СветВрховниот верски лидер на Иран Моџтаба Хамнеи е наоѓа во исклучително тешка здравствена состојбаСпоред порталот Iranwire, повикувајќи се на два извори блиски до администрацијата на иранскиот претседател Масуд Пезешкијан, врховниот верски лидер на Иран, ајатолахот Моџтаба Хамнеи, се наоѓа во исклучително тешка здравствена состојба.Според порталот Iranwire, повикувајќи се на два извори блиски до администрацијата на иранскиот претседател Масуд Пезешкијан, врховниот верски лидер на Иран, ајатолахот Моџтаба Хамнеи, се наоѓа во исклучително тешка здравствена состојба и неговиот живот е доведен во прашање. Изворите тврдат дека Хамнеи не се сретнал со ниту еден член на владата по нападот на сад врз комплексот на врховниот лидер и убиството на неговиот татко и други членови на семејството на 28 февруари.во највисоките кругови на иранскиот режим, се шират гласини дека состојбата на Хамнеи е сериозна и дека може да дојде до најлошо сценарио во секој момент.дополнителен повод за шпекулации е фактот што откако го презеде лидерството, Моџтаба Хамнеи не се појавил во јавноста ниту одржал официјално обраќање. Досега биле објавени само неколку пораки што официјалните медиуми му ги припишуваат немузасега нема официјална потврда од иранските власти за овие наводи.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
КошаркаБитола домаќин на Меморијален кошаркарски турнир „Зоран Петковски – Петкото“Синоќа во Битола во спортската сала „Боро Чурлевски“ беше организиран првиот меморијален кошаркарски турнир посветен на битолската кошаркарска легенда Зоран Петковски. Турнирот го организираше новоформираниот кошаркарскиот клуб „Зоран Петковски – Петкото“, а на него присуствуваа и членови на семејството Петковски. Во своето обраќање градоначалникот на Битола Тони Коњановски рече дека Зоран Петковски е името кои не се заборава, голем спортски работник, поранешен кошаркар. Своите кошаркарски почетоци ги имаше Пелистер, беше и младински репрезентативец на Македонија во одличната генерација предводена од Митко Луковски, а потоа настапуваше за Куманово, Вардар, МЗТ Скопје, Соколи, повторно Пелистер. „Се уште со голема така се присетуваме на нашиот пријател, другар, поранешен советник, спортски работник. И за неговото семејство, но и за нас голема е загубата на толку млад човек за кој спортото беше толку многу важен и за кој, спортот зближуваше, рекреираше, бодреше и инспирираше. Тоа беа неговите зборови на кои се присетувам и денеска на овој Прв Меморијален кошаркарски турнир „Зоран Петковски – Петкото“ кој два дена ќе се одржува во нашиот град“ рече градоначалникот на Битола. Петковски во еден мандат беше советник во Советот на Општина Битола, задолжен за спортските теми. Човек кој со својата посветеност, енергија и љубов кон спортот остави неизбришлива трага во спортскиот живот на Битола. Неговата поддршка на спортските иницијативи и неговиот несебичен дух ќе останат запаметени како пример за вистински битолски патриот и спортски ентузијаст. Велеше во Битола, ќе создадеме услови и за екипните и за индивидуалните, но и училишните и рекреативните спортови. Ќе успееме, умно ќе ги искористиме и споиме постојните ресурси со новосоздадените и новопронајдени можности. Овие негови зборовои за нас остана аманет. Некои луѓе оставаат толку многу зад себе, што секој што ги познавал носи по една своја приказна за нив.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаСДСМ: Одлуките на меѓународните судови мора да се почитуваатОдлуките на меѓународните судови мора да се почитуваат.Специјализираните совети во Хаг донесоа првостепена пресуда. Хашим Тачи и уште тројца се прогласени за виновни за воени злосторства. Има жалба. Процесот не е готов. Принципот е тој. Повикуваме сите да ја почитуваат одлуката на судот и да избегнат поттикнување тензии или поделби. СДСМ не се меша во работата на судот. Не кроиме пресуда според коалиција, нација или моментален интерес. Ако судот донел одлука за некој дека е виновен – тогаш тоа треба да се прифати, додека повисок суд не каже друго. Таму обвинителството не работи на телефон. Затоа се бориме за Европска Унија. Законот мора да важи за сите. Хаг судеше и кога на обвинителна клупа беше Ратко Младиќ. Тогаш рековме: пресуда мора да се почитува. И сега истото. Законот не се бира по нација. Во оваа насока реакциите на претседателот на Собранието, Африм Гаши се крајно несоодветни, тој извршува државна функција, претседател на Собранието и е претставник на држава што сака да биде дел од ЕУ. Не може двојни аршини. Ова не е пресуда против албанскиот народ. Не е пресуда против правото на Косово на слобода. Судот суди поединци. Кој денеска ја претвора пресудата во етничка лекција, прави иста грешка како оној што злосторството го крие зад некое знаме. Кај нас е обратно. Кај нас премиерот се меша во суд и во обвинителство. Кај нас предметите се тргаат, толкувањата се измислуваат, Европската комисија во извештаите наведува за притисок врз правосудството. Тие сакаат партија да биде суд. Ние одбиваме. СДСМ ќе ја почитува одлуката на судот и ќе повторува едно: никој не е над законот. Ни таму. Ни тука. СДСМКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМицкоски во Вашингтон на средби со американски конгресмени: Фокус на стратешкото партнерство08:52Специјализираниот суд во Хаг ги осуди четворицата водачи на ОВК на вкупно 81 година затвор15:00Хашим Тачи и Јакуп Красниќи осудени на по 25 години затвор за воени злосторства11:53ЦУК. Вкупно 12 пожари на отворен простор, нема активни, еден под контрола, 11 изгаснати08:21Судење за Ристов: Таткото на судијата тврдел дека парите се негови, но не сакал децата да знаат дека има толку пари15:00
Судење за Ристов: Таткото на судијата тврдел дека парите се негови, но не сакал децата да знаат дека има толку пари15:00
СветТрамп: Пристапувањето на Канада кон ЕУ би можело да се смета за непријателски актАмериканскиот претседател, Доналд Трамп, навести дека, доколку Европската Унија ѝ дозволи на Канада да стане придружна членка, тоа би можело да се смета за „непријателски акт“.Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, вчера изјави дека сака да отвори можност Канада да стане првата „придружна земја-членка“ на Европската Унија. Истовремено, Трамп се закани дека на таков потег би одговорил со воведување дополнителни царини за Унијата. „Ако намерите се добри - добро. Ако се лоши, ќе воведеме многу високи царини за Европа“, изјавил Трамп по однос „намерите“ на европските лидери. Тој исто така ја остави отворена можноста САД да ја прекинат трговијата со Европа во одредени сектори. Трамп ја оцени можноста Канада да и се приклучи на ЕУ како „смешна“ и својот северноамерикански сосед го нарече „ужасен трговски партнер“. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook