот. Наполеон потоа зел отров, но го фрлил и не умрел, рекол Осенат. „Тогаш императорот му подари два пиштоли на Коленкур за неговата лојалност во тие црни денови. Оттогаш тие се во сопственост на неговото семејство кое реши да ги продаде“, рече тој.
Осенат истакна дека пиштолите имаат голема уметничка и историска вредност и се барани во целиот свет. Тој потсети дека во ноември познатата капа на Наполеон беше продадена за 1,93 милиони евра.
Наполеон абдицирал за прв пат на 6 април 1814 година, по влегувањето на пруските и руските трупи во Париз, и отишол во егзил на островот Елба.
Дефинитивно бил поразен во битката кај Ватерло, по што абдицирал по втор пат во јуни 1815 година и отишол во егзил на островот Света Елена, каде што починал во мај 1821 година.