3ВМРО-ДПМНЕ-Филипче и Заев да одговорат дали знаеле за сомнителните трансакции од 110 милиони евра од Венецуела преку Еуростандард банка
3Легендарниот Арсен Венгер е кандидат за претседател на ФИФА, ќе ја нападне „фотелјата“ на Џани Инфантино
КултураПортрет со добитникот на „Златен венец“ на 65-тите Струшки вечери на поезијата Анеке Брасинга во црквата „Света Софија“ во ОхридВо црквата „Света Софија“ во Охрид синоќа се одржа традиционалното поетско претставување на лауреатот на највисокото фестивалско признание на Струшките вечери на поезијата „Златен венец“, холандската поетеса Анеке Брасинга.На претставувањето присуствуваше претседателката на Република Македонија Гордана Сиљановска-Давкова. Пригодна реч за Брасинга одржа Бас Квакман, кој 16 години бил директор на меѓународниот поетски фестивал во Ротердам. Тој ги отфрли тврдењата дека фестивалот во Ротердам е најстар, бидејќи, според него, Струшкиот фестивал е многу постар и е најдобриот фестивал во светот. Брасинга ја нарече „јазична волшебничка на холандската поезија“, а ги пренесе и изненадувањето и восхитот кога ја примила веста дека добила една од најголемите светски награди за поезија, но и возбудата што некој во Македонија превел над 150 нејзини песни на македонски и англиски јазик. „Од 1971 година, фестивалот во Струга им оддава почит со „Златниот венец“ на неверојатна низа поети, како Пабло Неруда, В.Х. Оден, Рафаел Алберти, Ален Гинсберг, Тед Хјуз, Јосиф Бродски и Маргарет Атвуд. Голема чест е денес овде да претставам една личност која потполно се изненади од фактот дека станала еден од овие поети-добитници на „Златниот венец“, но која сепак заслужува да биде на тој список, Анеке Брасинга, јазичната волшебничка на холандската поезија. Доделувањето на оваа награда изгледа мошне впечатливо, бидејќи Анеке Брасинга пишува на релативно мал јазик, јазик кој надвор од Холандија се говори - во малку поинакви форми - само во Фландрија, Јужна Африка и неколку острови во Карибите. Затоа, тоа што програмските автори на Струшкиот фестивал го открија и го препознаа делото на Брасинга говори многу за нивната широка, остра и мошне квалитетна визија“, рече Квакман. „Анеке Брасинга на почетокот воопшто не сакаше да стане поетеса. Поетите, си мислеше таа, трагаат по сензационализам, суетни луѓе кои се потпираат на лесни чувства и евтина мудрост. Подобро е да се избегнуваат, си мислеше таа. Формата на песната, онаа ‘кожа што е или претесна или премногу обесена’, како што самата ја нарекуваше, ја одвлекуваше од она што песната навистина сака да го соопшти. Песните што ги читала ја преплавиле со нејзините сопствени чувства и емоции, под коишто самото нешто, песната, целосно исчезна. Неа ја трогнаа само песните што не можеше веднаш да ги сфати, коишто беа мистериозни и неопределени, и што содржеа ветување за неисполнета убавина. Песни кои беа отаде нејзиното разбирање, но во кои можеше да талка како во пејзаж. Брасинга тргна во потрага по таквото пограничје и го пронајде првенствено во јазици поинакви од својот. Се запиша на Универзитетот во Амстердам и стана книжевна преведувачка. Се зафати да ги преведува прозните дела од Владимир Набоков, Дени Дидро, Херман Мелвил, Оскар Вајлд, В.Х. Одн, Џорџ Орвел, E.M. Форстер, Жан Жак Русо, Херман Брох, Семјуел Бекет, Гертруда Штајн, Марсел Пруст и многу други, и преведуваше поезија од Силвија Плат, Мајкл Хофман и други“, кажа Квакман во портретот за Брасинга. До својата цел пристигнала преку преводите на звучни светски имиња како Данте, Вергилиј, Хомер, Шекспир, Чехов. „Внимателно опипувајќи, таа тргна во потрага по срцебиењето на текстот, со настојување да го направи чујно. Преобликувајќи го, не со глина туку со „талогот и инспирацијата“ на сопствениот јазик, таа се обиде на автономното дело на авторот да му даде противтежа и дополнение. Тоа ѝ ги донело сите големи награди за превод во нашата земја. Чекорот кон сопственото творештво како да се случил природно. Да се пишува поезија и проза е исто како да се преведува поезија и проза, но во обратен редослед: внимателно да се опипува срцебиењето на сопствениот текст, кој сè уште е неартикулиран и не постои. Внимателно да се наслушнува