Порше во 2021 година продал повеќе до 300 000 автомобили

Брендот од Штутгарт „Порше“ постигна рекордна продажба во 2021 година.

Порше минатата година испорача 301.195 возила, што е нов рекорд за компанијата. Постигнато е подобрување од 11 отсто, а главни предводници на таквиот раст се „SUV“ моделите и електричниот адут „Taycan“.

Најпопуларниот модел на „Porsche“ е „Macan“ со испорачани 88.362 примероци, а потоа следи „Cayenne“ со 83.071 продадени примероци во 2021 година. Подиумот го заокружи Тајкан, кој се покажа како вистински продажен хит. По само две години од неговата кариера, електричниот автомобил се проби на високото трето место во портфолиото на „Porsche“ со 41.296 продадени единици.

Легендарниот 911 постигна рекорден број на испораки - дури 38.464 примероци стигнаа до новите сопственици. „Panamera“ постигна 32.022 испорачани единици, додека „Boxster“ и „Cayman“ успеаја да го најдат патот до 20.502 потрошувачи во 2021 година.

Кина останува најважниот пазар за „Porsche“ и таму завршија повеќе од 95.670 автомобили (+ 8 проценти). Во САД беа испорачани повеќе од 70.000 возила со раст од 22 отсто, додека во Европа се продадени 86.160 возила (+ 7 отсто).

Од Порше наведуваат дека имаат голем број нарачки на почетокот на 2022 година.

Минатата година регистрирани рекордни 59 милиони принудно раселени лица

Во светот на крајот на минатата година во светот имало рекордни 59 милиони внатрешно раселени лица.

Најновиот извештај објавен денеска покажува дека новитге бранови насилство, конфликтите и непогодите предизвикани од климатските промени биле причините голем број луѓе да бидат принудени да ги напушат сцвоите домови.

Според извештајот на Центарот за следење на внатрешно раселување (ИДМЦ), проект на Норвешкиот совет за бегалци (НРЦ) во Женева, минатата година се регистрирани 5,8 милиони раселени лица повеќе отколку во 2020 година.

„Ситуацијата денес е полоша отколку што сугерира дури и нашата рекордна бројка, бидејќи не вклучува речиси осум милиони луѓе принудени да избегаат од војната во Украина", рече генералниот секретар на НРЦ, Јан Егеланд.

„Потребни се драстични промени во начинот на кој размуслуваат светските лидери за тоа како да ги спречиме и решиме конфликтите и да ставиме крај на човечките страдања", вели тој.

Голем дел од регистрираните раселени лица отпаѓа на влошените услови во Авганистан, Јемен и субсахарска Африка. Најголемо раселување има во северните делови на Етиопија каде се заглавени 5,1 милион луѓе поради продолжената граѓанска војна од 2020 година.

Дури 80 отсто од раселените луѓе во светот се во субсахарска Африка, каде што нападите на вооружени групи присилија многу луѓе да ги напуштат своите домови, истовремено попречувајќи го инфраструктурниот развој и стабилноста како решение на проблемите на раселените.

Елементарните непогоди и неповолните климатски услови се причина за раселување на 5,9 милиони луѓе минатата година.

Голем е и бројот случаи луѓе да бидат принудени неколкупати да го менуваат местото на живеење во текот на една година. За минатата 2021 година тоа било случај кај дури 23,7 милиони луѓе или 60 проценти до сите случаи на раселување

Особено изложени на опасност од можни принудни раселувања се Кина, Филипините и Индија во густо населените областите зафатени од урагани, поројни дождови и поплави.

Српските власти идентификуваа19 адреси на електронска пошта од кои се праќани дојавите за бомби

Српските власти  досега идентификуваа локации на вкупно 19 адреси на електронска пошта од кои се праќани дојавите за наводно поставени бомби на различни места низ србија, соопшти синоќа српското МВР.

Според објавата од српското МВР, утврдено е дека осум од дојавите стигнале од Полска, четири од Гамбија, две од Иран и Нигерија и по една од Украина, Словенија и Русија.

За да се идентификуваат испраќачите на овие пораки, а со оглед дека се странски државјани кои не живеат во Србија, српските власти ќе спроведат меѓународна размена на податоците преку Европол и Интерпол со останати држави, како и со компанијата „Гугл“.

Според објавените податоци, за четири дена МВР процесуирало осум лица, српски државјани.

Двајца од нив се уапсени, а против шест малолетници се поднесени кривични пријави.

Од 11 март до денеска телефонски или преку електронска пошта, до различни институции во Србија стигнаа стотина дојави за наводно поставени бомби на јавни места и во објекти, како трговски центри и бројни училишта, мостови, плоштади итн.

За брзо возење казнети 147 возачи на територијата на цела држава

Во текот на вчерашниот ден во спроведената засилена акциска контрола за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената на територијата на државата, казнети се 147 возачи.

Од МВР информираа дека од нив осум возила се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното, а две возила се движеле со дури над 70 километри на час повеќе од дозволеното. Притоа, 31 возач ја пречекорил брзината во населено место, а 116 надвор од населено место.

Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови.

притисни ентер