она што треба да се чуе, со надеж дека ќе се појави нешто што блеска и што звучи автентично, што е концизно и наликува на почетна точка. Но, како поетеса која започнала како преведувач, Анеке Брасинга е мошне свесна дека литературата е непрекинат разговор со другите јазични подрачја и со другите генерации. Тоа го прави нејзиното дело и интертекстуално и универзално - Брасинга собира јазик од сите краишта на светот и постојано ги потсетува читателите дека слушаат повеќе од еден глас“, додаде Квакман. За преведувачката на песните од холандски на македонски јазик Ели Пујовска оцени дека се зафатила со огромната задача да ги преведе песните на Брасинга и заслужува секаква пофалба и заслуга за нејзиното многу вешто и сочувствително дело. „Таа влегла во умораширувачката вселена на јазикот и нашла зборови и изрази на кои никаде досега не наишла. Во секоја песна се отвораат неочекувани видици на изразна моќ. Јазикот во овие песни е извртен, соголен, и потоа одново соголен, сѐ додека сите регистри што воопшто постоеле не се одново присутни. Оваа поезија навистина пропатувала насекаде, во безброј книжевности, традиции и средини, од академијата до пазарот, од сокаците до кафеаната. Со видлива насладa, Брасинга користи ли користи речиси заборавени или застарени зборови, кои се вкусуваат и одново се вкусуваат во нејзините песни. Неверојатно умна, духовита, трогателна, понекогаш раздразнувачка, но никогаш лесна“, подвлече Квакман. За моќта на поезијата говореше лауреатката Анеке Брасинга. „Денес, 27 јуни, бидејќи е еден од најдолгите денови во годината на оваа хемисфера, ние, собрани овде заради поезијата, имаме време за да го спасиме овој стар свет за новите генерации. И, како да го оствариме чудото на мирот? Која е моќта на поезијата? Може ли таа да нè спаси од хаосот, од пресвртите, од ужасите на војната? Се собравме во Струга за да се слушнеме како заедно ја славиме оваа недопирлива стихија, оваа невидлива супстанца која е извор на виталност во човечкиот ум. Таа може да ги нахрани другите и носи среќа и радост на слободата. Таа ќе ни овозможи да издржиме и да опстоиме. Затоа сум пресреќна што сум овде, за да ја примам и да ја дадам оваа радост. Да пишувам поезија за мене значи: да имам живот. Не преку заработување на дневното парче леб - не, не леб - туку преку тоа што ми дозволува да дишам. Небаре ставањето зборови на хартија (го нарекуваме тоа „чкртање“) да е вежба по преведување за внатрешното уво и внатрешното око: преработка на дополу уловени, промрморени фрагменти од нешто итно значајно, и каприциозни мозочни импулси, што лебдат како огнот на Свети Елмо, во јасни самогласки и одделни согласки, во ритмички шаблони од кои, додека ги изговарам, извира жива форма што лебди или полетува на мојот здив. Не сакам да кажам дека здивот ми е како здивот на Светиот дух, кој „се лебдеше над површината на водите“ во библиската Книга Битие – дишењето, за смртно битие како мене и вас, е едноставно начин да се остане жив. Опстојувањето во живот има врска со слободата. Слободата има врска со јазикот и комуникацијата, не само во онаа трансакциска смисла – „јас на тебе - пари, ти на мене - леб“, туку уште повеќе во симболичка смисла. Таму насилството и конкуренцијата се во мирување и таму се согласуваме да влеземе во една област на јазикот и говорот како основа, како тло за препознавање: во способноста да се биде едно, да се формира, за миг, еден збратимен дух вклучен во внатрешен дијалог. Во тој дијалог обајцата, поетот и читателот, се (за миг) совршено и (конечно) искрени и совршено еднакви“, истакна добитничката на „Златен венец“ на 65-тите Струшки вечери на поезијата. Во пишувањето поезија, подвлече таа, премолчената витална сила нè поттикнува да го обликуваме и коваме јазикот во жива статуа, пород на размислувањето и интуицијата. НУМ Струшки вечери на поезијатаКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ТенисСкандал во преносот во живо – коментаторот ја навреди Сабаленка!Голем скандал изби за време на телевизискиот пренос на тенискиот турнир, откако коментаторот на телевизијата „beIN Sports“, Метју Солие, упати навредлив коментар за Арина Сабаленка.Не сфаќајќи дека микрофонот му е вклучен и дека публиката може да го слушне, коментаторот предизвика скандал што би можел да има повеќекратни последици. Втората најдобра тенисерка во светот се наоѓаше пред камерите за време на едно промотивно снимање, при што позираше и испраќаше бакнежи кон публиката. Сепак, во позадина се слушна гласот на коментаторот, кој – не знаејќи дека е во програма – рече: „Гледај, гледај, гледај, ужасна е“. Видеото од овој непријатен момент набрзо почна да кружи на социјалните мрежи и предизвика бројни реакции. Случајот го привлече и вниманието на раководството на телевизијата „beIN Sports“, при што еден од нејзините челници, Флоран Узо, јавно ги осуди коментарите. „Жалам за изјавите дадени вечерва за време на преносот во живо од завршниот турнир на ВТА (WTA Finals) и остро ги осудувам. Тие коментари не ги одразуваат вредностите на ’beIN Sports‘. Ја потврдувам нашата заложба сите спортисти и учесници во нашите преноси да ги третираме со почит“, изјави Узо. 🔴 DÉRAPAGE | « Regarde, elle est horrible ! » : un commentateur de beIN SPORTS tient des propos déplacés sur la joueuse de tennis Aryna Sabalenka en plein direct. https://t.co/sXEaH1XGYI — SIRÈNES (@SirenesFR) November 10, 2026 Засега, Солие нема дадено коментар за инцидентот, додека Сабаленка јавно не се огласи по повод оваа непријатна ситуација. Белоруската тенисерка моментално е втора на ВТА-листата, а во текот на својата кариера има освоено четири гренд слем титули. Таа, исто така, ужива голема популарност на социјалните мрежи, каде што на Инстаграм ја следат околу 5,7 милиони луѓе. Овој инцидент претставува дополнителна непријатна ситуација за „beIN Sports“, особено со оглед на тоа што оваа телевизија обезбеди повеќегодишни права за пренос на АТП-турнејата во Франција, кои ќе стапат на сила од 2028 година.Тагови: Арина Сабаленка Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиСобранието го усвои амандманот со кој се брише членот 13 од измените на Законот за јавните набавки08:34„Безбеден град“ се шири во Струмица, Штип и во Битола, МВР најавува мобилни камери на улиците15:08Учество на претседателката Сиљановска-Давкова на 9. Париски мировен форум08:35Судењето на Ива Михаилова продолжи и во нејзино отсуство, денеска се сослушуваа вештаци на предлог на одбраната.15:16Основниот суд во Кочани го одби барањето на Ива Михаилова преку конференциска врска да учествува во судската постапка 12:57
Собранието го усвои амандманот со кој се брише членот 13 од измените на Законот за јавните набавки08:34
Судењето на Ива Михаилова продолжи и во нејзино отсуство, денеска се сослушуваа вештаци на предлог на одбраната.15:16
Основниот суд во Кочани го одби барањето на Ива Михаилова преку конференциска врска да учествува во судската постапка 12:57
ФудбалСпоред англиските медиуми, познат новиот тренер на Манчестер Јунајтед!?Трофејниот Манчестер Јунајтед ги финализира преговорите со Маурисио Покетино (54), кој треба да стане новиот менаџер на англискиот гигант, при што се чека само конечната одлука на клубот за разрешување на Мајкл Керик. Ова ексклузивно го објави „The Athletic“, повикувајќи се на извори запознаени со разговорите. Аргентинецот моментално е селектор на националниот тим на САД, но има голема желба да го преземе Јунајтед и да се врати во клупскиот фудбал. Уште во понеделникот, „The Athletic“ објави дека се очекува заминување на Керик по катастрофалниот почеток на сезоната. Јунајтед моментално се наоѓа во зоната за испаѓање во Премиер лигата, со остварени само три победи на последните 15 натпревари. Како резултат на тоа, раководството започна потрага по потенцијален наследник, при што Покетино се издвои како нивен главен избор. Според информации од „The Athletic“, претставници на Манчестер Јунајтед во текот на вторникот работеле на финализирање на личните услови со агентите на Покетино. Не се очекуваат пречки, иако договорот сè уште не е официјализиран. Јунајтед сè уште нема стапено во контакт со Фудбалската федерација на САД, со која Покетино има договор до Светското првенство во 2030 година. За да се овозможи негово заминување, англискиот клуб ќе треба да плати откупна клаузула во износ од приближно 10 милиони долари – што е околу 8,6 милиони евра. Доколку преговорите резултираат со очекуваниот договор, Покетино во Манчестер ќе го донесе својот стручен штаб; притоа, Јунајтед ќе треба да исплати и дополнително обештетување за нивното заминување од националниот тим на САД. Аргентинскиот тренер во моментов ја подготвува американската репрезентација за два натпревари против Хаити, кои ќе се одиграат за време на меѓународната пауза. Покетино и претходно се поврзуваше со Манчестер Јунајтед, а според „The Athletic“, тој долго време имал желба да работи на „Олд Трафорд“. Во текот на својата кариера, тој раководел со неколку англиски клубови – меѓу кои Саутемптон, Тотенхем и Челси – и добро ја познава Премиер лигата. Тој ја презеде репрезентацијата на САД во септември 2024 година, по заминувањето на Грег Берхалтер, кој поднесе оставка откако тимот беше елиминиран во групната фаза на Копа Америка. На Светското првенство во 2026 година – на кое САД беа еден од домаќините – Покетино ја одведе репрезентацијата до осминафиналето. Американците победија на три од првите четири натпревари, пред да доживеат пораз од 4–1 од Белгија. Во август, тој потпиша нов договор со важност до 2030 година. На досегашните 35 натпревари на чело на американската репрезентација, тој оствари 21 победа. Интересно е што, пред почетокот на Светското првенство, Покетино разговараше и со претставници на Милан за можноста да го преземе италијанскиот клуб. На крајот, Милан на таа позиција го назначи Рубен Аморим – поранешен менаџер на Манчестер Јунајтед.Тагови: Манчестер Јунајтед Покетино Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаЛДП: Контролата отиде во провалија заедно со стандардот! Контролата отиде во провалија заедно со стандардот! Дали овие луѓе воопшто знаат дека ја водат најсиромашната земја во Европа?Предупредувавме за буџетските дупки и растот на цените, а тие ладнокрвно нѐ увереваа дека „сѐ е под контрола“. Епа, сега контролата отиде директно во провалија, заедно со животниот стандард на македонските граѓани кои секојдневно се соочуваат со дивеење на цените и потрошувачка кошничка која одамна надмина секаква реалност! Додека народот преживува со минимални плати и сметки што тешко или невозможно се плаќаат, власта седи во удобни фотелји и ни продава статистички небулози, споредувајќи се со некој митски просек во Германија, Австрија и Швајцарија, целосно отцепени од секојдневната мака на обичниот човек. Кога навреме им дававме конкретни предлози за поврат на ДДВ исклучиво за македонските граѓани и домашните бизниси – нѐ игнорираа како Либерално-демократска партија (ЛДП). Кога предлагавме укинување на грабливите банкарски провизии – арогантно не одбиваа во Собранието. Кога баравме итен спас за земјоделството затоа што без домашна храна сѐ ќе стане луксуз – одговараа со празни небулози. Кога бараме почитување на законот и зголемување на студентскиот оброк – тие зборуваа за „пријателства“ и правеа смешни ПР-креативи. Кога им зборувавме за намалување на непродуктивните трошоци – тие излегоа со предлог да ја напумпаат партиската администрација до бесвест, претворајќи ги институциите во свои партиски агенции. „Предупредувавме дека неодржливите буџети, негрижата и ароганцијата ќе ја фрлат економијата на колена. Секојдневно гледаме како инфлацијата и цените дивеат, додека функционерите живеат во паралелна реалност и се споредуваат со Швајцарија, глумејќи дека не гледаат оти водат држава со најоддалечен стандард и најсиромашни граѓани во Европа. Нивната политика на игнорирање на нашите предлози за спас на бизнисите, граѓаните, студентите и земјоделците носи катастрофа. Доста беше со празни лаги и статистички манипулации – државата не е приватна фирма, а народот повеќе нема од каде да ги плаќа расипничките грешки!“, изјави Дејанчо Цветановски, член на Извршниот одбор на ЛДП. Ваквиот економски аматеризам мора итно да запре. Додека вие се тешите со измислени европски проценки, македонските семејства секојдневно бројат монети за преживување. Итни мерки, кратење на луксузот и помош за народот – или повлечете се пред целосно да ја уништите државата!Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter